Рекордни 196 новозаболени со Ковид 19 , осуммина починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1213 тестирања, а регистрирани се 196 нови случаи на ковид-19.

Најмногу има во: Скопје-90, Куманово-17, Штип-5, Прилеп-1, Тетово-45, Струга-8, Велес-1, Битола-4, Охрид-11, Гостивар-8, Крива Паланка-1, Пехчево-2, Свети Николе-1, Ресен-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти од Скопје-3, Куманово-1, Штип-2, Прилеп-4, Велес-1.

Починати се осум пациенти, четири од Скопје, еден од Струга, еден од Охрид, еден од Гостивар и еден од Ресен.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Скопје, пациентка на возраст од 76 години, хоспитализиран пред 10 дена, пациент на возраст од 67 години, хоспитализиран пред 8 дена и пациентка од Гостивар на возраст од 31 година, на болничко лекување од 26 мај.

Во ГОБ „8 септември“ починаа двајца пациенти од Скопје на возраст од 43 години-хоспитализиран на 11 јуни, пациентка на возраст од 59 години, хоспитализирана на 10 јуни и пациент од Струга на возраст од 56 години, хоспитализиран на 2 јуни.

Во болницата во Битола почина пациент од Ресен на 68 години, хоспитализиран во текот на вчерашниот ден. Во болницата во Охрид почина пациент на возраст од 81 години, хоспитализиран на 10 јуни.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3895, бројката на оздравени пациенти е 1705, на починати е 179, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2011.

Два резултати евидентирани вчера се контролни, епидемиолошките анкети се во тек, а во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 1767, активни 1124

• Куманово 635, активни 216

• Дебар 56, активни 5

• Штип 237, активни 195

• Прилеп 227, активни 22

• Тетово 380, активни 209

• Струга 123, активни 46

• Велес 150, активни 28

• Битола 34, активни 7

• Охрид 66, активни 48

• Кавадарци 6, активни 1

• Гостивар 64, активни 40

• Гевгелија 7, активни 3

• Струмица 7, активни 4

• Крива Паланка 9, активни 3

• Радовиш 4, активни 0

• Крушево 3, активни 0

• Кочани 54, активни 23

• Пробиштип 11, активни 9

• Демир Хисар 1, активни 0

• Македонски Брод 3, активни 1

• Пехчево 5, активни 2

• Берово 2, активни 1

• Валандово 4, активни 3

• Виница 3, активни 0

• Делчево 1, активни 0

• Кратово 3, активни 1

• Свети Николе 8, активни 7

• Кичево 3, активни 1

• Ресен 5, активни 4

• Неготино 17, активни 8 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1213 теста се преку: ИЈЗ –482 , ЦЈЗ Скопје-34, Авицена –104, Биотек -138, Жан Митрев (Филип Втори) –180, Систина со PCR метода –138 и МАНУ -137. Досега во земјата се направени вкупно 42.262 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 94 пациенти. На кислородна поддршка се 35 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 21 нови, а вкупно хоспитализирани 73 пациенти. На респираторна машина се 9, a со потешка клиничка слика се уште 11 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 19 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 4 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 21 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 54 пациент - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Фон дер Лајен во посета на Либан

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска во придружба на шефот на кипарската држава Никос Христодулидес ќе престојува во посета на Либан. 

Како што соопшти Европската комисија, предвидено е Фон дер Лајен и Христодулидес во Бејрут да се сретнат со либанскиот премиер Наџиб Азми Микати и со претседателот на Парламентот, Набих Бери.

Либан нема претседател од октомври 2022 година кога истече мандатот на дотогашниот шеф на државата Мишел Аун, а Парламентот од тогаш не успеа да обезбеди мнозинство за избор на негов наследник.

Според најавите, се очекува Фон дер Лајен и Христодулидес на своите либански домаќини да им претстават пакет економска помош за земјата за справување со проблемот стотициите илјади сириски беглаци за кои постои стравување дека би можеле да се упатат кон Кипар, во обид да дојдат на територијата на ЕУ.

Дополнително на средбите ќе стане збор и за билатералните односи, безбедносните предизвиците со кои се соочува Либан и неопходните рефоми во земјата. /МИА

Битиќи и кандидатите од ИЕ2: Во коалиција сме со граѓаните за европска Македонија

Во видео пораката на Битиќи и дел од кандидатите и кандидатки за пратеници на Коалицијата за европска иднина во ИЕ2 (Марко Михаиловски, Билјана Муиќ), се вели дека имаме избирачки процес кој доликува на една европска и демократска државата.

„Ја слушнавме и прифативме пораката која ни ја упативте на 24-ти април. Го имавте тоа право и слобода да ни ја испратите таа порака во фер и демократска атмосфера, која грижливо ја градевме седум години“, вели во видео обраќање Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2.

Во видео пораката на Битиќи и дел од кандидатите и кандидатки за пратеници на Коалицијата за европска иднина во ИЕ2 (Марко Михаиловски, Билјана Муиќ), се вели дека имаме избирачки процес кој доликува на една европска и демократска државата.

„На избирачките места не ве принудувавме да климате со главата, кога на ВМРО ДПМНЕ идеалот им беше од типот на 'човечињата идаат и гласаат и ќутат' - имавте можност својот глас да го дадете без страв и уцени. Слободно!“, се порачува во видеото.

„Демократијата не напредува во молк и согласување, со уцени и закани, таа бара дијалог, со вас, граѓаните. Затоа и ве слушаме, ги прифаќаме критиките, се поправаме. Ние сме партија која работи и греши, но и се поправа, а за тоа имаме јасен план и програма. А тоа нема сами да го направиме, во коалиција сме со вас за да ги одбраниме нашите европски вредности и нема да се откажеме од борбата за напредна и прогресивна Македонија“, се вели во видео обраќањето на Битиќи заедно со дел од кандидатите и кандидатки за пратеници на Коалицијата за европска иднина во ИЕ2.

Русија достави резолуција до ОН за забрана на оружјето во вселената

Руската нацрт-резолуција оди подалеку од американско-јапонскиот предлог.

Русија поднесе нацрт-резолуција во ОН со која ги повикува сите земји да преземат итна акција за да го спречат распоредувањето оружје во вселената, една недела откако Москва стави вето на резолуцијата на САД и Јапонија за ставање крај на трката со вооружување во вселената.

Руската нацрт-резолуција оди подалеку од американско-јапонскиот предлог, повикувајќи не само на напори да се запре распоредувањето на оружје во вселената, туку и да се спречи „заканата или употребата на сила во вселената“.

Нацртот вели дека ова треба да вклучи распоредување оружје „од вселената против Земјата и од Земјата против објекти во вселената“. /МИА

притисни ентер