3Големо признание за македонскиот мотоспорт: Петар Мијалков со успешно тестирање на легендарното Мисано во Италија
ТехнологијаРекордна вредност на акциите на „Мајкрософт“ Акциите на технолошкиот гигант „Мајкрософт“ по осум денови раст денеска достигнаа рекордни 360,53 долара по акција.Вредноста на акциите на „Мајкрософт“ за 24 часа се зголеми за 1,12 проценти, а пазарната вредност на компанијата сега изнесува око 2,68 билиони долара. Компанија „Опен АИ“, стратешки партнер на „Мајкрософт“ во областа на вештачката интелигенција на конференцијата во Сан Франциско пред два дена најави низа ажурирање на своите производи, како и овозможување на корисниците на сопствени верзии на четбот. „Мајкрософт“ вложи 13 милијарди долари во „Опен АИ“ и со тоа стекна ексклузивна лиценца за јазичкиот модел ГПТ-4. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураМНТ се отвора кон меѓународната публика, премиерата на „Три сестри“ со превод на англиски јазик,Македонскиот народен театар новата сезона 2026/2027 ќе ја започне со премиера на претставата „Три сестри“, според драмата на А. П. Чехов, во режија на Нела Витошевиќ, која ќе се одржи на 25 септември.Новата сезона во МНТ носи важна новина за публиката - воведување превод на англиски јазик за дел од претставите во однапред определени термини. На тој начин, театарот станува уште подостапен за странската публика и сите љубители на уметноста кои не го разбираат македонскиот јазик, овозможувајќи им целосно да ја доживеат сценската изведба. Токму премиерата на „Три сестри“ ќе биде првата претстава изведена со превод на англиски јазик - чекор што ја потврдува определбата на Македонскиот народен театар кон поголема отвореност и доближување на македонската театарска продукција до пошироката меѓународна публика. Новата сценска адаптација, по текст на Васил Христов и Нела Витошевиќ, а во драматургија на Викторија Рангелова-Петровска, претставува современо читање на едно од најзначајните дела на светската драмска литература. Во претставата настапуваат: Дарја Ризова - Ирина, Наталија Теодосиева - Маша, Верица Недеска - Олга, Дамјан Цветановски - Андреј, Благој Веселинов - Александар, Емил Рубен - Иван, Ивица Димитријевиќ - Игор, Нина Деан - Наташа и Антонио Ташковски - Никола. Креативниот тим го сочинуваат сценографот Игор Васиљев, костимографката Роза Трајческа, композиторот Огнен Анастасовски и извршните продуценти Симона Угриновска и Виктор Рубен. Билетите за премиерата и за првите изведби се веќе во продажба. Ја покануваме публиката навреме да го обезбеди своето место и да биде дел од свеченото отворање на новата театарска сезона. Со оваа нова практика, уметноста на МНТ станува сè подостапна за меѓународните посетители.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотЕвростат: 27,5 проценти од Европејците не можeле да си дозволат седумдневен одморСпоред Евростат, 27,5 проценти од Европејците не можeле да си дозволат седумдневен одмор во 2025 година.Финансискиот притисок им отежнува на Европејците да одат на еднонеделен одмор, при што речиси тројца од 10, или 27,5% од населението на ЕУ признаваат дека не можат да си го дозволат тоа, според најновите податоци објавени од Евростат. Во 2025 година, 27,5 проценти од населението на Европската Унија(ЕУ) на возраст од 16 години и повеќе не можеле да си дозволат една недела одмор надвор од местото на живеење. Овој удел се зголемил за 0,5 процентни поени во споредба со 2024 година, но е значително помал (за 7,7 процентни поени) отколку пред една деценија, во 2015 година, објави Европскиот завод за статистика – Евростат. Најголем дел од луѓето кои не можеле да си дозволат една недела одмор се забележани во Романија (61,4 проценти), Грција (46,6), како и во Бугарија и Унгарија (39,1 процент во обете земји). Во Грција, 46,6% изјавиле дека не се во можност да платат за еднонеделен одмор. Грција е на претпоследната позиција меѓу земјите од ЕУ и само над Романија, каде што 61,4% изјавиле дека не можат да си дозволат одмор. Спротивно на тоа, 10,6 проценти од луѓето во Луксембург, 12,4 во Шведска и 12,8 проценти во Холандија изјавиле дека не можат да си дозволат една недела одмор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеМЗ: Намален бројот на прегледи во Гостивар, засилени мерките против западнонилска трескаМинистерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар бележи значително подобрување и континуиран пад на бројот на пациенти кои побарале медицинска помош.Во текот на вчерашниот ден, во Општата болница и во Здравствениот дом во Гостивар биле извршени вкупно 36 прегледи, што е за 37 помалку во споредба со претходниот ден, кога биле регистрирани 73 прегледи. Во моментов, во болницата се хоспитализирани четири пациенти. Од почетокот на следењето, во двете здравствени установи се извршени вкупно 4.483 први прегледи. До надлежните институции се доставени 1.014 формални пријави за заразна болест, а обработени се 706 нови епидемиолошки анкети, со што е постигната покриеност од 70 проценти. Надлежните здравствени институции продолжуваат со засилен епидемиолошки надзор, прибирање и обработка на податоците, анкетирање на пациентите и координирано спроведување на сите неопходни мерки за заштита на населението. Намалувањето на бројот на прегледи е охрабрувачки показател, но состојбата и натаму внимателно се следи. Состојба со западнонилска треска Заклучно со 30 јули 2026 година, во државата се потврдени вкупно 13 случаи на западнонилска треска. На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби се хоспитализирани 10 пациенти со потврдена инфекција, од кои тројца се во критична здравствена состојба. Поради актуелната епидемиолошка состојба и врз основа на стручната проценка на ризик, Министерството за здравство го задолжи Центарот за јавно здравје–Скопје да спроведе дополнителна терестичка, односно земјена адултицидна дезинсекција против комарци. Вонредниот третман беше спроведен во текот на ноќта како дополнителна превентивна мерка за намалување на ризикот од ширење на инфекцијата. Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје, центрите за јавно здравје и здравствените установи остануваат во постојана координација и навремено ќе ја информираат јавноста за сите нови сознанија и преземени активности.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook