Рекорден број новозаразени во Полска од почетокот на пандемијата

Полска денеска забележа 1.002 случаи на коронавирус, најмногу од почетокот на пандемијата, а пад на дневните инфекции е забележан во Чешка по неколкудневно рекордно ширење на коронавирусот.

Полска денеска забележа рекордни нови 1002 случаи, објави Министерството за здравство на Твитер.

Новиот рекорд е поставен неколку дена откако властите ги заострија условите под кои лекарите треба да испраќаат пациенти на тестирање на коронавирус. Критичарите предупредуваат дека новите правила можат да го ограничат бројот на тестови.

Ширењето на коронавирус во Чешка забави во саботата со 2.111 нови инфекции по четиридневното зголемување на случаите.

Вкупно 46.262 инфекции се регистрирани во земјата со 10,7 милиони жители, соопштија властите.

Во Чешка, ковид-19 се шири со рекордно темпо последните денови, а во споредба со населението, само Шпанија и Франција во Европската Унија забележаа поголем скок на нови инфекции во последните две недели, според Европскиот центар за контрола и превенција на болести.

Чави по поразот од Жирона: Можеби ни недостасува зрелост

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез даде свое мислење по вчерашниот натпревар против Жирона. Барса го загуби каталонското дерби со 2-4 и на тој начин Реал Мадрид ја обезбеди титулата во Ла Лига на четири кола до крајот.

-Ја загубивме контролата врз играта поради огромните грешки, кои се неприфатливи на ова ниво. Вакви работи се случуваат цела сезона и не чинат вредни бодови. Можевме да победиме, но грешките што ги направивме се покажаа како одлучувачки. Ни недостигаше ефикасност и во нападот, а тешко е да се добиваат такви натпревари. Мораме да промениме многу работи за да се бориме за титулата следната сезона. Можеби ни недостига зрелост. Повеќето од нашите играчи се доста млади. Ќе ги донесеме вистинските заклучоци и ќе ги исправиме нашите слабости, нагласи Чави по мечот.

Тој му честиташе на Реал Мадрид за титулата.

-Собраа најмногу бодови и затоа се шампиони, додаде тренерот на Барселона.

Унгарија е подготвена за претседавање со ЕУ, тврди унгарскиот заменик-министер за ЕУ ​​прашања

Унгарија е подготвена да го преземе претседавањето со Европската унија на 1 јули, изјави денеска унгарскиот заменик-министер за ЕУ ​​прашања, Пал Барна Жигмонд.

Во објава на Фејсбук, тој истакна дека во сегашното политичко и економско опкружување, претседавањето со ЕУ ќе биде „возбудлив предизвик“, пренесува МТИ.

Жигмонд го цитираше претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој вели дека е уверен и полн со надеж во врска со унгарското претседателство и истакна дека моментално премиерот Виктор Орбан е единствениот шеф на Влада во ЕУ кој ќе раководи со ротирачкото претседателство по втор пат.

Возач загинал откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа

 Возач загина синоќа откако со неговото возило удри во надворешната капија на Белата куќа, а случајот се истражува како сообраќајна несреќа и немало закана за резиденцијата на американскиот претседател Џозеф Бајден, соопштија властите.

Возачот бил пронајден мртов во возилото кое удрило во надворешната капија на Белата куќа, соопшти американската тајна служба.

Полициската управа на Вашингтон соопшти дека возилото удрило во безбедносната бариера на раскрсницата на улицата 15 и авенијата Пенсилванија.

притисни ентер