И Здравје и работа: Рударството повторно паѓа – не смееме немо да гледаме како ни се гаси една од стратешките индустрии
1И Здравје и работа: Рударството повторно паѓа – не смееме немо да гледаме како ни се гаси една од стратешките индустрии
3 Научниците тврдат дека погрешно ги сметаме кучешките години – Еве колку всушност е возрасно вашето куче
ЖивотРекордно висока влажност на воздухот од над 95 проценти во ИстанбулВо областа Хатај температура од над 40 степени се чувствувала како 62 степени Целзиусови.Жителите на Истанбул имаа тешка ноќ поради рекордно високата влажност. Во многу области на градот таа беше над 95 отсто, јавува турската телевизија НТВ. Просечната температура измерена синоќа во турската метропола изнесуваше 28,3 степени. Рекордно висока влажност е измерена во областа Аташехир во азискиот дел на градот – 99 отсто, информира НТВ. Голем дел од жителите на околината не можеле да спијат синоќа поради мачните климатски услови. Висока влажност од над 95 проценти е забележана и во регионите Бешикташ, Бејоглу, Чаталџа, Кјагутане, Саријер, Силиври, Шишли, Јумраније. Во меѓувреме, весникот „Милиет“ информира за температурен рекорд во округот Хатај (Јужна Турција, на границата со Сирија), каде што поради високата влажност вчера температурата од над 40 степени се чувствувала како 62,3 степени Целзиусови. Најтешка била состојбата вчера во градот Арсуз, каде влажноста била над 90 проценти. „Милет“ пишува дека поради жештините вчера почнал да се топи асфалтот на многу места во Турција, вклучително и во северозападната област Бурса./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИ Здравје и работа: Рударството повторно паѓа – не смееме немо да гледаме како ни се гаси една од стратешките индустрииПад од 5,9 отсто во производството и 7,8 отсто помалку работници се сериозен сигнал дека на македонското рударство му се потребни нови инвестиции, модернизација и јасна развојна политика.На македонското рударство не му треба само статистика – му треба нов развоен циклус. Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека во јули 2026 година производството во секторот „Рударство и вадење камен“ е намалено за 5,9 отсто во споредба со истиот месец минатата година. Уште позагрижувачки е што бројот на работниците во секторот е намален за 7,8 отсто. Од иницијативата „И здравје и работа“ велат дека овие податоци не треба само да се констатираат, туку треба да бидат сериозен повик за отворање на прашањето како Македонија ќе го врати рударството на патеката на растот и развојот. „Не треба немо да гледаме како се намалува производството, како исчезнуваат работните места и како една индустрија со децении останува без нови големи инвестиции. Рударството може и мора повторно да биде силен мотор на македонската економија, но за тоа се потребни инвестиции, нови технологии, современи стандарди и предвидливи услови за развој“, порачуваат од „И здравје и работа“. Според нив, проектот за рудник за бакар Иловица–Штука е конкретен пример за инвестиција која може да го промени размерот на македонското рударство, особено ако се реализира со современи технологии, високи еколошки стандарди и силен институционален надзор. Проектот се поврзува со инвестиција од околу 350 милиони евра, производство на бакар и отворање на стотици директни и илјадници индиректни работни места. Но, истиот можност за значително зголемување на извозниот потенцијал на земјата. „Ова не е прашање само на еден проект. Прашањето е дали Македонија сака повторно да има растечка рударска индустрија. Ако одговорот е да, тогаш мора да создадеме услови за инвестиции во нови рудници, истражување, модернизација и технологии“, порачуваат од „И здравје и работа“. Од иницијативата додаваат дека новото рударство не може да биде рударството од минатото. Тоа треба да биде побезбедно, дигитализирано, технолошки напредно и одговорно кон животната средина, со јасни правила за заштита на водата, почвата, биодиверзитетот и локалните заедници. „Не треба да бираме меѓу економскиот развој и животната средина. Треба да бараме инвестиции што ќе ги исполнат највисоките стандарди и ќе покажат дека и здравје и работа можат да одат заедно,“ велат од И здравје и работа. Од „И здравје и работа“ апелираат падот на производството и вработеноста во рударството да не биде само уште една статистика во месечните извештаи. „Ова треба да биде сигнал за акција. Ако сакаме рударството повторно да биде силен мотор на економскиот раст и развој, денес е време да создадеме услови за инвестиции – а не утре да се прашуваме зошто индустријата продолжила да се намалува,“ велат од Иницијативата.Тагови: И здравје и работа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Битола: 82 години од бегството на политичките затвореници од затворот кај Црн МостДенес се навршуваат 82 години од бегството на политичките затвореници од Централниот областен фашистички затвор во Битола. По тој повод, на местото, каде што некогаш се наоѓал затворот, во близина на „Црн мост“, свежо цвеќе положија и се поклонија заменик градоначалничката на општина Битола, Марина Крстиќ , советници од Советот на општина Битола, претставници на политички партии, како и претставници на Сојузот на борци од Битола. На 6 септември во 1944 година, се случило бегството на политичките затвореници од Централниот областен фашистички затвор во Битола, каде беа затворани политички затвореници од целата битолска околија. Фашистичкиот воен суд во Битола изрекол казни за над 250 учесници во Народноослободителното и антифашистичко движење. Над 50 од нив беа осудени на смрт со бесење, над 20 беа осудени на доживотна робија, а другите на временски казни со строг затвор од една до 20 години. Соочена со поразот на фашистичката власт, Управата на затворот, три дена пред капитулацијата на Бугарија била приморана да дозволи да се отворат затворските порти и околу 120 политички затвореници избегале од него. По бегството од затворот сите политички затвореници успешно се вклучиле во завршните операции на македонската војска за конечно ослободување од окупаторот. 6 септември е ден за сеќавање на хероите, кои несебично ги дадоа своите животи за слободата на Македонија. Општина БитолаТагови: Општина Битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски: Градежништвото силен двигател на македонската економијаЗавршени се работи во вкупна вредност од 14,9 милијарди денари или приближно 242 милиони евра.“ Градежништвото е силен двигател на македонската економија. Во второто тромесечје од 2026 година градежништвото порасна за големи 21,9 % споредено со истиот период минатата година, објави на својот фејсбук профил, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и додаде: Завршени се работи во вкупна вредност од 14,9 милијарди денари или приближно 242 милиони евра. Растот на градежништвото е добар поддржувач на домашната економија. Овие бројки покажуваат дека политиките на Владата даваат резултати, инвестициите во: - автопати - експресни патишта - железница - над 1200 проекти во општините - аеродроми ќе продолжат со уште позасилено темпо. Ја поставуваме државата вистинска стратешка раскрсница на Балканот. Ја градиме Македонија-напиша заменик претседателот на Владата, Николоски. Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter