ЖивотРекорден пад на стапката на новороденчиња во ГерманијаВо последните две години стапката на новороденчиња во Германија е значително опадната и е најниска од 2009 година, соопшти денеска Федералниот институт за истражување на населението во Визбаден.„Ова е невообичаено драстичен пад на стапката на новороденчиња, во минатото овие фази на пад се одвиваа многу побавно“, се наведува во соопштението на Федералниот институт за истражување на населението. Истражувачите ги наведуваат пандемијата на коронавирусот, војната во Украина и инфлацијата како можни причини за падот на бројот на родени деца. -Во такви периоди на повеќекратни кризи, многумина се откажуваат од желбата да имаат деца, вели шефот на студијата, Мартин Бујард. Тој, меѓутоа, не можеше да каже дали ова е актуелен тренд или почеток на долгорочен период на намалени раѓања. Бројот на раѓања падна од 1,57 деца по жена во 2021 година на 1,36 во есента 2023 година, што е најниска вредност забележана од 2009 година. По 1975 година, наталитетот во Германија беше во постојан пад, со исклучок на периодот меѓу 2015 и 2021 година, кој експертите го поврзуваат со владините мерки за помош на мајките со деца, но и со доаѓањето на голем број бегалци. Опозициската Христијанско-демократска унија (ЦДУ) ја обвини владата за ненадејниот пад на наталитетот. -Овој пад на стапката покажува длабока недоверба во работата на сојузната влада и несигурноста што владее меѓу граѓаните поради погрешните политики, изјави Силвија Брешер, портпаролка за семејни прашања во коалицијата ЦДУ/ЦСУ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: СДС, Левица и ДУИ секоја можност за договор ја претвораат во нов политички конфликтСДС, Левица и ДУИ уште еднаш покажаа дека секоја можност за договор ја претвораат во нов политички конфликт.Наместо да придонесат за донесување на новиот Изборен законик, кој беше резултат на повеќемесечни разговори и усогласувања, тие одлучија повторно да создадат политичка криза таму каде што имаше простор за консензус. Иако им прифативме се што побараа, а тие барања за волја на вистината, немаа никаква врска со суштината, тие потоа не го потпишаа законот кој повеќе им одговараше на нив отколку на ВМРО-ДПМНЕ. За СДС, Левица и ДУИ очигледно е поважно да произведат политички конфликт, отколку да придонесат за решение што е во интерес на државата. Создаваат алиби за поразот на следните избори, а дополнително и се обидуваат кога имаат можност да го намалат успехот на Македонија во делот на Реформската агенда. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните и државата, без разлика на обидите на СДС, Левица и ДУИ секој процес да го претворат во политичка пресметка. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26Обвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00Обвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
Шоу бизФото: Џесика Алба сподели интимни моменти со 12 години помладото момчеХоливудската убавица Џесика Алба со објава од Италија ги вжешти социјалните мрежи.Холивудската актерка Џесика Алба ужива во ново поглавје од својот живот, а го привлече вниманието на јавноста со романтични фотографии од одморот во Италија, кои ги сподели со својот партнер, актерот Дени Рамирез. Филмската ѕвезда и основачка на компанијата „The Honest Company“ престојува на луксузниот италијански брег, каде што минува опуштени летни денови, подалеку од деловните обврски и градската врева. На својот профил на Инстаграм, Џесика Алба објави серија фотографии и видеа со едноставен опис: – „Чао, Италија“ – означувајќи го луксузниот хотел „Il Pellicano“, едно од најпознатите одморалишта на брегот на Тиренското Море. Објавите брзо го привлекоа вниманието на обожавателите, бидејќи актерката ретко споделува вакви интимни моменти од својот приватен живот. Џесика Алба исто така сподели мисли на Марк Ентони за љубовта и заедничките патувања, во кои се вели дека вистинската среќа не е во самата дестинација, туку во личноста со која го споделувате секој чекор. Тагови: Џесика Алба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЈапонија тројно го зголемил увозот на руска нафта изземена од западните санкцииВо јуни, Јапонија увезе речиси 1,2 милиони барели руска нафта, која е изземена од западните санкции – што е трипати повеќе во споредба со претходниот месец .Во јуни, Јапонија увезе речиси 1,2 милиони барели руска нафта, која е изземена од западните санкции – што е трипати повеќе во споредба со претходниот месец – покажуваат податоците на јапонското Министерство за финансии, што укажува на обиди да се надомести намаленото снабдување од Блискиот Исток. Според табелите на јапонското министерство, во јуни Јапонија увезла 184.000 кубни метри нафта од Русија, што одговара на приближно 1,157 милиони барели од „црното злато“. Вредноста на увозот изнесувала 19,69 милијарди јени (120,75 милиони долари), според податоците на министерството. Тоа значи дека јапонските увозници во јуни плаќале во просек нешто повеќе од 104 долари за барел руска нафта. Според официјалните јапонски податоци, обемот на увоз во јуни бил трипати поголем отколку во мај, кога биле увезени нешто помалку од 365.000 барели руска нафта – во вредност од шест милијарди јени (36,85 милиони долари). Ова укажува на тоа дека јапонските увозници во мај плаќале приближно 101 долар по барел за руската нафта. Сепак, податоците за април покажуваат дека Јапонија воопшто не увезла нафта од Русија. Нафтата купена во мај и јуни била дел од договорите за снабдување со гас од проектот „Сахалин-2“ на рускиот Далечен Исток, кој не подлежи на западните санкции, наведува руската новинска агенција ТАСС. „Сахалин-2“ е еден од најголемите руски проекти за извоз на гас; негови сосопственици се рускиот „Гаспром“ и јапонските компании „Мицуи“ и „Мицубиши“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26Обвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00Обвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33