Рекорден број пријавени учесници за Виз Ер Скопски маратон 2025 - Канал 5

Рекорден број пријавени учесници за Виз Ер Скопски маратон 2025

Повеќе од 14.000 тркачи се пријавени за 21.издание на Виз Ер скопски маратон што ќе се одржи в недела (5 октомври).

Рекорден број пријавени учесници за Виз Ер Скопски маратон 2025

Генерален покровител на оваа спортска манифестација е Министерството за спорт.

-Секогаш давам поддршка на манифестации кои промовираат спорт и вистински вредности. Вредности кои треба да ги вратиме како највисоко нешто во нашето општество, вредности на кои треба да ги учиме нашите деца. Вредности на витештво, гордост, чесност, на тоа како да се победува, но и на тоа како да се губи и како да се прифаќа пораз, бидејќи од поразите многу повеќе се учи, отколку од победите. Чест ми е што ни како министерство ќе бидеме покровители на овој настан и ќе дадеме придонес во организацијата. Сигурен сум дека со доаѓањето на новиот градоначалник, манифестацијата ќе биде многу повеќе помогната и од градот, изјави министерот Борко Ристовски.

На Виз Ер Скопски маратон ќе учествуваат тркачи од 58 држави кои ќе се натпреваруваат во четири дисциплини: маратон, полумаратон (21 км.), штафетна трка и трка на 5 км.

Во штафетната трка ќе учествува и тим на делегацијата на ЕУ во земјава.

Најголеми фаворити за победа на главната трка се маратонците од Кенија и најдобриот македонски маратонец Дарио Ивановски.

Почетокот на Виз Ер Скопски маратон е во 8 часот на 5 октомври во центарот на Скопје, спроти Собранието.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седници на три собраниски комисии

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за политички сиситем и односи меѓу заедниците, за надворешна политика и надворешна трговија и Законодавно-правната комисија.

Седници на три собраниски комисии

Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030 година е единствената преостанта точка на дневниот ред на седницата на собраниската Комисија за политички сиситем и односи меѓу заедниците, како и на Законодавно-правната комисија.

Собраниската Комисија за надворешна политика и надворешна трговија, пак, ќе ги разгледа платформите за дипломатските активности на: вонредниот и ополномоштен амбасадор во Кралството Норвешка Дритон Кучи, вонредниот и ополномоштен амбасадор во Бугарија Крум Ефремов, вонредниот и ополномоштен амбасадор во Кралството Шведска Мухарем Јусуфи и вонредниот и ополномоштен амбасадор во романија Габриел Атанасов.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се сретна со двајца претставници на „Обединети Македонци во Канада“, претседателот Ристо Дурловски и членот Душко Јанков.

Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“

Тие ја запознаа со животот и успесите, но и со проблемите и предлозите на припадниците на македонската дијаспора, врзани за учеството во економските, политичките, образовните, научните и културните односи во татковината.

Неспорно е дека македонската дијаспора од Канада е неразделен дел од македонското национално ткиво, се согласија соговорниците.

Претседателката ги информираше за усвоената Национална стратегија за дијаспората, како чекор напред во градењето заедништво преку различни форми на соработка, насочени кон нивно полесно и побрзо интегрирање во македонскиот општествен живот, како и за тековните активности околу формирањето на Советот за дијаспора во рамките на нејзиниот кабинет, предочувајќи им ја можноста и потребата да номинираат свој претставник во него.

Нашинците изразија интерес за учество на дијаспората на парламентарните и претседателските избори, за потесна комуникација со Агенцијата за иселништво, како и за интересот за институционално учество во процесот на одлучување во татковината, особено за прашања што директно ги засегаат, како на пример, консултирање при номинацијата на амбасадор и конзули во Канада, но и за други.

Исто така, во разговорот, Дурловски и Јанков предочија дека релативизацијата на географијата и далечината, со подемот на вештачката интелигенција и дигитализацијата, кај најмладите генерации на македонска дијаспора, го зголемува интересот за запознавање, студирање, работа и живот во земјата на нивните родители и претци.

На крајот, претставниците на македонската дијаспора од Канада и укажаа на претседателката на обврската да ја посети Канада и на лице место да ги собере, види и чуе мислењата на нашите иселеници за прашањата што ги засегаат, а тие, нејзините!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Супер Ел Нињо“ урива рекорди: Научниците предупредуваат на повеќе од 450.000 дополнителни смртни случаи

Климатските научници проценуваат дека повеќе од 450.000 луѓе би можеле да починат во текот на следните шест месеци поради екстремните горештини предизвикани од „супер Ел Нињо“.

„Супер Ел Нињо“ урива рекорди: Научниците предупредуваат на повеќе од 450.000 дополнителни смртни случаи

Повеќе од 450.000 дополнителни смртни случаи во светот во следните шест месеци би можеле да бидат поврзани со екстремните горештини што ги носи исклучително силниот Ел Нињо, покажуваат проценките на климатски научници.

Проекцијата од околу 451.000 случаи се однесува на периодот од септември до февруари 2027 година и не ги вклучува предвремените смртни случаи што веќе се поврзуваат со долгорочниот раст на температурите.

Научниците предупредуваат дека зголемената смртност од горештините би можела да продолжи и до јуни или јули следната година.

Најпогодени во следните шест месеци се очекува да бидат Нигерија, Индонезија, Судан, Индија и Бразил, додека меѓу најизложените региони се Сахел и Југоисточна Азија. Во САД се проценуваат околу 3.500 дополнителни смртни случаи поврзани со високите температури.

Проекциите се базираат на податоци за односот меѓу температурите и дополнителната смртност во повеќе од 24.000 региони низ светот, комбинирани со прогнозите за Ел Нињо. Научниците велат дека сегашниот Ел Нињо веќе ги надминал претходно забележаните температурни рекорди за овој климатски феномен, неколку месеци пред очекуваниот врв.

Покрај екстремните горештини, се очекува зголемен ризик од суши, шумски пожари и поплави, како и последици врз производството и цените на храната.

Како итни мерки се препорачуваат подобри предупредувања за топлотни бранови, отворање центри за разладување, дополнителен медицински персонал и поголема заштита на луѓето што работат на отворено.

Научниците нагласуваат дека Ел Нињо е природен климатски феномен, но дека неговите последици можат дополнително да се засилат поради глобалното затоплување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер