Рекорден број новозаразени во Холандија

Бројот на новозаразени со коронавирус во Холандија соборува рекорди во последните четири дена, а минатата недела холандското Министерство за здравство предупреди дека капацитетот за тестирање не е доволен за очекуваниот бран во наредните месеци.

Во последните 24 часа, според „Worldometers“, во земјата се регистрирани 2.544 нови случаи на коронавирус, што е најголем дневен број на нови инфекции од почетокот на пандемијата. Уште 16 лица починале. Вкупно 103.141 лице биле заразени досега во земјата, а повеќе од 6.000 луѓе починале.

Капацитетот за тестирање и лабораториските капацитети ќе треба да се зголемат од сегашното ниво од околу 30 000 тестови на ден на 55 000 тестови на ден во ноември и на 70 000 во декември , односно 85 000 од февруари, соопшти Министерството.

„Правиме се што можеме за да ги зголемиме нашите капацитети, но тие сè уште не се доволни“, изјави премиерот Марк Руте минатата недела.

Луѓето чекале со денови за тестирање, а надлежните велат дека премногу луѓе реагираат на тестирањето без очигледни симптоми на ковид-19. Затоа, тие сега советуваат да се тестираат само оние кои имаат сериозни здравствени проблеми.

Лазаров го објави поширокиот список за баражот со Фарски Острови

Во стручниот штаб предводен од Лазаров за дуелите против Фарски Острови е вклучен и поранешниот долгогодишен репрезентативец Стојанче Стоилов.

Вкупно 36 ракометари, од кои петмина интернационалци, се најдоа на поширокиот список кој селекторот на македонската машка репрезентација Кирил Лазаров го објави денеска за мајските бараж натпревари против Фарските Острови за пласман на Светското првенство во 2025 година.

Во стручниот штаб предводен од Лазаров за дуелите против Фарски Острови е вклучен и поранешниот долгогодишен репрезентативец Стојанче Стоилов.

Македонските ракометари првиот бараж натпревар против Фарски Острови ќе го одиграат на 8 мај на гостински терен, а реваншот е на 12 мај во Скопје, со почеток во 19 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

Повикани ракометари:

НИКОЛА МИТРЕВСКИ ФК ПОРТО

МАРТИН ТОМОВСКИ РК ВАРДАР 1961

МАРКО КИЗИЌ РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

ИВАН ГАЛЕВСКИ РК АЛКАЛОИД

ЦВЕТАН КУЗМАНОСКИ РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

ПЕТАР АТАНАСИЈЕВИЌ РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

ГОЦЕ ОЈЛЕСКИ ГРК ОХРИД

ДИМИТАР ДИМИТРИОСКИ ЦД БАЛОНМАНО АТЛЕТИКО ВАЉАДОЛИД

НИКОЛА КОСТЕСКИ ТАЛЕНТ ПЛЗЕН

НИКОЛА СТОИЛЕВ ГРК ОХРИД

МАРТИН ПОПОВСКИ ГЦ АМИЧИТИА Цирих

ЖАРКО ПЕШЕВСКИ РК ЕВРОФРАМ ПЕЛИСТЕР

МИЛАН ЛАЗАРЕВСКИ РК ВАРДАР 1961

НИКОЛА МАРКОСКИ РК АЛКАЛОИД

МАРКО СТОЈКОВИЌ РК АЛКАЛОИД

МИХАИЛ АЛАРОВ РК ВАРДАР 1961

ВАЛЕНТИН КАРАСМАНАКИС РК АЛКАЛОИД

КРИСТИЈАН АТАНАСОВ ГРК ТИКВЕШ 2014

ТОМЧЕ СТОЈАНОВСКИ РК БУТЕЛ СКОПЈЕ

ТОМИСЛАВ ЈАГУРИНОСКИ РК ВАРДАР 1961

МАРТИН ВЕЛКОВСКИ РК АЛКАЛОИД

ФИЛИП НИКОЛОВ РК БУТЕЛ СКОПЈЕ

МАРТИН СЕРАФИМОВ РК АЛКАЛОИД

ДАВИД САВРЕВСКИ РК АЛКАЛОИД

ДАМЈАН МИТЕВ РК АЛКАЛОИД

МАРТИН КАРАПАЛЕВСКИ РК ВАРДАР 1961 г

МАРКО МИТЕВ РК АЛКАЛОИД

МАРИО ТАНКОСКИ РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

ИВАН ЈОНОВ РК АЛКАЛОИД

ЕМИЛИЈАН ЖОРГОСКИ РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

ПАВЕЛ АТАНАСИЈЕВИЌ РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

ФИЛИП КУЗМАНОВСКИ РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

ФИЛИП ТАЛЕСКИ Спорт Бенфика (ПОР)

МИХАЈЛО МЛАДЕНОВИЌ РК АЛКАЛОИД

МАРКО МИШЕВСКИ РК ВАРДАР 1961

ГОРАН ХРИСТИЈАНСКИ ГРК ОХРИД.

Кари ја освои наградата „Џери Вест“

Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, Стивен Кари, е добитник на овосезонската награда „Џери Вест“, која му се доделува на најдобриот играч во решавачките моменти од натпреварите во НБА лигата.

Наградата која се доделува на клучниот играч во последните пет минути од натпреварите во кои резултатот е до пет поени разлика, беше воведена минатата сезона, а Кари го наследи дефанзивецот на Сакраменто Кингс, Де Арон Фокс.

Кари во изборот доби вкупно 298 поени (45 први, 18 втори и 19 трети места).

Второто место со 272 поени (34 први места) го зазеде Демар Дерозан од Чикаго Булс, додека третото место го освои Шеј Гилџес.-Александер од Оклахома Сити со 160 бодови (11 први места). /МИА

Во Атина уапсени двајца членови на меѓународната криминална група „Пинк Пантери“

Двајца странски државјани, членови на меѓународната криминална група „Пинк Пантери“, во средата биле уапсени во Атина, а се товарат за две кражби на златарници во центарот на градот, јави дописничката на МИА од Атина.

Неофицијално станува збор за српски државјани, а за кражбите го користеле методот „рифифи“, односно во златарниците и продавниците за накит влегувале по направени дупки од соседни напуштени или празни згради или простори.

Од грчката полиција соопштија дека уапсените биле активни најмалку од декември минатата година, користеле фалсификувани документи, а се движеле со возила со странски регистарски таблички или во сопственост на лица со чисто криминално досие, за да не бидат откриени.

Во однос на начинот на дејствување откако ги таргетирале продавниците, ги набљудувале, по што подготвувале соодветен план и се движеле пеш за да не бидат сомнителни.

Откако успевале да добијат пристап до напуштените или празни згради-лепенки до златарниците, отворале дупка на ѕидот што води до продавницата.

Еден од уапсените влегувал преку дупката со лазење за да не се активираат детекторите за движење и со украдениот накит се враќал во соседниот простор.

Од досегашната истрага на полицијата, расчистени се две случаи на кражби во златарници во центарот на Атина, а продолжува истрагата за утврдување на целосниот обем на нивната криминална активност.

По извршениот претрес на уапсените меѓу другото, биле пронајдени и одземени алатки за кражби, три часовници, накит, 190 евра, фалсификувана возачка дозвола, три мобилни телефони.

притисни ентер