Сали: ВЛЕН ќе раководи со 6 министерства - ги добива правда, култура и односи меѓу заедниците, отстапува од здравство
2Сали: ВЛЕН ќе раководи со 6 министерства - ги добива правда, култура и односи меѓу заедниците, отстапува од здравство
ТехнологијаРекордно силна вселенска експлозија ја потресе атмосферата на Земјата Блесок светлина од новоформираната црна дупка оддалечена околу 2,4 милијарди светлосни години ја погоди Земјата со таква сила што ја потресе горната атмосфера на планетата.Експлозијата на гама зраци GRB 221009A ги собори сите рекорди кога блесна во темнината на вселената во октомври 2022 година и беше прогласена за најсветлата снимена вселенска експлозија до сега. Научниците подоцна откриле дека овој настан бил толку моќен што предизвикал големи варијации во електричното поле на јоносферата на Земјата, на надморска височина од околу 500 километри. „Во нашето истражување презентираме докази за варијации во јоносферското електрично поле на растојание од околу 500 километри, кои биле предизвикани од силна емисија на гама зраци. Користејќи сателитски набљудувања и нов аналитички модел, успеавме да докажеме дека GRB 221009A длабоко влијаеше на спроводливоста на Земјината јоносфера, предизвикувајќи силни нарушувања не само во долната, туку и во горната јоносфера“, наведуваат експертите. Гама зрачењето е најинтензивниот дел од електромагнетниот спектар. Фотоните со гама зраци имаат од милијарда до трилион пати повеќе енергија од фотоните во видливиот дел од спектарот, а тие се емитираат од високоенергетски настани како што се супернови и хипернови, како и помали енергетски настани, како што се сончевите блесоци, пишува Science Alert. Овој тип на зрачење не треба да нѐ загрижува секојдневно бидејќи Земјината атмосфера го апсорбира пред да стигне на површината. Но, понекогаш може да комуницира со атмосферата. Во ретки случаи, научниците ја снимиле интеракцијата на гама или Х-зраци со долната јоносфера на Земјата. Јоносферата е слој од атмосферата на Земјата кој се протега помеѓу 50 и 1000 километри во височина, преклопувајќи неколку други атмосферски слоеви. Се нарекува јоносфера бидејќи е регион каде што екстремното ултравиолетово и Х-зрачење на Сонцето ги јонизира атмосферските атоми и молекули, создавајќи куп слободни електрони. Јоносферата ги рефлектира радио брановите што ги користиме за комуникација и навигација. Кога има силен излив на зрачење, како сончев одблесок, тоа се случува при промени во долната јоносфера. Научниците известуваат дека откривањето на GRB 221009A во октомври 2022 година било толку моќно што неговите ефекти би можеле да се споредат со сончевите блесоци. Со оглед на тоа дека Сонцето е оддалечено 150 милиони километри од нас, и дека на светлината на GRB 221009A и биле потребни 2,4 милијарди светлосни години за да стигне до нас - тогаш можете да погодите која била јачината на експлозијата. По анализата на сателитски податоци, астрофизичарот Мирко Пјерсанти од Универзитетот во Аквила и Националниот институт за астрофизика во Италија и неговите колеги утврдија значителни варијации на електромагнетното поле на високи јоносферски височини. Самото пукање на гама зраци траело околу 7 минути, но ефектот врз атмосферата траел околу 10 часа. Истражувањето се нарекува Evidence of an upper ionospheric electric field perturbation correlated with a gamma ray burst објавено во списанието Nature Communications.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:0958- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07
МакедонијаДимитриевски: Конечен договор ќе има во вторник, ЗНАМ и натаму ќе раководи со две министерстваЛидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, и денеска инсистираше дека се уште нема договор за владината реконструкција...На партискиот настан во Куманово денеска не присуствуваше министерот Филков, но Димитриевски вели дека тоа не е поврзано со реконструкцијата, туку со други обврски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСали: ВЛЕН ќе раководи со 6 министерства - ги добива правда, култура и односи меѓу заедниците, отстапува од здравствоВРЕДИ со реконструкцијата на Владата ќе ги добие едно министерество повеќе и ќе раководи со вкупно шест, објави пред малку првиот вицепремиер Беким Сали.. На настанот во Скопје посветен на отчетот за 2 годишнината од работата на ВЛЕН во Владата, Сали кажа дека ВЛЕН ќе го добие ресорите за правда, за култура и за односи меѓу заедниците, а ќе го отстапи здравството. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНов случај на фемицид: Убиена 48 годишна жена, уапсен е 51 годишниот поранешен маж од скопско ТаорНов случај на фемицид во Македонија... 51 годишен маж од скопско Таор ноќеска е уапсен под сомниние дека ја убил својата поранешна 48 годишна жена... Во близина на скопското село Летевци е пронајдено тело на 48 годишна. Два дена претходно, во петокот таа била пријавена за исчезната од страна на 51 годишен маж со кој живееле во селото Таор. Неофицијално Канал 5 дознава дека до неодамна тие биле сопружници во фаза на развод поради несогласувања но се уште живееле заедно. Полицијата го пронашла нејзиното тело во фаза на распаѓање на околу 13 километри од домот, во атарот на селото Летевци на тешко пристапна шумска локација, а полициската истрага брзо нашла докази дека изврштеил на убиството е токму нејзниот пораншен маж. „На 28.06.2026 во 01:20 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Г.(51) со престојувалиште во с.Таор, скопско, поради постоење основи на сомнение дека ја убил Ж.Г.(48). На 26.06.2026 С.Г. пријавил во полициска станица дека од домот се оддалечила Ж.Г., со која живееле во иста куќа, а на 27.06.2026 пријавил дека ја пронашол почината Ж.Г. во близина на с.Летевци, скопско. На местото излегле полициски службеници и јавен обвинител, по што телото кое било во фаза на распаѓање, по наредба на јавен обвинител е предадено на судска медицина за обдукција. “ Од Јавното обвинителство потврдуваат дека со обдукцијата било утврдено дека се работи за насилна смрт. „Дежурен јавен обвинител од ОЈО Скопје и екипи на МВР ноќеска вршеа увид на тешко пристапна шумска локација во близина на селото Летевци, каде беше пронајдено безживотно тело на жена од Таор. Жената била пријавена за исчезната во петокот, по што беа преземени дејствија за нејзино пронаоѓање. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатата, при што потврдено е дека смртта е насилна.“ Освен осомничениот за убиството, уапсени се и тројца негови пријатели на возраст од 62 до 69 години, но нивната улога во случајот ниту МВР ниту обвинителството засега на ја откриваат. Од обвинителството додаваат дека се преземаат дејствија за целосно расчистување на настанот.еск Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter