Рекордни 535 новозаболени, починале шестмина пацинети

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2445 тестирања, а регистрирани се 535 нови случаи на ковид-19.

Во: Скопје-277, Куманово-17, Дебар-7, Штип-22, Прилеп-26, Тетово-18, Струга-8, Велес-10, Битола-13, Охрид-4, Кавадарци-4, Гостивар-5, Гевгелија-24, Струмица-30, Крива Паланка-2, Радовиш-6, Кочани-12, Пробиштип-3, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Валандово-5, Виница-1, Делчево-1, Свети Николе-9, Кичево-15, Ресен-8, Неготино-5.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 168 оздравени пациенти од: Скопје-68, Штип-4, Прилеп-14, Тетово-11, Струга-4, Велес-5, Битола-10, Охрид-2, Кавадарци-2, Гостивар-3, Гевгелија-5, Струмица-8, Кочани-14, Пробиштип-1, Берово-5, Виница-4, Делчево-2, Свети Николе-3, Кичево-1, Неготино-2.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 216, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Во болнички услови починати се 6 лица, пациенти од Битола (66г), Куманово (57г), Прилеп (72г), Свети Николе (69г), Велес (67г) и Неготино (55г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 22170, бројката на оздравени пациенти е 16758, на починати е 815, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4597. Од вчера се регистрира еден контролен тест, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 9149, активни 2178

• Куманово 1915, активни 184

• Дебар 301, активни 43

• Штип 1402, активни 143

• Прилеп 865, активни 192

• Тетово 1640, активни 233

• Струга 735, активни 69

• Велес 402, активни 73

• Битола 416, активни 113

• Охрид 480, активни 62

• Кавадарци 288, активни 65

• Гостивар 1008, активни 86

• Гевгелија 229, активни 112 (13 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 32 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 503, активни 303

• Крива Паланка 163, активни 56

• Радовиш 154, активни 68

• Крушево 20, активни 0

• Кочани 524, активни 199

• Пробиштип 133, активни 20

• Демир Хисар 64, активни 3

• Македонски Брод 96, активни 3

• Пехчево 48, активни 4

• Берово 155, активни 46

• Валандово 69, активни 41

• Виница 142, активни 43

• Делчево 196, активни 102 (36 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 27, активни 3

• Свети Николе 416, активни 64

• Кичево 378, активни 51

• Ресен 179, активни 18

• Неготино 73, активни 20 (13 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 2445 теста се преку: ИЈЗ-577, ЦЈЗ Скопје-131, Авицена-579, Биотек-282, МАНУ -175, Жан Митрев (Филип Втори) -305, Систина со PCR метода -185, лабораторија Лаор –54, Судска медицина-16, ЦЈЗ Битола-86, Инфективна клиника-5, ГАК-8, Синлаб-42, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 214.235 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 19 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 63 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 8 деца и 9 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 2 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември" има 5 приеми, а вкупно хоспитализирани се 40 пациенти. На респиратор е 1 пациент.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 40, а во болницата во Штип се 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани ХХ, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 96

• Гази Баба – 213

• Аеродром - 429

• Карпош – 373

• Центар – 395

• Кисела Вода – 257

• Ѓорче Петров – 183

• Бутел - 82

• Шуто Оризари – 14

• Студеничани – 3

• Сарај – 15

• Арачиново – 4

• Илинден – 32

• Сопиште – 18

• Чучер Сандево – 6

• Петровец –10

• Зелениково - 5

• Странец – 12

• Нераспределен-31

Шкотска остана без премиер- Хамза Јусаф си поднесе оставка

Премиерот на Шкотска Хамза Јусаф денеска поднесе оставка, откако минатата недела ја растури коалицијата со шкотските зелени.

Јусаф поднесе оставка како лидер на Шкотската национална партија (СНП) што се залага за независност, откако не успеа да обезбеди доволно поддршка за да го преживее гласањето за доверба подоцна минатата недела, пренесува Ројтерс.

Нешто повеќе од една година откако ја замени Никола Старџен на функцијата премиер и лидер на СНП, Јусаф рече дека е време некој друг да ја предводи шкотската влада.

Минатата недела Јусаф одлучи да ја прекине коалицијата со Зелените, кои исто така ја поддржуваат независноста на Шкотска, поради конфликтот околу политиката за климатски промени.

По распадот на владејачката коалиција, најголемата опозициска Шкотска конзервативна и унионистичка партија најави дека ќе иницира гласање за доверба на Јусаф.

Шкотскиот парламент сега има 28 дена да избере нов премиер, а доколку СНП не успее да најде нов лидер кој може да добие парламентарна поддршка, ќе се одржат нови избори.

„Чудото од дете“ на Барселона е најскапиот фудбалер на светот

Академијата Ла Масија во Барселона се смета за фабрика за создавање таленти.

Познато е дека низ неа поминале многу познати играчи како Чави, Иниеста, Меси, Бускетс, но еден играч би можел да ги засени во блиска иднина.

Тоа е Ламин Џамал, кој во јули наполни 17 години, а сега и официјално е најкорисен фудбалер во светот. Меѓународниот центар за спортски студии ја објави листата на најскапи играчи помлади од 23 години, на која чудото од Барселона го држи првото место.

Неговата вредност е проценета на 134 милиони евра, а второто место му припаѓа на 19-годишниот фудбалер на Бенфика, Жоао Невес, чија вредност се проценува на 73 милиони евра, додека третото место го поделија Савио од Жирона и Кол Палмер од Челзи. .

Инаку, Џамал ​​има договор со Барса до крајот на сезоната, а медиумите во Шпанија веќе го споредуваат со легендарниот Лео Меси.

Семејствата на жртвите на најголемиот пожар во Грција ја демолираа судницата (ВИДЕО)

Семејствата на жртвите кои загинаа во страотниот пожар во Грција во 2018 година денеска жестоко реагираа на пресудата со која шест лица беа осудени за дела поврзани со најсмртоносниот пожар во историјата на земјата во кој што загинаа 104 лица.

Судот во Атина денеска осуди маж за случајно палење пожар и петмина поранешни функционери на противпожарната служба. Судот ослободи 15 други лица, меѓу кои и регионални гувернери, од обвиненијата за прекршоци.

Еден од гувернерите бил обвинет и за убиство од небрежност, а семејствата на жртвите извикуваа „срам“ по читањето на ослободителните пресуди за функционерите.

Еден од присутните за време на изрекувањето на пресудата фрлил стол, поради што е приведен, јавуваат грчките медиуми. Тој не е единствениот кој направил хаос во судницата. Како што пренесува „Прототема“, членовите на неколку семејства почнале да фрлаат со столчиња и да ги навредуваат судиите додека ја напуштале судницата.

„Срам да ви е, немате ли деца?“, се слушало како викаат револтираните членови на семејствата на загинатите.

„Некорисни сте, животни!“ извикуваа огорчено.

„Цела Грција знае што се случи, сметавме на вас да ги осудите“, плачеа во судницата....

За потсетување, петмина осуденици, меѓу кои и поранешниот началник на противпожарната служба, добија казни од 15 до 111 години за повеќекратни кривични дела од небрежност што довеле до повреди и загуби на живот. Судијата претседавач наредил казните да се издржуваат истовремено, со затворска казна ограничена на пет години.

Сите петмина осудени функционери се ослободени и им е дозволено да платат парични казни наместо издржување на казната, проценета на до 40.000 евра, пренесува АП.

Шестиот човек, сопственик на имотот каде што избувнал пожарот, е осуден на три години затвор поради невнимание и исто така е ослободен.

Да потсетиме, 104 лица загинаа во пожарот во крајбрежниот град Мата, кој се случи во јули 2018 година. Преживеаните ги обвинија властите дека не ги координирале спасувачките операции и одговорот бил премногу бавен. Владата и локалните власти ги отфрлија обвинувањата, тврдејќи дека поради силните ветрови невозможна била навремена реакција и дека целата одговорност е на луѓето кои го подметнале пожарот.

притисни ентер