АвтомобилизамРекордна продажба, немаат ниту еден нов автомобил во салоните!Ламборџини постигна рекордна продажба во 2025 година без испораки на моделот Темерарио.И покрај глобалната економска нестабилност, инфлацијата и геополитичките тензии, Ламборџини во 2025 година го забележа најдобриот резултат од продажбата во својата историја. Италијанскиот производител на супер спортски автомобили испорача вкупно 10.747 возила, надминувајќи го претходниот рекорд од 2024 година за 60 автомобили. Растот е дел од долгорочен тренд - пред десет години Ламборџини продаваше нешто повеќе од 3.200 автомобили годишно, додека денес таа бројка е повеќе од трипати зголемена. Најголемиот придонес дојде од регионот „ЕМЕА“ (Европа, Блискиот Исток и Африка) со 4.560 испораки, што е зголемување од осум проценти. Американскиот пазар забележа пад од 11 проценти на 3.347 возила, додека Азиско-пацифичкиот регион остана стабилен со 2.750 испораки. Иако Ламборџини не објави детални бројки по модел, беше потврдено дека суперспортскиот автомобил Ревуелто и теренецот Урус СЕ одиграа клучна улога. Урус особено се издвојува, кој останува најбараниот модел на брендот. Хуракан, чие производство заврши на почетокот на 2025 година, имаше само мало влијание врз вкупните резултати. Интересно е што новиот Темерарио не учествуваше во овој успех - неговите први испораки само што започнуваат, а ефектот врз продажбата ќе се види во 2026 година. Сепак, Ламборџини веќе наведува дека книгата за нарачки за овој модел е полна за следните дванаесет месеци. Коментирајќи ги резултатите, извршниот директор Стефан Винкелман нагласи дека Ламборџини не се стреми кон масовно производство, туку кон стабилен и одржлив раст, додека внимателно се прилагодува на желбите на клиентите - стратегија која, очигледно, се исплатува. Извор: Б92Тагови: Ламборџини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУХМР: Топлото време ќе продолжи и во следните денови, можна нестабилност во попладневните часовиГолем дел од источна и северна Македонија во текот на вчерашниот ден беше зафатена од силно невреме кое на повеќе локации предизвика и штети... Од УХМР велат дека топлото време ќе продолжи и следните денови со можна нестабилност во попладневните часови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСрбин два пати летово „летал“ низ Македонија двојно побргу од дозволеното- уапсен е Лишен од слобода српски државјанин, двапати летово возел со повеќе од двојно над дозволената брзина.Вчера (29.08.2026) во 23:20 часот, на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Д.П.(34) од Република Србија, откако при проверка на патничко возило „шкода“ со српски национални ознаки, управувано од него, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека во два наврати бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“. Имено, на 22.07.2026 година, во 13:42 часот, на автопатот А1, во близина на Демир Капија, Д.П. управувал со возилото со брзина од 163 километри на час, а на 20.08.2026 година, во 19:40 часот, на истата делница, повторно управувал со брзина од 169 километри на час, и во двата случаи на место каде што максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час. Д.П. бил лишен од слобода и спроведен во Полициската станица од општа надлежност Неготино за понатамошна постапка. За случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и ограничувањата на брзината. Безобѕирното и пребрзо возење сериозно го загрозува животот и безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Возете одговорно и почитувајте ги правилата – брзината никогаш не е поважна од човечкиот живот, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПожарот на „Пелистер“ локализиран, опасноста од ширење и натаму голема Пожарот кој изби во атарот на село Макази, ресенско, и беше опасност за Националниот парк „Пелистер“ е ставен под контрола. Сепак, заканата и натаму постои... Пожарот што вчера попладне избувна од преспанската страна поради силниот ветер брзо се прошири во пониските делови на Националниот парк „Пелистер“. По повеќечасовна битка со огнот, пожарот во текот на ноќта е локализиран, но опасноста од негово повторно активирање и ширење останува голема и ќе зависи од временските услови. Во гаснењето на пожарот нема повредени пожарникари велат од ДЗС. „Во доцните часови беше воспоставена блага контрола врз овој тежок за гаснење пожар но побарав дополнителна поддршка од доброволните пожарникари во Битола кои во текот на целата ноќ беа поддршка на противпожарните тимови. Обезбедивме и механизација која над боровите врши противпожарна пресека каде ќе се обидеме да го спореме огнот. Но на пладне почнаа повторно почнаа да се појавуваат горливи точки. Дејствуваат ер трактори на ДЗС.“ На терен цела ноќ биле екипи на Националниот парк, противпожарните единици од Битола и Ресен, доброволното противпожарно друштво како и екипи со механизација. Денес во гаснењето е вклучен и армиски хеликоптер, а се очекува дополнителна воздушна поддршка со два „ер трактори“. „Се надеваме дека ер-тракторите ќе успеат да го намалат движењето на пожарот за да можеме во текот на вечерните ќасови да реагираме на терен за целосно да го локализираме пожарот.“ Пожарот го зафати понискиот дел од Националниот парк „Пелистер“, каде огнената стихија се шири низ шумскиот појас. Екипите на терен продолжуваат со гаснењето и со локализирање на жариштата, а поради тешко пристапниот терен интервенцијата е отежната. „Се работи за мал дел од територијата на националниот парк Пелистер, за понискиот дел. Со повисоките температури во текот на денот имаме повторно разгорување.“ Надлежните остануваат на терен и во текот на денот, со цел да се спречи повторно активирање на пожарот. Во моментов приоритет е целосно локализирање на жариштата и заштита на шумскиот фонд во Националниот парк „Пелистер“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter