Регионалниот фонд за предизвици продолжува со инвестиции во образованието - Канал 5

Регионалниот фонд за предизвици продолжува со инвестиции во образованието

Почна вториот повик на Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ) за поднесување Изјави на интерес – шанса за конзорциумите да добијат неповратни средства во висина од 150.000 до 600.000 евра.

Регионалниот фонд за предизвици продолжува со инвестиции во образованието

РЦФ ги повикува заинтересираните конзорциуми за заедничко спроведување програми за кооперативна обука, кои се составени од установи за стручно образование и обука и претпријатија, да аплицираат и да се натпреваруваат за можноста да остварат значителни инвестиции во опрема за обука и капацитети за обука при установите за стручно образование и обука и да поттикнат воведување нови технологии.

Тие имаат можност да го поддржат развојот на методологии за кооперативна обука заради ефективно справување со недостигот на човечки ресурси и стратешки пристап кон градењето на капацитети, да помогнат во подобрување на вработливоста на учениците/учесниците од стручното образование и обуки и нивно интегрирање на пазарот на трудот и да ја подобрат продуктивноста и конкурентноста на локалните претпријатија како резултат на успешно спроведените програми за обука.

Вториот Повик за изразување интерес е во тек, отворен е од 7 март до 14 април 2022. Повикот се објавува истовремено во шесте држави од Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија. РЦФ е отворен и очекува апликации од сите шест држави и од сите економски сектори.

Изјави за изразување интерес може да поднесат конзорциуми составени од установи за стручно образование и обука и најмалку две претпријатија кои заедно подготвуваат и реализираат програми за дуално образование или кооперативна обука. Конзорциумите треба да бидат предводени од установи кои нудат стручно образование и обука и спроведуваат програми кои водат кон стекнување национално признати квалификации.

Процесот на аплицирање за поддршка од Регионалниот фонд за предизвици се одвива во две фази. На почетокот конзорциумите поднесуваат формулар за Изјавување на интерес, а потоа тие кои ќе бидат првично избрани по завршување на првата фаза поднесуваат и целосни предлог-проекти со детален план за инвестирање.

Информативната сесија за Македонија, во текот на која ќе бидат објаснети деталите за конкурсот, условите за подобност, прифатливите трошоци и процедурите за аплицирање, ќе се одржи онлајн на 16 март 2022 година во 14 часот. Заинтересираните за учество може да се пријават на линкот: https://us06web.zoom.us/webinar/register/WN_so7u–1zQWqau1xZrM9WMw.

Дополнителни информации за вториот повик и поднесувањето на Изјавите на интерес, вклучувајќи ги и насоките за заинтересираните апликанти, се достапни на веб-страницата www.rcf-wb6.org.

Регионалниот фонд за предизвици имаше многу успешен прв Повик за изразување интерес, отворен во 2021 година, од кој произлегоа 37 најуспешни проекти со предлог за финансирање и беа доделени приближно 15,4 милиони евра на регионот на Западен Балкан.

РЦФ е финансиски инструмент чија цел е да ја зголеми вработливоста, особено кај младите. Фондот ја поттикнува конкурентноста на претпријатијата во економиите од Западен Балкан преку финансирање инвестиции во опрема и инфраструктура за избрани кооперативни проекти и проекти за стручно и дуално образование кои се спроведуваат по пат на партнерства помеѓу установите за стручно образование и обука и претпријатијата. Грантовите се доделуваат преку натпревар на регионално ниво. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превозниците најавија протест пред Делегацијата на ЕУ во Скопје на 31 август

Превозниците најавија протест пред Делегацијата на ЕУ во Скопје на 31 август

Македонските превозници на 31 август најавуваат протест поради проблемот со ограничувањето на престојот на професионалните возачи во Шенген-зоната на 90 дена во рамките на 180 дена.

Од асоцијацијата „Макам-Транс“ информираат дека одлуката за двочасовен протест следниот понеделник била донесена пред неколку дена.

Простестот според најавите ќе биде пред седиштето на делегацијата на ЕУ во земјава, со минимум 20 возила, како и присуство на сошственици на компании, возачи и други врбаотени од сите градови низ државата, велат од асоцијацијата и додаваат дека ваков протест во иститот временски преиод од 12 до 14 часот ќе има и во Србија, Црна Гора и Босна и истите ќе се одржат ден пред состанок во Брисел на кои работна група ќе разговара за ова прашање.

Доколку на состанокот не се донесе преодно решение за престој на возачите во шенген зоната, предложено е да се одржи протест на граничните премини на секоја држава поодделно со почеток на 14 септември.... За овој вид на протест потребно е согласност од превозниците на секоја држава, но и добивање на одобрение од надлежните органи, особено што се планира ист протест како и во јануари оваа година, кој може да трае подолго и од 10 дена, се вели во соопштението на макам трнас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби

По пола година од враќањето во земјава, денеска во Кривичниот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби денеска ќе седне на обвинителна клупа за злоупотреба на службената положба за Државна лотарија. 

Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби

Освен правните перипетии што го следат случајот, судењето го привлекува вниманието на јавноста и поради политичките импликации што може да произлезат од процесот..

Во кривичниот суд е Михајло Видимлиски..

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НУ Драмски театар Скопје со „Гидионовиот јазол“ гостува на фестивалот РУТА на Бриони

 НУ Драмски театар Скопје со претставата „Гидионовиот јазол“ вечерва (24 август) ќе гостува на Бриони во Хрватска каде што театарот „Улисис“ е домаќин на фестивалот на Регионалната унија на театри (РУТА). 

НУ Драмски театар Скопје со „Гидионовиот јазол“  гостува на фестивалот РУТА на Бриони

Претставата ќе биде изведена во Летното кино во 21 часот.

„Гидионовиот јазол“ на режисерката Драгана Милошевски-Попова е претстава работена по текст на авторката Џона Адамс. Драматург на претставата е Викторија Рангелова-Петровска, а улогите ги играат актерките Биљана Драгиќевиќ-Пројковска и Ања Митиќ.

Гостувањето на Бриони ќе биде дваесетта изведба на претставата, која досега гостувала на неколку фестивали низ Македонија, како и во регионот на сцените на театрите членки на РУТА. На минатогодишниот 33. Меѓународен фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ актерката Биљана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата на Корин Фел ја доби наградата за високо актерско достигнување.

Режисерка Драгана Милошевски-Попова во програмската белешка истакнува дека: „Претставата ‘Гидионовиот јазол’ е моќна и вознемирувачка приказна за вината, одговорноста, тагата и сложениот однос во комуникацијата, како и состојбите во образовниот систем, проблемите со кои се соочува детето низ периодот на детството. На училишна средба меѓу мајката Корин и наставничката Хедер, кој се случува по еден трагичен настан, преку деликатен, емотивно исполнет/напнат дијалог, се отвораат прашањата за детската креативност, слободата на изразување, за уметноста, за одговорноста на наставниците и за родителите, за социјалните мрежи, за врсничкото насилство, за осаменоста, преку кои постепено се разоткрива длабоката болка и се бара, па и се посочува можниот виновник“.

Авторката Џона Адамс е претставничка на новата генерација американски драмски автори. Таа е авторка на 20 драмски текстови во кои драмската структура ја гради преку исклучително јаки и богато нијансирани карактери и ги поставува во сложени меѓусебни психолошки ситуации. Друштвото на американските театарски критичари ѝ ја доделува наградата „Стинберг“ (Steinberg Award) за делото „Гидионовиот јазол“.

Претставата „Гидионовиот јазол“ е на редовниот репертоар на Драмски театар од премиерата која се одржа во мај минатата година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер