Реконструкција на Владата во јуни, до тогаш ќе се прават внатрепартиски анализи, најави Мицкоски - Канал 5

Реконструкција на Владата во јуни, до тогаш ќе се прават внатрепартиски анализи, најави Мицкоски

Кои од актуелните министри ќе се збогуваат со функцијата во Владата?

Реконструкција на Владата во јуни, до тогаш ќе се прават внатрепартиски анализи, најави Мицкоски

Премиерот Мицкоски се уште не открива од кого од владиниот тим не е задоволен со најава дека сите дилеми ќе бидат расчистени во јуни. Дотогаш вели дека ќе траат длабински анализи во партијата, па во коалицијата, со цел на крај заеднички да донесат одлуки за промени во ресорите. Не ја исклучува можноста во власта да се приклучат и други партии.

-Правиме анализа, се разбира. И јас лично, но и луѓето од мојот кабинет, имаме некакви индикации, така што, јуни доаѓа, па во јуни ќе имаме повеќе детали. Ние како коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, според мене, на тие преговори ќе излеземе со наш став, и тој став пред сè се должи на нашите анализи. Би сакале да ги слушнеме и ставовите на останатите коалициски партнери и се надевам дека како стратешка коалиција и понатаму ќе продолжиме успешно да ја водиме македонската Влада,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Мицкоски не прецизира дали има одлука за министерот за социјална политика Фатмир Лимани и вицепремиерот Арбен Фетаи, за кои најмногу се зборува дека ќе бидат опфатени со реконструкцијата. Фетаи подолг период воопшто не ни оди на работа, а Лимани веќе се изјасни дека расчистил со Вреди, па оттаму за Канал 5 велат дека е логично е тој да биде сменет од министерската функција.

Засега непознато е и дали ЗНАМ ќе остане со ист третман во извршната власт, со оглед на тоа што останаа без еден пратеник откако Миле Цеков одлучи да настапува како независен. Од партијата на Максим Димитриевски негираат дека нивната пратеничка група ќе се намалува уште повеќе.

-Тоа се шпекулации. Гледате зад кој пулт стојам. Јас сум актуелен Претседател на општинската организација на Движењето ЗНАМ во Куманово, дел од пратеничката група на Движењето ЗНАМ и стојам денеска пред вас и самите можете да заклучите каде припаѓам. Ќе продолжам и во наредниот период да делувам во тој контекст,- Даниел Стојчевски – пратеник на ЗНАМ.

Инаку деновиве се реактуелизира темата за предвремени парламентари избори, за што од речсиси сите партии изразија подготвеност. Премиерот Мицкоски кажа тој е за редовниот термин на избори за две години, но изразува подготвеност ако се одржат и порано – во 2027ма година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Чистка на Мурињо- од Реал заминуваат петмина, вредни 175 милиони евра

Сѐ уште се договара составот на Реал Мадрид за новата сезона, а се очекуваат доаѓања и заминувања. 

Чистка на Мурињо- од Реал заминуваат петмина, вредни 175 милиони евра

Во тек се преговори со РБ Лајпциг околу трансферот на крилниот напаѓач Јан Диоманде, кој минатата сезона ја мина во Леганес и е блиску до потпис за Мадрид. Тој би бил петтото ново засилување за тимот на Жозе Мурињо, но веројатно не и последното што ќе пристигне на крајот од преодниот рок. Исто така, ќе мора да си заминат и неколку поранешни ѕвезди.

Освен Диоманде, последните денови се споменуваше и евентуалното доаѓање на Родри, иако мадриѓаните се уште демантираат дека презеле конкретни чекори кон играчот од средниот ред на Манчестер Сити. Според информациите на Ас, се уште нема официјална понуда, но се знае дека играчот сака да се врати во шпанската лига и дека Реал Мадрид е неговата прва опција.

Пристигнувањата се условени со заминувања

За да направи простор за пристигнувања, особено во средниот ред, Реал Мадрид ќе мора да продаде некого. Доаѓањето на Бернардо Силва создаде гужва на средината на теренот, а ниту еден од играчите од средниот ред се уште не си заминал. Единствената промена засега е заминувањето на Дани Себаљос, кој играше малку минатата сезона и продолжувањето на договорот на Орелиен Тчуамени.

Мурињо јасно истакна дека бара брза и директна игра од тимот. Тој е задоволен од постоечкиот кадар, но е отворен за дополнителни нови сили. Со доаѓањето на Диоманде многу сигурно, вниманието се свртува кон Винисиус Јуниор. Бразилецот за неколку дена се враќа во Мадрид, а раководството на клубот сака што поскоро да го дефинира неговиот статус. На клубот не му се допаѓа неизвесноста бидејќи неговиот договор е пред истекување.

Можни заминувања:

Раул Асенсио (20 милиони евра според Transfermarkt)

Гонзало Гарсија (30)

Франко Мастантуоно (45)

Брахим Дијаз (35)

Едуардо Камавинга (50)

Дијаз и Камавинга јасно ставија до знаење дека сакаат да останат. Асенсио се надева дека ќе се бори за останување, но нема да биде лесно и неговиот агент Жорге Мендеш веќе бара нов клуб. Од друга страна, познато е дека заминуваат Гонзало Гарсија и Франко Мастантуоно. Гарсија ќе биде продаден, а Мастантуоно ќе оди на позајмица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Беким Сали оствари средба со државниот секретар за ЕУ на Кралството Шпанија, Фернандо Маријано Сампедро Маркос

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали оствари средба со државниот секретар за Европската Унија на Кралството Шпанија, Фернандо Маријано Сампедро Маркос.

Беким Сали оствари средба со државниот секретар за ЕУ на Кралството Шпанија, Фернандо Маријано Сампедро Маркос

Во рамки на работната посета на Мадрид, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со државниот секретар за Европската Унија на Кралството Шпанија, Фернандо Маријано Сампедро Маркос.

На средбата беше разговарано за напредокот на европската интеграција на Македонија, спроведувањето на Реформската агенда, како и за актуелните случувања во рамките на политиката на проширување на Европската Унија.

Министерот Сали се заблагодари за континуираната поддршка што Шпанија ја дава на европската перспектива на нашата држава и ја потврди посветеноста на Владата за продолжување на реформите и исполнување на обврските на патот кон членство во Европската Унија.

Двајцата соговорници ја потврдија важноста од блиската билатерална соработка и континуираната координација во европските процеси, изразувајќи подготвеност за понатамошно продлабочување на односите меѓу двете земји.

Кабинет на министерот за европски прашања

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Израелските доселеници запалија две џамии и оставија порака: Еврејска одмазда (ВИДЕО)

Израелските доселеници вчера нападнаа палестински села во окупираниот Западен Брег, запалувајќи две џамии и пишувајќи графити на нив, соопштија палестински претставници.

Израелските доселеници запалија две џамии и оставија порака: Еврејска одмазда (ВИДЕО)

Нападите следеа по судирите во петокот во кои загинаа четворица Палестинци и двајца израелски војници, од кои едниот беше координатор за безбедност на блиската израелска населба. Судирот се случи кога група израелски доселеници, од кои некои беа вооружени, се приближија до палестинското село Тал, југозападно од Наблус.

Селаните излегоа од своите куќи за да се соочат со доселениците, по што следеше пресметка. Палестинските локални власти тврдат дека доселениците го предизвикале насилството, додека израелската војска вели дека двете страни пукале.

Ова беше последниот во низата конфликти оваа година во кои беа вклучени доселеници. Според Обединетите нации и Палестинската самоуправа, десетици Палестинци беа убиени во овие инциденти, а стотици беа ранети.

Некои израелски министри повикуваат на анексијата на Западниот Брег

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој се соочува со избори во октомври, нареди голема безбедносна операција против она што го нарече тероризам насочен кон израелските цивили. Во исто време, тој ги зголеми воените сили на Западниот Брег и го откажа отсуството за војниците.

Некои членови на неговата влада, вклучувајќи го и екстремно десничарскиот министер за финансии Безалел Смотрих, повикаа на анексија на Западниот Брег, територија што Израел ја зазеде во Блискоисточната војна во 1967 година.

Палестинските власти велат дека доселениците извршиле серија напади врз села во различни делови од Западниот Брег во текот на ноќта од сабота до недела. Претседателот на локалниот совет на селото Кусра, југоисточно од Наблус, Абдел Азим Вади, рече дека доселениците ја запалиле новата џамија.

„Џамијата била во последна фаза од изградбата и подготвена да ги прими верниците. Веќе била опремена со мебел. Ја запалиле и напишале слогани на хебрејски јазик на ѕидовите“, изјави тој за Ројтерс. Меѓу графитите имало пораки како „Еврејска одмазда“ и името на еден од Израелците убиени во близина на Тал.

Израелска армија: Ги осудуваме нападите врз верски објекти

Палестинската власт, која управува со делот од Западниот Брег каде што се случи пукањето во петокот, изјави дека тоа е дел од поширок напад врз Палестинците. „Тероризмот на доселениците поддржан од израелската држава прераснува во систематски погроми низ окупираниот Западен Брег“, објави канцеларијата на палестинскиот премиер на социјалната мрежа X.

Израелската армија потврди дека војниците испратени во Кусра, која се наоѓа во близина на неколку големи израелски населби, пронашле графити и траги од палење и дека ги бараат сторителите. Таа додаде дека полициските истражители ќе соберат докази.

„Безбедносните сили остро ги осудуваат ваквите инциденти, вклучително и нападите врз верски објекти, и ќе дејствуваат решително за да ја одржат безбедноста и јавниот ред во областа“, објави армијата.

Палестинците го гледаат Западниот Брег како темел на идната независна држава

Во одделни инциденти, палестинските власти велат дека доселениците запалиле џамија во близина на селото Кур, југоисточно од Тулкарем, и нападнале палестински работници во фабрика за преработка на камен во градот Кафр Малик надвор од Рамала.

Членот на локалниот совет на селото Кур, Фарид Џијуси, рече дека тројца доселеници ја запалиле џамијата во зори, но верниците го изгаснале пожарот пред да се прошири на главниот дел од зградата. „Ова е првиот напад што го доживеа нашето село“, рече Џијуси, додавајќи дека напаѓачите напишале и графити на хебрејски јазик на ѕидовите на џамијата.

Израелските населби на Западниот Брег се сметаат за нелегални од повеќето држави и тела на Обединетите нации, што Израел го отфрла. Палестинците го гледаат Западниот Брег како темел на идната независна држава, додека Израел го темели своето барање за територијата на историски и библиски врски. Владата на Нетанјаху, која се спротивставува на воспоставувањето палестинска држава, брзо ги проширува постојните населби и гради нови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер