Рекорден број мигранти пристигнаа во Британија, Сунак под сѐ поголем притисок

Повеќе од 4.600 баратели на азил пристигнале во Велика Британија со брод од почетокот на 2024 година, предизвикувајќи му на премиерот Риши Сунак политичка главоболка.

Податоците на МВР денеска покажале дека до 26 март биле забележани 4.644 лица кои го преминале Ла Манш. Во истиот период лани имало 3.770, а претходниот рекорд бил 4.162 во 2022 година.

Сунак се надева дека планот за враќање на мигрантите од Британија во Руанда ќе ги одврати луѓето од преминувањето на опасниот канал меѓу Британија и Франција. Законот, кој го операционализира тој план, треба да помине во парламентот следниот месец. Вкупниот број на годишни пристигнувања падна за 36 отсто во споредба со рекордната 2022 година, па Сунак тврди дека неговата влада успева да ги „запре чамците“, едно од неговите клучни ветувања пред изборите што се очекуваат на крајот на годината.

Сепак, податоците за трите месеци од 2024 година го изложуваат Сунак на зголемен притисок, чии конзервативци многу заостануваат зад Лабуристите во анкетите. „И покрај доказите за спротивното, Риши Сунак инсистира на британскиот народ дека премините со бродови се намалуваат и дека неговото ветување се одржува“, рече портпаролот на лабуристите.

Новите полицајци му ја запеаја на мин. Тошковски - Бисер Балкански!

На денешната промоција на новите припадници на МВР во Идризово се обрати и тех. премиер Џафери на албански јазик.

За време на официјалниот дел на овој свечен чин присуствуваа: Таљат Џафери, мин. Панче Тошковски, доп. мин. Митко Бојмацалиев и дир. на БЈБ Саши Тасевски.

Новите припадници на полициските служби беа поздравени од тех. премиер Џафери на албански јазик, а по завршувањето на церемонијата во центарот во Идризово, при спуштање на македонското знаме, новите македонски полициски сили кои ја завршија обуката ги поздрави мин. Панче Тошковски а тие му возвратија со поздравна песна - легендарната Бисер Балкански.

Конте седнува на клупата на Наполи

Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Италија, Антонио Конте, се согласил да застане на чело на Наполи, пренесува денеска Раи Спорт.

Според истиот извор, 54-годишниот Италијанец ќе потпише тригодишен договор.

Неговата плата ќе изнесува 6,5 милиони евра годишно.

Конте својот последен тренерски ангажман го имаше на клупата на лондонски Тотенхем, од 2021 до 2023 година.

По 33 кола Наполи е на 8. место во Серија А со 49 бодови.

Во Кочани одбележана 119-годишнината од загинувањето на Никола Карев

Со откривање на спомен биста на патронот во ОУ „Никола Карев“, во Кочани почна одбележувањето на 119-годишнината од загинувањето на македонскиот револуционер и претседател на Крушевската Република.

На свеченоста на која присуствуваа ученици, вработени, граѓани и претставници од централната и локалната власт, беше нагласено дека по три децении од преименувањето, училиштето добива соодветно спомен обележје што ќе го краси училишниот двор.

- Во 1993 година нашето училиште се одделило од друго основно училиште со кое заеднички носеле име на револуционер од југословенското минато. Во таа учебна година го добило сегашното име и имало многу време и простор да се постави обележје на патронот, но токму денеска, нам ни припадна честа да ја реализираме иницијативата. Бистата ја изработи и ја донираше скулпторот Борче Србиновски, за што упатуваме голема благодарност, истакна Александар Андов, директор на ОУ „Никола Карев“.

Учениците и наставниците од ОУ „Никола Карев“ организираа свечена програма со која го одбележаа патрониот празник, а признанија им беа оддадени на сите соработници, поддржувачи и вработени кои во изминатиот период дале придонес во унапредувањето на условите за настава.

Во рамки на одбележувањето на годишнината, денеска претставници од општините од регионот и од граѓански здруженија го посетија спомен паркот во месноста Свиланово, кај кочанското село Рајчани, каде загинал револуционерот. Исто така, почит на великанот му беше на оддадена со положување свежо цвеќе на спомен обележјата во Паркот на Револуцијата во Кочани и кај селото Тркање.

притисни ентер