Реката Сава се излеа од коритото во Загреб (ВИДЕО) - Канал 5

Реката Сава се излеа од коритото во Загреб (ВИДЕО)

Поради големи количества врнежи, Сава во Загреб утрово се излеа од коритото.

Реката Сава се излеа од коритото во Загреб (ВИДЕО)

Во Загреб денеска се очекува облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец, а на околните планини засилен.

Температурата на воздухот од 9 до 13°С, пишува ДХМЗ. Во Загреб до утрото наврнале околу 50 литри дожд на метар квадратен.

YouTube video

Лишен од слобода возач од Струшко затоа што пијан управувал возило

 Во ресенското село Јанковец вчера во 01:10 часот полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Ресен го лишиле од слобода М.Е.(35) од село Радолишта, струшко.

Лишен од слобода возач од Струшко затоа што пијан управувал возило

МВР денеска соопшти дека при сообраќајна контрола е сопрено патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,56 промили алкохол во крвта.

Тој бил исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Дел Пјеро доби тренерска лиценца

Поранешниот напаѓач на Јувентус и Италија, Алесандро Дел Пјеро доби тренерска лиценца од Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ).

Дел Пјеро доби тренерска лиценца

- Од денес можете да ме нарекувате „Господине“. Благодарност до „FIGC“ и сите ментори кои ме придружуваа на овој курс.

Благодарен сум на сите луѓе кои соработуваа и ги споделија своите искуства со мене на ова важно едукативно патување, напиша Дел Пјеро на социјалните мрежи.

Педесетгодишниот Италијанец ја заврши кариерата во 2015. Играше за Јувентус, Падова, австралискиот Сиднеј и индискиот Делхи Динамос.

За италијанската репрезентација Дел Пјеро има и 27 гола на 91 одигран натпревар.

МВР со детали за сообраќајната несреќа на новиот експресен пат Прилеп - Градско

СВР Велес претпладнево сподели официјална информација за сообраќајната несреќа од синоќа, на експресниот пат Прилеп - Градско. 

МВР со детали за сообраќајната несреќа на новиот експресен пат Прилеп - Градско

- Синоќа околу 19:50 часот, во СВР Велес е пријавено дека на исклучокот од новоизградениот експресен пат Прилеп-Градско за приклучокот на автопатот А-Градско-Скопје, товарно возило „МАН“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(41) од Скопје, удрило во метална еластична ограда и сообракајни знаци. Во несреќата со телесни повреди се здобил возачот констатирани во Општа болница Велес. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Велес, соопштија од СВР Велес.

Оттаму потсетија дека синоќа во периодот од 20:10 часот, до утрово до 01:20 часот, патничкиот и товарниот сообраќај на новоизградениот експресен пат беше во прекин и беше пренасочен по регионалниот пат Градско -Росоман.

Од СВР Велес информираа исто така дека синоќа во 22:12 часот во ОВР Кавадарци, Р.А.(18) од село Марена, кавадаречко, пријавил дека на улица „Клинска“ во градот, бил физички нападнат од Р.Ф. и М.Ф. Се преземале мерки за расчистување на настанот.

притисни ентер