КултураРеконструкција на првото училиште на македонски јазикОбјектот во кој било сместено првото училиште со настава на македонски јазик во с. Подвис, Кичевско годинава ќе биде реконструирано со средства обезбедени преку Годишната програма на Министерството за култура.Училиштето во с. Подвис започнало да работи на 23 септември 1943 година, само шест дена по ослободувањето на Кичево, кога учителот Василко Лазарески го одржал првиот час на македонски јазик на слободната територија на Македонија. - Овој објект се наоѓа во незавидна и руинирана состојба. Од тие причини и заради зачување и соодветен третман на ова значајно спомен-обележје за македонската историја, култура и образование, стручните екипи на Националниот конзерваторски центар интензивно работат на проектот за негова целосна санација и реконструкција која ќе се спроведува во неколку фази, соопшти Министерството за култура. Реализацијата на проектот за реконструкција и санација на овој значаен споменик на културата е дел од заложбите на Владата на Република Македонија и на Министерството за култура за соодветен третман и достојна презентација на објектот во кој пред 70 години за првпат се одржала настава на македонски јазик. /Извор: МИА/Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Бутел ја доби својата оаза - победи зеленилото наспроти бетонизацијатаГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денеска заеднички официјално го пуштија во употреба новиот мега парк „Бутелска оаза“.- Бутел доби ново зелено срце. Место што ќе им припаѓа на граѓаните, ќе зближува генерации и ќе создава спомени. Има посебна радост кога дадениот збор ќе стане место исполнето со детска смеа. Се сеќавам, кога ја подготвувавме програмата за Скопје, Дарко побара да изградиме парк десет пати помал од овој што денес го отвораме. Ги разгледавме можностите и решивме да направиме многу повеќе - еден од најголемите мега паркови во Скопје, каков што Бутел заслужува. Денес, таа одлука е реалност пред нашите очи. На просторот каде што се планираше бетонизација, сега има огромна зелена површина, реквизити за најмладите, пешачки зони и фитнес зони за рекреација. Место за првите детски чекори, за младите и нивните дружења, за семејните прошетки и за спокојните утра на нашите пензионери. Простор за сите генерации. Простор за секој граѓанин – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека за одржување на зеленилото, целиот комплекс има сопствен систем за наводнување со техничка вода. - Создаваме парк со услови за долгорочно и одржливо одржување, за во неговата убавина да уживаат и генерациите што доаѓаат. Секое засадено дрво е влог во почист воздух. Секоја нова зелена површина е придонес за помалку урбана жештина. Секој нов парк е повеќе простор за здравје, рекреација и поквалитетен живот. Тоа е Скопје за кое работам. Град во кој секое маало е важно, секоја општина добива внимание и секој граѓанин заслужува уреден и достоинствен простор за живот. Бутел ја доби својата оаза. Скопје доби уште една причина за гордост. Да ја чуваме, затоа што ова е наше заедничко богатство – рече Ѓорѓиевски. Ѓорѓиевски нагласи дека со гордост може да каже дека ветеното за Бутел за неговиот четиригодишен мандат е реализирано уште во првата година и посака новиот мега парк „Бутелска оаза“ да биде полн со живот, детски џагор и убави моменти.Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоОд утре до вторник претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дождПод влијание на циклонска активност од утре до вторник (03.11.) времето ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи. . Пообилни врнежи ќе има во недела и во понеделник кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник. На повеќе места се очекува да наврне поголема количина на дожд (над 25 l/m² за 24 часа), а во текот на прогнозираниот период локално и над 60 l/m2. Во Скопје, од утре до вторник времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Во недела и во понеделник кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник врнежите ќе бидат пообилни. За целиот прогнозиран период во Скопската Котлина се очекува да наврне над 40 l/m2 дожд. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски: Автопатот Скопје-Блаце директно не поврзува со пристаништето во БарПоквалитетно инфраструктурно поврзување на Македонија со регионот е врвен приоритет на Владата. Како земја која нема излез на море, градиме инфраструктура што директно ќе не поврзе со три пристаништа, истакна заменик претседателот на Владата Александар Николоски на средбата со заменик претседателот на Владата на Црна Гора, Филип Ивановиќ. Ова според вицепремиерот Николоски е нова можност за развој на домашната економија, трговската соработка со земјите но и нови пазари за компаниите. “ Македонија на крајот на август месец почна да го гради автопатот Скопје-Блаце, кој што значи директно поврзување со Црна Гора, автопатско поврзување и значи отварање на Македонија кон трето пристаниште, тоа е пристаништето Бар. Имајќи предвид дека веќе имаме добра поврзаност со пристаништето Солун, градиме поврзување со пристаништето Драч и со изградбата на овој автопат ќе имаме едно одлично поврзување и со пристаништето Бар и на тој начин го правиме она што е најдобро за државата, а тоа е како држава која што не излегува на море да имаме излез на најмлаку три пристаништа” – истакна Николоски. Министерство за транспорт Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter