Релаксирано друштво ужива во вода-Чудна фотографија на претседателот Трамп - Канал 5

Релаксирано друштво ужива во вода-Чудна фотографија на претседателот Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп објави фотографија генерирана од вештачка интелигенција, од себе, потпретседателот Џ.Д. Венс и државниот секретар на САД, Марко Рубио...

Релаксирано друштво ужива во вода-Чудна фотографија на претседателот Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп објави фотографија генерирана од вештачка интелигенција, од себе, потпретседателот Џ.Д. Венс и државниот секретар на САД, Марко Рубио, како уживаат во рефлектирачкиот базен пред Споменикот на Линколн во Вашингтон.

На сликата направена од вештачка интелигенција, Трамп е прикажан како лебди во златен базен во облик на кауч во своите костуми за капење и изгледа многу послаб отколку што е всушност, со тело на 40-годишник. Тој е придружуван од министерот за внатрешни работи Даг Бургум, како и жена која очигледно не постои во реалниот живот и е целосно генерирана од вештачка интелигенција.

Таа е во бикини, нејзините гради се бујни, а нозете речиси се испреплетуваат со оние на Трамп.

Американскиот претседател Доналд Трамп иницираше реновирање на рефлектирачкиот базен пред Споменикот на Линколн, нарачувајќи дното да биде обложено со индустриски слој во боја што тој ја нарекува „американска сина“. Работата започна неодамна, а целта е да биде завршена на време за 250-годишнината од Соединетите Американски Држави на 4 јули.

Проектот предизвика критики од експерти и конзерватори кои предупредуваат дека промената на изгледот може да го оштети историскиот карактер на еден од најпознатите споменици во Америка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжуваат спасувачките акции по земјотресот во Колумбија, досегашниот биланс најмалку 170 загинати

Најмалку 170 лица загинаа во силниот земјотрес со магнитуда од 7,4 степени што ја погоди централна Колумбија, додека спасувачките екипи и денеска продолжуваат со потрагата по преживеани под урнатините.

Продолжуваат спасувачките акции по земјотресот во Колумбија, досегашниот биланс најмалку 170 загинати

Земјотресот што вчера рано изутрината ја потресе областа позната по производството на кафе, предизвика големи разурнувања во повеќе градови, меѓу кои Кали и Переира, а сериозно е оштетен и историскиот центар на Манизалес, каде што се урна еден од високите делови на катедралата.

Спасувачките екипи, со поддршка на полицијата, армијата и волонтери, цела ноќ ги пребаруваа урнатините со багери, но и со голи раце, во обид да пронајдат преживеани под урнатините.

Најпогоден е градот кали каде што загинаа најмалку 85 лица, а неколку стотици се водат за исчезнати..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пиперката ајварка од утре ќе се откупува по повисоки цени, постигнат договор меѓу производителите и откупувачите

Постигнат е договор пиперката ајварка од утре да се откупува по повисоки откупни цени.. 

Пиперката ајварка од утре ќе се откупува по повисоки цени, постигнат договор меѓу производителите и откупувачите

Информира министерот за земјоделство Борче Серафимовски, по утринската средба со производителите, откупувачите и преработувачите во Струмица, откако производителите од струмичко во изминатите денови протестираа поради ниската откупна цена од 25 денари за прва класа..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жители на село Длабочица, Старо Негоричане се жалат дека повеќе од 20 дена се без струја

Жители на село Длабочица,  се жалат дека повеќе од 20 дена немаат струја.

Жители на село Длабочица, Старо Негоричане се жалат дека повеќе од 20 дена се без струја

За Канал 5 појаснуваат дека проблемот настанал по силното невреме што го зафатил регионотм. Иако добиле уверување од евн куманово дека проблемот ќе биде решен, се уште како што велат се во мрак..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер