Рекорден септември на uslugi.gov.mk: 27.345 поднесени барања за еден месец, вкупната бројка надмина 400.000 - Канал 5

Рекорден септември на uslugi.gov.mk: 27.345 поднесени барања за еден месец, вкупната бројка надмина 400.000

Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk во септември забележа рекордна употреба – во текот на месецот граѓаните и компаниите поднеле 27.345 барања за електронски услуги, што го прави септември убедливо најуспешен месец досега

Рекорден септември на uslugi.gov.mk: 27.345 поднесени барања за еден месец, вкупната бројка надмина 400.000

Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk во септември забележа рекордна употреба – во текот на месецот граѓаните и компаниите поднеле 27.345 барања за електронски услуги, што го прави септември убедливо најуспешен месец досега, надвор од услугата за ИКТ ваучерите со која беа услужени над 50 илјади студенти.

Со овој резултат, вкупниот број на барања поднесени преку Националниот портал надмина 400.000 и достигна 405.881 барање.

Континуираниот раст на користењето на порталот е резултат на проширувањето на бројот на достапни електронски услуги, поедноставувањето на постапките и сè поголемата соработка со институциите кои своите услуги ги прават целосно достапни онлајн.

Особено се издвојува одличната соработка со Државниот завод за статистика, со кој во изминатиот период беа дигитализирани и ставени на располагање повеќе услуги, вклучително и услуги наменети за студентите и академската заедница.

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски истакна дека бројките покажуваат дека граѓаните сè повеќе ја препознаваат вредноста на електронските услуги.

„27.345 барања за само еден месец е најдобриот резултат од постоењето на порталот. Уште поважно е што вкупно ја надминавме бројката од 400.000 барања. Ова покажува дека кога услугата е едноставна, достапна и целосно електронска, граѓаните ја користат. Нашата цел е сè повеќе постапки да можат да се завршат од дома или од мобилен телефон, без шалтери, без непотребно чекање и без носење документи од една институција во друга“, истакна Андоновски.

Министерството за дигитална трансформација продолжува со институциите да работи на дигитализација на нови услуги, нивно поврзување преку Платформата за интероперабилност и поедноставување на корисничкото искуство на Националниот портал.

Фокусот останува на услуги кои граѓаните и компаниите најчесто ги користат и кај кои дигитализацијата може да донесе најголема заштеда на време и административни трошоци.

Рекордниот септември е уште една потврда дека електронските услуги постепено стануваат стандарден начин на комуникација меѓу граѓаните и институциите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: На терен со вредните работници кои го градат автопатот Охрид - Кичево

На терен со вредните работници кои го градат автопатот Охрид - Кичево. Одличен напредок!

Николоски: На терен со вредните работници кои го градат автопатот Охрид - Кичево

Што би рекол нашиот народ - „Се гледа крајот“

Брз, сигурен и најсовремен автопат, со најдолгите тунели во Македонија, галерии и вијадукти е на повидок.

Ја градиме Македонија- објави на Фејсбук вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Анализа: Политизацијата на раководните позиции го урива квалитетот во јавното здравство

Кој и според кои критериуми ги добива директорските позиции во јавните болници? Стручноста и искуството треба да бидат пред политичките влијанија при изборот на раководен кадар. 

Анализа: Политизацијата на раководните позиции го урива квалитетот во јавното здравство

Токму на ова предупредува анализата на „Солуција“, која ја отвора потребата од департизација во здравството.

Целта е да се отвори прашањето за потранспарентен избор на раководен кадар, во кој предност ќе имаат стручноста, искуството и менаџерските способности.

„Ако не ги имате компетентните луѓе да раководат со ваквите установи, тогаш граѓаните ја губат вербата во системот...тогаш граѓаните не го добиваат здравството кое го посакуваат, тоа е една од многуте причини кое граѓаните не се задоволни и се обидуваат да најдат иднина на друго место“-– Михалис Рокас, амбасадор на ЕУ во Македонија.

Длабоката политизација е присутна на сите нивоа во јавниот сектор, предупредува евроамбасадорот Михалис Рокас. Тој посочува дека со секоја промена на власта се менуваат и вработените на раководни позиции, но и кадри на пониските нивоа во институциите

„Ако ја следиме историјата на земјата во Јавниот сектор постои длабока политизација на сите нивоа, дури и на најниското.Шокантно е следиме низ годиниве, а јас сум тука само две години меѓутоа имам прочитано многу за тоа кога имате промена на власта луѓето на позициите се менуваат“-– Михалис Рокас, амбасадор на ЕУ во Македонија.

Враќањето на довербата во институциите е еден од клучните приоритети на кои се работи заедно со Владата, посочува евроамбасадорот Рокас. Според него, тоа е суштински чекор за граѓаните да ја вратат вербата во системот, да ја гледаат својата иднина во сопствената земја и да останат во неа.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Смени и тврдења за притисоци во српската полиција по заплената на пет тoни марихуана од Македонија

Се отвора ли нов скандал во Србија по веста објавена во српските мкедиуми за смени и притисоци врз полицајците  кои на почетокот од годинава во близина на Крушевац  открија рекордна пратка од пет тони марихуана шверцувана од Македонија?

Смени и тврдења за притисоци во српската полиција по заплената на пет тoни марихуана од Македонија

Летово српското обвинителство поднесе обвние протиув шест лица повзрани со случајот. Кај нас досега со истрагатакоја се уште трае опфатени се десеттина лица.

Од ОЈО ГОКК за Канал 5 велат дека последните случувања во Србија немаат влијание за проширување на истрагата..

„По предметот за организираниот транспорт на пет тони марихуана од Македонија во Србија се преземаат истражни дејствија. Се очекува наскоро да биде донесена соодветна јавнообвинителска одлука.“, велат од ОЈО ГОКК.

Претходно на 17 авггуст годинава, Обвинителството соопшти дека истрага е проширена за уште седум лица, со што во постапката беа опфатени вкупно тринаесет осомничени. Двајца од нив веќе ја признаа вината и врз основа на спогодби со Обвинителството, на 10 август беа осудени на три години и шест месеци, односно три години и осум месеци затвор.

Постапката продолжува за преостанатите единаесет осомничени, меѓу кои е и Предраг Брковиќ, сосопственик на скопската компанија „Алфафарм“, кој според Обвинителството учествувал во организирањето на транспортот на дрогата.

Во однос на случајот со притисоци врз српски полицајци поврзани со запленетата марихуана, истражувачкиот портал „КРИК“ објавува дека 15 раководители на Службата за борба против дрога биле сменети од функциите и прераспределени на други работни места по рекордната заплена на дрогата.

Тринаесет полицајци во писмо до српскиот премиер Ѓуро Мацут испратено вчера тврдат дека веднаш по акцијата започнале смени и притисоци врз нив и нивните семејства. Побарале средба со премиерот, но според порталот, до објавувањето на истражувањето не добиле одговор.

Инаку, шверцот на дрогата беше откриена на 29 јануари годинава во Коњух кај Крушевац, на имот на локален функционер на владејачката Српска напредна партија.

Тогаш српските полицајци пронашче документација од македонската компанија „Алфафарм“, по што сознанијата им биле доставени на македонските истражни органи. На почетокот на февруари следуваше голема полициска акција во Македонија, во која од повеќе компании беа запленети над 40 тони марихуана и биомаса.

Според досегашните наоди на Обвинителство, криминалната група во најмалку пет наврати транспортирала големи количини на марихуана преку граничниот премин Табановце, прикриена во камиони со друга декларирана стока.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер