Регистрирани се 491 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, починале 16 заболени

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 3.747 тестирања, а регистрирани се 491 нови случаи на КОВИД-19.

Во Скопје – 232, Куманово – 41, Штип – 26, Велес – 20, Битола – 19, Охрид – 17, Кавадарци – 16, Прилеп – 15, Струмица – 14, Свети Николе и Кратово – по 10, Кочани и Радовиш – по 8, Гостивар и Кичево – по 7, Гевгелија и Валандово – по 6, Струга и Берово – по 5, Ресен – 4, Тетово и Пробиштип – по 3, Крива Паланка, Виница и Демир Хисар – по 2, Неготино, Делчево и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани сe 416 оздравени пациенти од: Скопје – 214, Струмица – 70, Куманово – 23, Тетово – 16, Штип – 12, Кочани и Кичево – по 10, Гостивар – 9, Битола – 8, Велес и Кавадарци – по 7, Прилеп и Свети Николе – по 5, Крива Паланка и Богданци – по 3, Охрид, Кратово, Радовиш и Пробиштип – по 2, Гевгелија, Валандово, Ресен, Македонски Брод, Македонска Каменица и Дојран - по 1.

Починале 16 лица: 8 починати лица од Скопје (88г, 82г, 82г, 76г, 72г, 72г, 71г и 64г), 3 починати лица од Куманово (80г, 71г и 65г) и по едно починато лице од Струмица (71г), Тетово (61г), Охрид (85г), Штип (86г) и Берово (45г).

Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 6 лица, со датум на смрт во период од 14.09.2021 до 20.09.2021 година. Овие починати лица се: по 2 од Скопје и Штип и по едно починато лице од Струга и Кичево. Починатите се на возраст од 54-83 години, од кои 3 лица починале во болнички услови, додека 3 лица се починати во домашни услови.

Направени се 3.747 тестови преку: ИЈЗ-363, ЦЈЗ Скопје-69, ЦЈЗ Битола-63, ЦЈЗ Прилеп-47, ЦЈЗ Тетово–74, ЦЈЗ Куманово-63, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–158, Жан Митрев (Филип Втори)-135, Авицена-168, Биотек-290, Систина-77, лабораторија Лаор-176, Синлаб-30, Ремедика-31, Плодност–64, Генеа-16, Никоб лаб-350, ВФВ Медикал-72, Ели Медика-64, Ројал Медика –26, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.409.

Досега во земјата се направени вкупно 1.261.880 тестирање на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 188.113 бројката на оздравени пациенти е 169.116, на починати е 6.511, а бројот на активни случаи изнесува 12.486.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 81663, Активни 5709

Куманово 11116 920

Тетово 10767, Активни 971

Прилеп 8944, Активни 285

Гостивар 7932, Активни 507

Битола 6977, Активни 257

Велес 6077, Активни 297

Охрид 5844, Активни 559

Кавадарци 5777, Активни 212

Струмица 5632, Активни 405

Штип 5593, Активни 236

Кичево 3895, Активни 423

Струга 3763, Активни 540

Кочани 3158, Активни 133

Гевгелија 2367, Активни 78

Неготино 2300, Активни 44

Свети Николе 1838, Активни 109

Ресен 1518, Активни 105

Радовиш 1489, Активни 112

Дебар 1444, Активни 127

Крива Паланка 1361, Активни 57

Берово 1200, Активни 37

Делчево 1111, Активни 67

Виница 1011, Активни 47

Пробиштип 900, Активни 43

Валандово 794, Активни 34

Богданци 544, Активни 17

Кратово 541, Активни 57

Крушево 518, Активни 15

Македонски Брод 463, Активни 32

Демир Хисар 428, Активни 18

Демир Капија 406, Активни 4

Пехчево 310, Активни 8

Македонска Каменица 293, Активни 20

Дојран 139, Активни 1

Одделение за односи со јавност

Министерство за здравство

Мицкоски:ДУИ секогаш, буквално секогаш кога краде највеќе, се прикрива со етнички теми

Кога Ахмети вели дека Македонците немале паметници, тоа значи дека не знае каде да погледне, денес 28 април, најзвучно се говорат имињата на 8 бранители кои ги положија животите 2001 година во Вејце убиени во заседа

ДУИ секогаш, буквално секогаш кога краде највеќе, се прикрива со национални и етнички теми. А денес тие се прикриваат зад завесата Европа. И додека устите им се полни со Европа, а Ковачевски понизно ги слуша и коленичи пред Ахмети, него го слушаме среде Скопје како скандира УЧК, УЧК, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Битола.

„Тие зборови кажани од овој човек извалкан со тежок криминал и крвави раце облечен во одело кое не му ги пере гревовите, се навреда и за Албанците кои ги краде најмногу, и за нас Македонците. И кога Ахмети вели дека Македонците немале паметници, тоа значи дека тој само не знае каде да погледне. А овде Битола раѓала јунаци со храбри срца кои своите животи ги поклонувале пред олтарот на слобода за нашата татковина. И има многу такви, стотици и илјадници, но денес 28 април, најзвучно се говорат имињата на 8те бранители меѓу кои четворица битолчани, македонски херои кои ги положија животите таа 2001 година во Вејце, ѕверски убиени во подла заседа“, кажа Мицкоски.

Мицкоски укажа дека токму тие бараа херои.

„Еве ги нашите. Марјан Божиновски 27 години, Кире Костадиновски 24 години, Бошко Најдовски 25 години, Илче Стојановски 24 години, Роберт Петковски 27 години, Бобан Трајковски 28 години, Миле Јаневски 30 години, Игор Костески 25 години... Слава им. Македонија вечно ќе го памети нивното дело за нашата слобода. И оттука испраќам порака во иднина да се внимава кога се изговараат лесно зборови кои отвораат рани кои не се залечени“, кажа Мицкоски.

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ партнерот ќе го бара во албанската опозиција, во партиите со кои ќе споделуваме исти вредности и принципи, а за ДУИ време е за опозиција и одговорност

ДУИ како политичка партија дојде на власт со приказна за човекови права, а заврши како партија која печали врз човековите права и ги краде и своите и другите. И затоа овие избори е времето кога треба да им се каже толку беше. Време е за опозиција и одговорност, рече Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Битола.

„И една порака до ДУИ. Овие денови сум преплавен со пораки и абери кои ми ги праќаат од Речица. Па како човек секогаш сум бил директен, престанете да ми ги праќате оние емисари и курири по разно разни канали кои велат да сум размислел да направиме коалиција после изборите. Не знам дали знаете или не, но јас не сум ви Ковачевски, ниту неговиот претходник. Со мене такви договори на штета на народот и под маса немало и нема да има“, рече Мицкоски.

Мицкоски укажа дека ВМРО-ДПМНЕ партнерот ќе го бара во опозицијата, во партиите со кои ќе споделуваме исти вредности и принципи.

„Време е ДУИ да биде заменето со партии кои ќе работат за сигурна иднина на сите граѓани и со која заедно ќе се бориме за заедничката иднина“, изјави Мицкоски.

Со Почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Секси боксерка заврши во затвор поради кражба!!

Атрактивната Арабела Дел Брусо е поранешна реалити ѕвезда,  сега боксерка и девојка на американскиот фудбалер Џош Рејнолдс.

Сексапилната Арабела моментално отслужува 20-месечна затворска казна за грабеж на работно место од 52.000 долари, што го направила пред нејзината кариера во боксерскиот ринг.

На атрактивната дама зад решетки не и е лесно, а на новинарите им открила детали од траумата зад решетки и испратила писмо до медиумите.

- Претресите не само што трауматизираат, ме прават да се чувствувам понижено затоа што секој пат морам да се соблечам пред двајца чувари. Едниот стои пред мене, другиот позади. Потоа прво треба да го подигнам градникот и да ги покажам градите, а после тоа едната ми ги соблекува гаќите до колена или целосно, па морам да се наведнам, да го раширам задникот и да ја подигнам едната, а потоа другата нога. Се чувствувам несигурно, се плашам дека другите ќе дознаат кој сум. Деновите ги поминувам со наведната глава, но секој ден е потежок. Изоставив некои работи бидејќи знаев дека вработените во затворот ќе го прочитаат писмото, не сакав да знаат некои работи кои ќе ја загрозат мојата безбедност – напишала меѓудругото Арабела во писмото до медиумите.

Ковачевски: Гласањето ПРОТИВ е краткорочна казна со долгорочни последици за државата

Гласањето ПРОТИВ е краткорочна казна со долгорочни последици за државата, гласањето ЗА значи прогрес и подобра држава.

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на вечерашниот митинг во Крушево, ги повика граѓаните пред да гласаат на 8-ми мај, убаво да размислат дали ќе дадат глас „за“ или глас „против“. Го повикувам сите граѓани да размислат кој заслужува да ја води државата, рече Ковачевски.

„Гласањето ПРОТИВ не ѝ носи добро на Македонија. Само ако гласаме ЗА може да одиме напред и да изградиме подобра држава за нашите деца, држава во која тие ќе сакаат да живеат. Со глас ПРОТИВ можеби ќе казните некого, но во исто време ќе ги казните и сопствените деца. Таа краткорочна казна може да има долгорочни последици за државата. Затоа ве повикувам масовно да гласате ЗА европска иднина. Да гласате ЗА Стево Пендаровски, за претседател и ЗА СДСМ и Коалицијата за европска иднина на парламентарните избори“, порача Ковачевски.

При тоа, Ковачевски им се заблагодари на членовите, симпатизерите и поддржувачите на СДСМ кои останале доследни на социјал-демократската идеја на партијата.

„Многу е поголемо задоволството кога ќе се измачиш во борба со својот политички и идеолошки противник, отколку да ја избереш полесната опција и да се свртиш против своите. Тоа е јалова борба, во која никогаш нема победник, а тој што се борел против своите си оди дома како најголем губитник. Затоа ние избравме да се бориме со идеи, со визија, со конкретни проекти, а не со кавга со довчерашните сојузници и истомисленици“, истакна Ковачевски.

Лидерот на СДСМ порача дека основната цел на програмата на Коалицијата за европска иднина е брзи, ефикасни и успешни преговори со ЕУ затоа што само на тој начин како држава може да обезбедиме повисок животен стандард, поефикасна борба против криминалот и корупцијата, подобро образование и здравство.

Скопје, 28 април 2024

СДСМ

притисни ентер