ЗдравјеРекорден број нови случаи на коронавирус во САДРекорден број нови случаи на коронавирус се регистрирани во САД, соопшти Федералната здравствена агенција, јави ДПА.Центрите за контрола и превенција на болести идентификуваа просечно 316.000 луѓе заразени дневно во изминатата недела. Ова значи речиси 700 нови случаи на 100.000 жители. Во средата беше поставен рекорд од речиси 490 илјади идентификувани заразени. За време на големиот бран на коронавирус во САД во декември минатата година и јануари, во просек беа пријавени околу 250.000 нови случаи дневно. Бројот на заразени во САД рапидно расте во изминатите седум денови. Властите го објаснуваат ова со новата, високо заразна варијанта на коронавирус Омикрон. Во некои делови од земјата, сепак, сојот Делта останува широко распространет. Сепак, бројот на пациенти со Ковид во болница е значително помал од претходните бранови. Сега се хоспитализирани 76.000 луѓе, во споредба со 125.000 во јануари. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Продолжуваат инвестициите во патната инфраструктура во Тиквешкиот регионПродолжуваат инвестициите во патната инфраструктура во Тиквешкиот регион, објави на својот Фејсбук, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Подготовки за асфалтирање на патниот правец Мрежичко – Мајден, проект што го реализира ЈП за државни патишта и Македонијапат со инвестиција вредна над 50 милиони денари. Со оваа значајна инвестиција ќе се подобри безбедноста и квалитетот на сообраќајното поврзување, ќе се олесни секојдневното движење на жителите и ќе се создадат подобри услови за локалниот развој. Продолжуваме со инвестиции кои значат поквалитетна патна инфраструктура и подобри услови за живот за граѓаните, стои во објавата на Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураИталијанска вечер на „Охридско лето“Големата ѕвезда во светот на пијанизмот, Кристијана Пегораро вечерва ќе одржи концерт во рамки на Италијанската вечер на „Охридско лето“. Таа ќе настапи во црквата „Света Софија “ со почеток во 21 часот.Опишана од дневниот весник „Њујорк Тајмс“ како „уметница од најголем калибар“, Кристијана Пегораро настапува во најпрестижните концертни сали во Европа, САД, Јужна Америка, на Блискиот Исток, во Азија и во Австралија. Настапувала пред претседателите на Италија, Серџо Матарела и Карло Азељио Кјампи, пред лидерите во Собранието на ОН, пред гувернерот на Њујорк, пред војвотката од Луксембург и други високи политичари во Италија, Канада и Австрија. Нејзината дискографија вклучува 34 носачи на звук, а за албумот со танго музика од Астор Пијацола е добитничка на Златен медал на Глобалните музички награди во Калифорнија. Добитничка е на повеќе од 50 меѓународни награди и признанија. Во 2019 година ја добива престижната награда „Белисарио“, доделена на церемонија пренесувана во живо од италијанската телевизија РАИ. Неодамна, округот Вестчестер во државата Њујорк ѝ посвети ден од годината, па така според официјалната објава на Советот – 28 Март секоја година се празнува како ден на Кристијана Пегораро. Италијанската вечер на фестивалот „Охридско лето“ се одржува со поддршка на Италијанската амбасада во земјава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС ја покажа својата хипокризија на дело за Гостивар, Филипче молчиСДС ја покажа својата хипокризија на дело за Гостивар, Филипче молчи, ги штити и не бара одговорност за своите функционери.СДС ја покажа својата хипокризија на дело во Гостивар, Филипче молчи, ги штити и не бара одговорност за своите функционери за кои мобилизираше луѓе да гласаат во предизборието на повторените локални избори во Гостивар. Венко Филипче, јавно повикуваше на поддршка за Валбон Лимани, иако токму локалната власт во Гостивар, во која СДС е дел заедно со ДУИ и Арбен Таравари, потфрли во справувањето со кризата со загадената вода за пиење. Факт е дека локалната власт не успеа навремено да го заштити здравјето на граѓаните, поради што Владата и државните институции мораа итно да интервенираат. Беше обезбедена флаширана вода, беше воспоставено снабдување со вода за техничка употреба, а во најкус можен рок ќе се создадат услови водата повторно да биде безбедна и за пиење. СДС нема кредибилитет да зборува за одговорност сè додека ги штити сопствените функционери и ги игнорира нивните неуспеси. Ако навистина веруваат во политичка одговорност, нека почнат од своите редови. СДС и Филипче секојдневно држат лекции за морал, бараат оставки и глумат борци за одговорност, но кога станува збор за нивните функционери тогаш молчат. Филипче молчи и не бара одговорност од својот кандидат Валбон Лимани кој управува со општината. Тоа е вистинското лице на СДС, двојни аршини и лицемерие, бараат одговорност од сите освен за сопствените кадри, за нив целосна амнестија. Време е СДС да престане со лицемерието и да покаже дека законите, моралот и одговорноста важат еднакво за сите, а не само кога тоа им носи политички поени. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter