Рекордно намалување на бројот на сообраќајни незгоди и жртви во нив

 Полицискиот час што беше воведен од 22 март, како резултат на пандемијата од КОВИД-19, сериозно влијаеше и на бројот на сообраќајни незгоди на патиштата во државата.

Сообраќајната статистика покажува рекордно намалување на бројот на сообраќајни незгоди и жртви во нив.

За времетраењето на ограничувањето на движењето на граѓаните генерално во текот на целиот период бројката на сообраќајни незгоди бележи сериозна надолна тенденција. Во просек бројот на сообраќајни незгоди во овој период во споредба со изминатите години е намален за повеќе од 30 проценти. Статистиката покажува дека најкритичните денови во овој период се петок и понеделник, кога сообраќајните незгоди најчесто се случувале.

Во првите четири месеци од оваа година на патиштата во Република Македонија се случиле вкупно 2.157 сообраќајни незгоди, што претставува за 10 проценти намалување во споредба со 2019 година и за 15 проценти намалување во споредба со 2018 година.

Од почетокот на годинава се регистрирани и 24 сообраќајни незгоди со жртви, што е намалување за 20 отсто во споредба со 2019 и за 30 проценти во споредба со 2018 година. Сличен процент е регистиран и кај бројот на жртви во сообраќајни незгоди споредбено со изминатите три години.

Од почетокот на годинава се регистрирани и 24 сообраќајни незгоди со жртви, што е намалување за 20 отсто во споредба со 2019 и за 30 проценти во споредба со 2018 година. Сличен процент е регистиран и кај бројот на жртви во сообраќајни незгоди споредбено со изминатите три години.

Чулев, Стаменковски и Јошевски за причините за падот на бројот на сообраќајни незгоди на патиштата во државата

За тоа кои се причините за ваквата тенденција во статистиката и како пандемијата од коронавирусот влијаеше на ова за МИА говорат Наќе Чулев, актуелен министер за внатрешни работи, Стојче Стаменковски, поранешен прв човек на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, и Зоран Јошевски, професор на Техничкиот факултет во Битола.

Министерот Чулев во изјава за МИА вели дека улогата на полицијата во контролата на мерките за ограничувањето на движењето на граѓаните била јасна, а тоа е да ги заштити здравјето и животот на граѓаните. Тој потврдува дека т.н. полицискиот час имал влијание и за време на неговото спроведување е забележан пад во статистиката во сите форми на криминалитет, но и во бројот на сообраќајни незгоди и жртви на патиштата.

Еден од аргументите во оваа насока, нагласува, е почестото присуство на униформираните полициски службеници на улиците низ државата, а вториот аргумент е забавувањето на животот, што секако влијае на оваа бројка.

Тој додава дека Министерството за внатрешни работи со ова покажало дека има капацитет да се справи и со најсложените проблеми и најкомплексните предизвици во општеството, а сообраќајот и прашањата поврзани со директното намалување на бројот на жртви во сообраќајни незгоди претставува една од клучните цели на кои Министерството за внатрешни работи во соработка со останатите институции работи во континутитет.

Со сличен став е и поранешниот претседател на Републичиот совет за безбедност на сообраќајот на патишата, Стојче Стаменковски.

– Гледајќи долгорочно, намалувањето на бројот на сообраќајни незгоди и жртви во нив пред сè е резултат на континуираните и засилени превентивни активности, кои се реализираат во изминатите неколку години, а потоа и на зајакнување на казнувачката улога на Министерството за внатрешни работи, вели Стаменковски.

Меѓу другото, тој посочи дека полицискиот час сериозно удри на економијата, но тој, подвлече Стаменковски, ги забави транспортот и секојдневното живеење, а со тоа сериозно влијаеше и на намалување на бројот на сообраќајни незгоди, жртви и повредени. Фактот дека намалената употреба на автомобили имаше позитивно влијание на загадувањето, смета, можеби е добра основа во иднина да се размислува и за ваков тип модификации на транспортот, со кои ќе се реши долгогодишниот проблем со загадениот воздух, со кој сериозно се соочуваме.

– Позитивен момент е фактот дека коровирусот ја подигна довербата што граѓаните ја имаат во здравствените институции и полицијата, а тие се клучните институции во системот на брз одговор во случај на сообраќајна незгода. Дополнително, борбата со непознатиот пријател нè научи и на една важна лекција дека емпатијата и меѓусебната помош е клучна во вакви кризни времиња. Празните улици како резултат на пандемијата пратија една важна порака за сите нас, а тоа е дека треба да забавиме со темпото со кое го живееме животот, индиректно мислејќи и на брзината со која секојдневно учествуваме во сообраќајот, рече Стојче Стаменковски.

Професорот Зоран Јошевски од Техничкиот факултет во Битола вели дека сообраќајните незгоди се во тесна корелација со „изложеноста" на сообраќај на учесниците, односно со факторот возило – километар.

Факт е дека во изминатиот период овој фактор возило – километар, појаснува тој, е значително намален, а поради рестриктивните мерки во делот на слободно движење, ограничување на движењето на ранливите категории, ослободување од обврски еден родител во семејства каде што има мали деца, неработење на многу дејности, почнувајќи од ресторани, кафетерии, градинки и сл., што предизвика и значително помала потреба од патување, било да се работи како возачи на моторни возила, велосипедисти, пешаци, а тоа доведува до намалување на „изложеност на опасност" во сообраќајот.

– Од друга страна, беа воведени рестриктивни мерки за јавниот превоз (градски, меѓуградски), што доведе до „ослободување" на сообраќајниците и намалување на можноста од сообраќајни незгоди. Социо-економските фактори исто така имаат влијание на однесувањето на учесниците во сообраќајот, а со тоа и на безбедноста на патниот сообраќај, што треба да се разгледа од страна на експерти од оваа област. Многу лица поради физичката дистанца ги одложија своите вообичаени активности, а со тоа и потребата за патување, што доведува до помала изложеност на сообраќај и предизвиците што ги носи сообраќајот во делот на безбедноста, заклучува Јошевски.

Слична тенденција и на патиштата во земјите од ЕУ

Ваква слична тенденција е забележана и на патиштата во Европската Унија. Извештајот што го објави Европскиот совет за безбедност на сообраќајот вели дека фреквенцијата на патишатата во Европа бележи пад за 70 проценти за време на пикот од пандемијата.

Во извештајот се посочува дека во Холандија е регистиран пад за 50 проценти на бројот на сообраќајни незгоди. Во Италија, каде што мерките за ограничување на движењето беа најригирозни, е забележан пад од 70 отсто на бројот на сообраќајни незгоди. Велика Британија, пак, се соочува со друг проблем, во оваа земја како резултат на намалената фреквенција на возила по улиците е забележано зголемување за 15 проценти на брзината со која младите возачи учествуваат во сообраќајот./МИА.

Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција

Претставници на грчката Влада и оваа година се очекува да отпатуваат за Ерусалим и на Велика сабота во Грција да го донесат светиот благодатен оган, што подоцна ќе биде пренесен во сите делови на земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчките авиокомпании „Ејџиан ерлајнс“, „Олимпик ер“ и „Скај експрес“ соопштија дека со редовни и вонредни летови, светиот оган ќе патува низ цела Грција откако во попладневните часови в сабота од Ерусалим ќе пристигне на атинскиот аеродром, што ќе биде во организација на грчката Влада.

Мицкоски: По осми мај започнува трансформација на Македонија со новата Влада

„По осми мај започнува трансформација на Македонија со новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ“

„Според оваа емоција што ја чувствувам овде и онаа емоција и енергија што ја чувствувам насекаде низ Македонија значи дека на 8-ми мај ќе ни донесе историски резултат, подобар од оној кој што се случи на првиот круг на претседателски избори. Сепак 2:1 резултат во однос на освоени гласови помеѓу идниот претседател професорката Гордана Силјановска Давкова и досегашниот сега и веќе поранешен претседател, Стево Пендаровски е нешто кое што за првпат се случува во македонската демократска историја , истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Маврово Ростуше.

„Многу работи се изнаслушав овие шест години откако сум претседател на партијата, и многу работи како што тие ги замислиле не излегоа како што тие ги кажуваа. Можам да кажам слободно дека ништо не излезе така како што тие кажуваа“, рече Мицкоски говорејќи дека на СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа.

Мицкоски додаде на СДСМ ништо нема да им се оствари бидејќи граѓаните гледаат кој мисли добро на Македонија. По осми мај ќе победи Гордана Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ.

„Сепак 183.000 гласови е нешто што испишува историја. Последниве години ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот испишува историја. Така беше и пред две и половина години на локалните избори кога за првпат една коалиција, политичка партија во независна Македонија од позиција на опозиција заедно со народот успеа да победи во мнозинството општини во Македонија и да освои мнозинство градоначалници“, потсети тој.

Тој посочи дека таа историја од локалните избори продолжи да се испишува и во првиот круг на претседателски избори и така ќе продолжи и на осми мај.

„По осми мај ќе отвориме нова страница за Македонија и ќе ја направиме Македонија онаква каква што нашите генерации сонуваа да биде. Ќе започне процесот на трансформација на Македонија. Доста беа порази, понижувања и грабеж. Ќе отпочне Македонија со својот развој, да бидеме лидери во регионот, да се вратиме во првите пет во Европа“, порача Мицкоски.

Тој истакна дека подобри времиња за Македонија доаѓаат со новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Сајкоски: Со програмата „Платформа 1198“ се обврзуваме на инвестиции во патната инфраструктура

Со програмата „Платформа 1198“ се обврзуваме на инвестиции во патната инфраструктура, повисоки плати и пензии

Идната влада во Република Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ на чело Христијан Мицкоски како премиер ќе донесе и нови инвестиции, ќе донесе подобрување на инфраструктурата, ќе имаме подобро образование, ќе има повеќе и за пензионерите, рече од митингот во Маврово Ростуше генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата за пратеници во петтата изборна единица, Ѓорѓија Сајкоски.

Затоа, додаде Сајкоски, повикуваме да ја поддржите програмата „Платфрома 1198“, бидејќи тука има за пензионерите, бидејќи со неа се обврзуваме дека во рок од три месеци по формирањето на владата ќе има зголемување од пет илјади денари за секој пензионер или во текот на целата година ќе добиваат плус 60 илјади денари.

„Но, кажуваме дека ќе има покачување и на платите, дека ќе ја завршиме инфраструктурата во Македонија, бидејќи останаа не дозавршени и Градско – Прилеп, остана незавршен и Извор – Бошков Мост, патот Кичево – Охрид и многу други работи останаа незавршени. Но, ние ветуваме и се обврзуваме дека ќе ја завршиме патната инфраструктура. Ќе го изградиме патот Букојчани – Кичево, ќе го завршиме патот Гостивар – Кичево, ќе направиме да има побрз проток на стоки и услуги со што ќе се даде можност на новите инвеститори да вложуваат во Република Македонија“, рече Сајкоски.

Додаде дека Македонија мора да ја ресетираме, институциите да ги реорганизираме, да станеме репрезент во регионот, бидејќи денес сме срам во регионот, а тоа можеме да го направи само ако добиеме силна и недвосмислена поддршка и ако сите, масовно излеземе на овие избори.

„Излезете сите и масовно гласајте за Македонија биде економски просперитетна, да биде правна држава, да ги искорениме криминалот и корупцијата. За да имаме правна држава, за да имаме економски просперитетна Македонија треба да имаме влада која што може да испорача за сите и која што нема да биде уценувана од никого, а тоа зависи од вас. Да направиме Македонија да биде не уценувана, да излеземе во што поголем број, да ги победиме со пенкало овие криминалци на власт и да донесеме влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, што ќе донесе раст, развој и правна држава“, истакна Сајкоски.

притисни ентер