Рекорден број учесници на 9. Атлетски викенд „Охрид трчат“ - Канал 5

Рекорден број учесници на 9. Атлетски викенд „Охрид трчат“

Рекордни 2400 тркачи од 28 земји учествуваат на 9-то издание на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ што од 30 мај до 1 јуни се одржува во Охрид. 

Рекорден број учесници на 9. Атлетски викенд „Охрид трчат“

Оваа година рекорден е и бројот на странски учесници во трките, што само го потврдува реномето на манифестацијата која веќе девет години гради позитивен имиџ за градот Охрид. Ова, меѓу другото, беше истакнато на прес-конференцијата што се одржа денеска.

-Овој викенд ќе биде полн со енергија, со живот, со насмевки и со луѓе кои ќе ја почувствуваат магијата на градот, не само како туристи, туку и како активни учесници во едно спортско и општествено случување кое обединува. „Охрид трчаТ“ има длабока вредност за локалната заедница, не само заради тоа што го промовира здравиот начин на живот, туку и затоа што дирекно влијае врз локалната економија, преку исполнети сместувачки капацитети, посетени ресторани, локални бизниси..., потенцираше Јоне Станкоски од АК „Охрид Трчат“.

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков истакна дека го радува тоа што половина од бројката на тркачи се од други градови од Македонија или од странство.

-Сметам дека овој тренд во иднина ќе продолжи. Очекувам нови, позитивни моменти на наредното 10 јубилејно издание, пред се заради иновативноста на екипата која го води „Охрид трчаТ“. Лично секогаш ќе стојам како градоначалник во поддршка на вакви настани, посебно во спортот и сметам дека во иднина имаме доста што да кажеме како град во заедничка организација со АК „Охрид трчаТ“. На сите кои ќе учествуваат на разните дисциплини утре им посакувам да имаат добра трка, убаво време и секако да уживаат во Охрид, рече Пецаков на кој му беше врачен стартниот број со кој ќе земе учество во рекреативната трка на пет километри.

Годинава на „Охрид трчаТ“ од пријавените 2.400 спортисти, 510 се полумаратонци од кои 50 отсто се странци, а има и 70 шатфети, потенцираше Иван Цветкоски од АК „Охрид трчаТ“.

-Оваа година „Охрид трчаТ“ е добитник на сертификат за улични трки, што е показател за максимално вложениот труд и во делот на безбедноста согласно сообраќајниот проект и насоките на СВР Охрид со цел тркачите да се чувствуваат безбедно. Олимпиецот Дарио Иваноски е повторно со нас, имаме интересни тркачи, кои се одушевени од тоа што гледаат во Охрид. Годинава имаме богата програма, вчера почнавме со ноќната трка и експото, денес имаме и панел дискусија на која ќе говориме за општествената одговорност, како и Имлек Протеин Warm Up, истакна Цветкоски.

В недела ќе има и привремен режим на сообраќај во периодот од 8 до 11 часот. Илија Милески, началник на Одделението за полиција при СВР Охрид, дополни дека е изготвен оперативен план со мерки и активности со цел да овозможи безбедно учество на сите натпреварувачи, како и на граѓаните кои ќе ја следат манифестацијата и на учесниците во сообраќајот.

-Од наша страна преземени се сите мерки, а преку медиумите информирани се граѓаните за времениот режим на сообраќај за кој претходно беше изготвен проект кој е одобрен и може да се спроведе, рече Милески.

Стартот на трките на 21К и 5К утре е со почеток во 8:15 и 9 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и релативно топло

Утрото ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево и релативно топло. 

Утре сончево и релативно топло

Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.

Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и услови за локален дожд, a утринските температури ќе бидат во пораст.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Не е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблем

Германската управа за моторни возила (KBA) во петокот предупреди дека, покрај милиони возила на „Volkswagen“ и „Audi“ ширум светот, и околу 1,7 милиони возила на Шкода може да имаат потенцијално опасен дефект.

Не е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблем

Предупредувањето се однесува на потенцијално слаб шраф во механизмот за управување, кој е подложен на корозија. Во најлош случај, шрафот би можел да пукне, соопшти „KBA“.

Минатата недела, агенцијата објави дека сопствениците на 2,16 милиони возила на „Volkswagen“ – конкретно моделите „Tiguan“, „Touran“, „Golf Variant“, „Caddy“ и „Golf“ произведени помеѓу 24 септември 2013 и 1 јули 2024 година – треба да контактираат со сервисен центар за да се изврши проверка и евентуална замена на проблематичниот дел, пренесува „DPA“.

Истото важи и за моделот „Audi Q3“ произведен помеѓу 31 октомври 2017 и 23 мај 2024 година.

Истиот ден, групацијата „Volkswagen“ упати повик до сопствениците на овие возила да ги донесат на технички преглед.

Се чини дека и возилата на Шкода – кои исто така се дел од групацијата „Volkswagen“ – се погодени од истиот проблем со дефектниот шраф.

Истото важи и за засега неутврден број возила од шпанскиот бренд „SEAT“.

Меѓу моделите на Шкода, под лупа се „Kodiaq“, „Karoq“, „Octavia“ и „Superb“, соопшти „KBA“, без да прецизира датуми на производство.

Ова опфаќа околу 1,7 милиони возила ширум светот, вклучително и околу 370.000 во Германија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Бројот на загинати во несреќата со повеќе возила на автопатот кон крајбрежниот град Момбаса во Кенија се искачи на 17, соопшти полицијата.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Во соопштението се наведува дека несреќата се случила во текот на ноќта во областа Салама, откако возач на камион не успеал да престигне друго возило, што довело до судири со други возила – вклучително и комбе – пренесе АП.

Полицијата претходно соопшти дека во несреќата загинале најмалку 13 лица.

„Луѓето патуваа кон место за молитва во округот Накуру, западно од кенискиот главен град Најроби“, изјави Мартин Кивува, надбискуп на Католичката надбискупија во Момбаса.

Сообраќајните несреќи се сериозен проблем низ цела Африка.

Тие често се припишуваат на лошото одржување на возилата, прекумерната брзина и лошата состојба на патиштата.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер