Рекорден број новозаболени во Русија, Полска, Украина, Бугарија, Чешка...

Бројот на новоинфицирани со коронавирус во Источна Европа денеска повторно го достигна својот врв во Русија, Полска, Украина, Бугарија и Чешка, каде пропорционално расте и бројот на смртни случаи, пренесува Ројтерс.

Во Русија, во последните 24 часа се пријавени рекордни 12.126 нови случаи на инфекција со коронавирус, додека земјата од почетокот на инфекцијата регистрирала вкупно 1.272.238 инфекции. Здравствените власти соопштија дека во последните 24 часа починале 201 лице, со што вкупниот број починати се искачи на 22.257.

Руските власти размислуваат да ги затворат кафулињата и ноќните клубови за да го запрат вториот бран, истовремено советувајќи ги луѓето да останат во домовите за време на викендот, иако Кремљ не воведе нов карантин и соопшти дека досега не планира да го стори тоа.

Властите во Москва, епицентарот на руската инфекција оваа пролет, исто така препорачаа луѓето над 65 години да се изолираат и им препорачаа на компаниите најмалку една третина од нивните вработени да работат од дома.

Украина во последните 24 часа бележи рекордни 5.804 заразени со ковид-19, објави денеска Советот за национална безбедност. Ден претходно биле евидентирани 5.397 нови случаи. Дневниот број на заразени во Украина се искачи на рекордно ниво трет ден по ред, со што вкупниот број на заразени од почетокот на пандемијата достигна 250.538 и 4.779 смртни случаи, вклучувајќи 89 во претходните 24 часа. Зголемувањето на инфекциите ја поттикна владата да ги продолжи мерките за карантин до крајот на октомври.

Полска, исто така, денеска објави нов рекорд на 4.739 дневни случаи со коронавирус, според Министерството за здравство. Вкупно 116.338 заразени и 2.919 смртни случаи се пријавени во земјата со 38 милиони жители.

Бугарија денеска пријави 516 случаи, што е најголем број од почетокот на пандемијата трет ден по ред, покажуваат официјалните податоци.

Оваа балканска земја сега бележи 23.279 случаи на ковид-19, вклучително и 880 смртни случаи. И покрај големиот број на заразени во последните денови, Министерот за здравство соопшти дека состојбата во земјата се одвива релативно добро во споредба со другите земји на ЕУ погодени од вториот бран на ковид-19 и отфрли воведување нови карантински мерки .

Трет ден по ред, Чешка бележи рекордно дневно зголемување на бројот на заболени, од 5.394 во последните 24 часа, додека земјата ги засили антипандемиските мерки во обид да го запре ширењето на инфекцијата.

Вкупно 100.757 случаи на зараза се регистрирани досега во земјата, во која има 10,7 милиони луѓе, додека 869 лица починале како резултат на инфекција на кавидот, покажаа денеска податоците на Министерството за здравство.

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ не е спремна за јасни интеграции

„Доблест е да се прими пораката,а со тоа и да се промените откако сте ја примиле“

Ако има еден политичар кој што покажал прифаќање на различностите, тоа сум јас. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ и кандидатката за претседател Сиљановска, која што дури и името во Собрание името ми го чита како Сречко, ксенофибијата и е до ниво што и пречи и да види документ на Албански јазик. Мојата досегашна работа покажува дека доблест ми е поддршка на различностите. Не видовме програмска определба, освен дека на слоганот стои „Македонија повторно твоја“, тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се одтргне од албанофобијата и кзенофобијата. Треба да пазите кога зборувате за „твоја“, туку наша. Го осудивме и однесување на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ за меѓусебните препукувања, по кои се билдаат меѓусебните рејтинзи, а не се нудат решенија, рече Фатмир Битиќи во Само Вистина.

Мурињо посочи тројца фаворити на ЕП 2024

Жозе Мурињо именуваше три селекции за кои верува дека можат да го освојат претстојното Европско првенство во Германија. 61-годишниот тренер е без работа од јануари кога доби отказ од Рома.

-Според мене, трофејот ќе го освои некој помеѓу Португалија, Франција или Англија. Ова се трите најсилни селекции. Можни се изненадувања, да. Гледајќи ги квалитетите на играчите, мислам дека Португалија може да оди во финалето со идеја да замине со златото, изјави португалскиот стручњак.

Тој неодамна откри дека двапати ја одбил понудата да ја преземе репрезентацијата на својата земја.

-Вратата на Португалија ми беше отворена двапати. Првиот пат беше кога бев во Реал Мадрид. Тогаш претседателот Флорентино Перез ми рече дека е невозможно да заминам, па јас го прифатив тоа. Вториот пат беше неодамна кога сè уште бев во Рома. Дали се каам за вториот случај? Не, не ми е жал. Не ми е жал поради причината што не прифаќам. Сега ќе играме на ЕП со селектор (Роберто Мартинез) кој заврши одлична работа и има одлична генерација играчи, додаде Мурињо. /МИА

Де Лаурентис: Не разбирав фудбал, но земав некои од најважните играчи во историјата на Наполи

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис уште еднаш се истакна себеси како фудбалски шеф, додека пак го нападна поранешниот спортски директор на клубот, Кристијано Џунтоли, кој сега работи во Јувентус.

-Отсекогаш се однесував како претприемач. Вложувам пари, љубов и интелигенција. Мојата работа ја доживувам како обврска. Не знаев ништо за фудбалот, но потпишав со некои од најважните играчи во историјата на Наполи. Ниту Лучијано Спалети не беше донесен од спортскиот директор (Џунтоли). Отсекогаш ми се допаѓал овој тренер поради неговиот карактер, прокоментира Де Лаурентис на прес-конференција поврзана со неговиот филмски проект. /МИА

притисни ентер