3СДСМ: Две и пол години ВМРО-ОКГ и Мицкоски, што доби Македонија? Сиромаштија, изолација и празен фрижидер!
МакедонијаРегулаторна ќе ги проверува броилата за струјаСекое домаќинство ќе си плати толку колку што потрошило електрична енерија и ниту еден денар повеќе, рече денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Беслимовски во утринската програма на Канал 5, „Здраво Македонијо“. Ова доаѓа откако голем број граѓани се пожалија дека јануарските сметки за струја се нереално повисоки во споредба со претходно. Со цел да се утврди дали има проблем со отчитувањето, Бислимовски најави дека ќе бидат креирани технички тимови кои ќе извршат мониторинг во работењето на ЕВН и електродистрибуција, кои во присуство на потрошувачите ќе ги тестираат броилата. Според најавите, тоа ќе биде завршено во наредниот период од 2 до 3 недели. -Со ЕВН Хоум се договоривме некои сметки кои што се изготвени, да бидат корегирани од страна на ЕВН Хоум . Доколку периодот на отчитување бил 90 дена во тие случаеви првиот блок нема да биде до 210 киловат часови туку ќе биде до 630 киловат часови и на тој начин очекувам да бидат корегирани голем број фактури,-- Марко Бислимовски- претседател на Регулаторна комисија За јануарските сметки до Регулаторна стигнале 370 жалби од граѓани. Граѓаните кои имаат приговор на сметките, според процедурата, треба сметката прво да ја обжалат во ЕВН Хоум, а потоа со одговорот од ЕВН да се обратат во Регулаторната комисија. Цената на стујата во декември се покачи за 0,92 проценти. Бислимовски објаснува дека најголем дел од трошоците при определувањето на цената е набавката на електричната енергија по 62 евра за мегават час а треба и трошоците за мрежата, како преносна така и дистрибутивната мрежа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРегистриран силен земјотрес во ИндонезијаЗемјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот Сумбава во Индонезија, соопшти Германскиот истражувачки центар за геолошки науки (GFZ).Земјотресот се случил во саботата во 22:55 часот по Гринич, со епицентар на длабочина од 10 километри. Според прелиминарните податоци од „GFZ“, епицентарот е регистриран на 9,69 степени јужна географска ширина и 118,93 степени источна географска должина. Засега нема информации за можни жртви или материјална штета.Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Нови градинки, спортски сали и мега-парк во Карпош за поквалитетен живот на граѓанитеВо изминатиот период во Карпош фокусот е на она што им е најважно на граѓаните на чистотата, инфраструктурата и подобри услови за живот.Општина Карпош продолжува со реализација на конкретни проекти насочени кон подобрување на секојдневниот живот на граѓаните. Во изминатиот период беа преземени низа активности за уредување на општината. На критични локации беа расчистени над 3.500 кубни метри наталожен материјал, а со отстранување на хаварисани возила беа ослободени повеќе од 150 паркинг места. Во делот на инфраструктурата, завршена е реконструкцијата на улиците „Џумајска“ и „Трифун Бузев“, реконструиран е дел од „Бранислав Нушиќ“, а започна и реконструкцијата на „Јуриј Гагарин“ во Козле. Во периодот што следува, Општина Карпош го продолжува инвестицискиот циклус со изградба на детската градинка „Пролет 2“, нови и унапредени спортски сали, како и реализација на мега-парк и нови зелени површини. Целосно беа обновени игралишта на повеќе локации кај фонтаната во Карпош 3,плоштад ПБК – спроти студентски дом „Гоце Делчев“, ул. Никола Парапунов спроти „Специјал" Карпош 4, во дворот на ООУ „Ј. А. Коменски„, ул. Љубљанска до Адреналинскиот парк, ул. Јуриј Гагарин 23, ул. Јуриј Гагарин (помеѓу 25 и 35), плоштад Млечен, во населба Жданец (кај спортските терени), ул. Козле 8, Нерези. Фокусот останува на повеќе инвестиции, подобра инфраструктура, повеќе зеленило и поквалитетни услови за живот. Карпош продолжува да се развива со конкретни проекти и видливи резултати. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
МакедонијаСДСМ: Две и пол години ВМРО-ОКГ и Мицкоски, што доби Македонија? Сиромаштија, изолација и празен фрижидер!Гета. Нула денари чини, рече арамијата Мицкоски. За 24 часа вистината излезе на виделина: 5,53 милиони евра од Лотарија. Дивиденда што требаше да оди во буџет. Пари на граѓаните, фрлени на бина.Пет нови рудници во просторниот план до 2040 година. Антимон кај Крива Паланка- пет милиони долари грант, помалку од концерт на ди-џеј. Јаловина во почва и вода. Дата-центри за туѓа дигитализација: струја на грб на граѓанинот, вода на земјоделецот. Гостивар - дванаесет недели без извештај дека водата е чиста. Над педесет места без информации. Лепенец и Вардар затруени, без име, без да се знае кој, без одговорност. Ѓубре во Скопје на секој чекор. Проверка од дрон. А одговорни нема. Броила: Адамовиќ–Мицкоски, извршители Божиновска–Лазаревиќ, Руднап. Орбанови автобуси во круг. Криминални тендери од стотици милиони евра. Тендер за татко, па таткото не е татко. Обвинителство на повик. За вода нема одговорен. За тендери нема одговорни. Циркус-дипломатија. Две недели екскурзија, педесет луѓе, стрини и тетки, на народен грб. Лобирање од 1,56 милиони долари, платено од трговец со оружје. Резултат: ходник со Рубио, пет милиони за антимон. Концертот поскап од „стратешката инвестиција“. Потрошувачка кошница со изнајмен стан - 95.000 денари. Гориво преку 100 денари. Земјоделците се на раб на егзистенција, работат без пари, нема откуп, нема субвенции, ИПАРД загорзен затоа што директорот е уапсен за корупција. Нема реформи. Има руска агенда и агенда на Вучиќ. Министри од кругот на БИА го слават осудениот воен злосторник Ратко Младиќ. Економски колапс. Работниците се понижени, нема пари за поголеми плати, нема пари за минимална плата од 600 евра. Пензионерите се украдени. Нема пари за пензии. Дупката во ПИОМ зголемена на 1 милијарда евра. Вториот столб сакаат да го национализираат. Сега нов предлог - да им се земат парите на луѓето за да се инвестира. Од каде, кога нема пари? Значи ново задолжување. Секоја недела државата зема 40, 50, 70, 100 милиони евра. За две години - четири милијарди евра нов долг. Половина од долгот за 30 години независност. Сè е потрошено на криминални тендери. Нема подобри услови за преговори со ЕУ. Фон дер Лајен го кажа во лице: идентитетот и јазикот се зачувани. Чекорот останува. Ковеши пред членство. Тој е незадоволен. Затоа што лагата му ја одзедоа. Што донесоа две и пол години ВМРО и Мицкоски? Сиромаштија. Изолација. Уништено стопанство. Полош стандард. Уште поголемо иселување на младите. „Трета економија“ во Европа со празни празни паричници и празни фрижидери. Што сега? Пролетни избори? Да избега од обврските кон ЕУ? Да му фрли ракавица некој Спутник? Да го предизвика големиот арамија? Да рече: народе, бирајте. Уште лаги. Уште анти-ЕУ пропаганда. Уште Латас и останатите. СДСМ нема да биде алиби. Власта наскоро се враќа во рацете на граѓаните. Бандата ќе одговара пред независно судство и европско обвинителство. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook