Божиновска: Дигиталната трансформација и сајбер-безбедноста се клучни за сигурен и отпорен енергетски систем
1Божиновска: Дигиталната трансформација и сајбер-безбедноста се клучни за сигурен и отпорен енергетски систем
СветРекордни 8,2 тона кокаин запленети во Колумбија„Националната полиција заплени 8,2 тона кокаин во пристаништето Буенавентура,“ објави Петро на социјалната мрежа Икс. „Ова е една од најголемите заплени на кокаин во историјата на Колумбија. Само овој месец полицијата заплени 24 тона.“ Колумбиските безбедносни сили запленија 8,2 тона кокаин во пристаништето на градот Буенавентура на пацифичкото крајбрежје, што претставува едно од најголемите количества запленета дрога во историјата на земјата, соопшти претседателот Густаво Петро, пренесува ДПА. „Националната полиција заплени 8,2 тона кокаин во пристаништето Буенавентура,“ објави Петро на социјалната мрежа Икс. „Ова е една од најголемите заплени на кокаин во историјата на Колумбија. Само овој месец полицијата заплени 24 тона.“ Минатата година во Колумбија беа запленети вкупно 848,5 тона кокаин, што е рекорден број и претставува зголемување од 14 отсто во однос на истиот период претходната година. По Соединетите Американски Држави, Европа е најголемиот пазар за кокаин од Колумбија, Перу и Боливија, потсетува ДПА. Во 2023 година, во европските пристаништа биле запленети над 300 тона кокаин, а само во Антверпен беа запленети рекордни 121 тон, што претставува зголемување од околу 10 отсто во однос на претходната година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизДакота Џонсон е повторно сингл (ВИДЕО) Според „Пипл“, Дакота Џонсон (36) и музичарот Рол Модел (29) раскинаа. Актерката и пејачка, чие вистинско име е Такер Пилсбери, се разделија „пред некое време“, изјави извор за списанието. За нивната врска почна да се пишува пред помалку од една година. Претставниците на Дакота Џонсон и Такер Пилсбери сè уште не одговориле на барањата за коментар. Тие се заедно од крајот на минатата година Двојката за прв пат беше видена заедно на вечера во декември 2025 година, а еден месец подоцна повторно беа фотографирани на состанок во Лос Анџелес. „Дефинитивно е нешто посериозно од минлива авантура или флерт“, изјави извор за „Пипл“ во април, додавајќи дека се заедно „од крајот на минатата година“. Изворот, исто така, рече во тоа време дека на Џонсон „навистина ѝ се допаѓа“ музичарот, но дека по претходната долгорочна врска, таа сака да се опушти. Пред Пилсбери, Џонсон беше во врска со фронтменот на „Колдплеј“, Крис Мартин. Нивната врска, за време на која тие раскинаа и се смирија неколку пати, траеше од октомври 2017 до јуни 2025 година, а наводно беа верени неколку години. Неодамна, тие соработуваа и музички Џонсон и Пилсбери никогаш јавно не зборуваа за нивната врска, но извор во април тврдеше дека се „целосно синхронизирани“ и дека „сè е лесно“ меѓу нив. Тие неодамна соработуваа на новиот албум на Пилсбери, Chuck Timely & the Hourglass. Џонсон се појавува во говорниот дел од Love I You, разменувајќи флертувачки реплики со Пилсбери. Нејзиниот дел дојде спонтано откако таа застана во студиото додека тој ја снимаше песната. И двајцата имаат познати врски зад себе Пред Пилсбери, Џонсон беше во врска со инфлуенсерката Ема Чемберлен од 2020 до 2023 година. Пред нејзината врска со Крис Мартин (49), Џонсон беше поврзана со Ноа Герш, Џордан Мастерсон и Метју Хит. View this post on Instagram A post shared by Verity (@verityfilm) Нови проекти од Дакота Џонсон Џонсон наскоро ќе се врати на големото платно во „Верити“, во кој глуми заедно со Ен Хатавеј и Џош Хартнет. Тој моментално работи и на „Три инцестуозни сестри“, во кој глумат Саоирс Ронан, Џеси Бакли и Џош О'Конор.Тагови: Дакота Џонсон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБожиновска: Дигиталната трансформација и сајбер-безбедноста се клучни за сигурен и отпорен енергетски системМинистерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска и преставници на ИТ секторот од министерството денеска присуствуваа на семинар.Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска и преставници на ИТ секторот од министерството денеска присуствуваа на семинарот „Дигитализација на јавната администрација – размена на искуства, добри практики и можности за соработка со Чешката Република“, што се одржа во Свечената сала на Владата во организација на Министерство за дигитална трансформација. На семинарот, на кој беа разменети искуства меѓу македонските и чешките институции, беше истакнато значењето на дигиталната трансформација за создавање поуспешна, поефикасна и побезбедна јавна администрација, како и за унапредување на јавните услуги за граѓаните и бизнис-секторот. За Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, дигитализацијата има особено значење бидејќи современиот енергетски систем сè повеќе се потпира на дигитални технологии, автоматизирани системи, паметна инфраструктура и податоци во реално време. „Енергетската безбедност денес не значи само сигурно производство и стабилно снабдување со енергија. Таа значи и сигурни дигитални системи. Колку повеќе ги дигитализираме енергетските мрежи и инфраструктурата, толку поважно станува нивното обезбедување од сајбер-закани. Затоа сајбер-безбедноста мора да биде интегрален дел од модернизацијата на енергетскиот сектор“, истакна министерката Божиновска. Во услови на забрзана енергетска транзиција, дигитализацијата овозможува подобро управување со енергетските системи, поефикасно следење на потрошувачката, оптимизација на производството и навремено реагирање при потенцијални нарушувања. Истовремено, зголемената дигитална поврзаност носи и нови ризици, поради што заштитата на критичната енергетска инфраструктура, безбедноста на информациските системи и отпорноста на енергетските мрежи на сајбер-напади стануваат составен дел од националната енергетска безбедност. Во тој контекст, на семинарот беше отворена и темата за можностите за понатамошна соработка меѓу Македонија и Чешката Република во областа на сајбер-безбедноста, размената на знаења и добри практики, како и јакнењето на институционалните капацитети. Чешката Република има значајно искуство во дигиталната трансформација и сајбер-безбедноста, што претставува дополнителна можност за размена на искуства со македонските институции и за унапредување на националната отпорност на критичната инфраструктура. Министерката Божиновска истакна дека Министерството продолжува да работи на дигитализација на процесите, модернизација на системите и зајакнување на сајбер-безбедноста, со цел енергетскиот сектор да биде подготвен за новите технолошки предизвици и ризици. Семинарот, на кој свои обраќања имаа министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Чешката Република Петр Мацинка, претставуваше платформа за размена на искуства и отворање нови можности за институционална соработка меѓу двете земји. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаДрама во Црното Море: Ф-16 отвори оган на дрон полн со експлозиви (ВИДЕО)Романската војска уништи дрон натоварен со експлозиви над Црното Море, во близина на гасната платформа Нептун Дип.Моментот кога романски Ф-16 собори и уништи дрон натоварен со експлозиви го сними работник од платформата Нептун Дип, кој ја сподели снимката со порталот Обсерватор. Снимката го прикажува Ф-16 прво како минува покрај платформата, а потоа се спушта кон дронот и отвора оган. Работникот тврди дека ова е втор ваков инцидент во последните две недели, додека претходните два дрона наводно се приближиле на 50 метри од платформата. Дронот бил забележан наутро во романската ексклузивна економска зона, на неколку стотини метри од работите за експлоатација на гас, околу 80 наутички милји источно од Констанца. We have now been informed that a naval drone—which is NOT Ukrainian (according to the Minister of Defense)—loaded with explosives was destroyed 80-100 meters from the Neptun Deep platform. F-16 were used to destroy it, firing their onboard cannons (the cannon is a 6-barrel… pic.twitter.com/B5ODtxIgS4 — Radu Hossu 🇹🇩🇺🇦 (@RaduHossu) August 20, 2026 Романското Министерство за одбрана објави дека дронот бил натоварен со експлозиви. По координација со романскиот претседател Никос Данос, донесена е одлука да се уништи со цел да се заштитат неколкуте стотици луѓе што работат на платформата и да се обезбеди критична инфраструктура. Романските власти, преку нововоспоставен директен канал за комуникација со украинската страна, добија официјална потврда дека дронот не е од украинско потекло. Во меѓувреме, во близина на Нептунската длабочина е пронајден втор морски дрон. Според романскиот министер за одбрана Раду Мируче, тој бил откриен од брод што се движел од пристаништето кон платформата, а првичните информации укажуваат дека и тој ќе биде уништен од романската војска.Тагови: дрон Црното Море Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook