Регионален штаб за кризи: Се затвора градскиот зелен пазар во Делчево

Времено затворање на зелениот градски пазар, како и на сточниот пазар во Делчево.

Тоа е една од мерките која во насока на справување со појавата на COVID-19 вирусот, беше донесена на денешниот состанок на Регионалниот кризен штаб за општините Делчево и М. Каменица.

На состанокот свикан по иницијатива на Центарот за управување со кризи – Делчево, освен градоначалниците на Делчево и М.Каменица, присуствуваа претставници на сите надлежни институции како и јавните комунални претпријатија од двете општини, а беа усвоени и други препораки за преземање превентивни мерки за спречување на појавата и заштита од ширење на заразата од коронавирусот.

-Основен заклучок е да се почитуваат мерките и препораките донесени од страна на Владата на РМ. Сите лица кои дошле од земјите со висок и среден ризик да ја почитуваат мерката самоизолација во траење од 14 дена. Доколки овие и други лица почувствуваат симптоми на болеста коронавирус-COVID 19, да не се упатуваат лично во здравствените институции туку да се јават на телефонот на ЦЈЗ 071-373-913 од каде ќе добијат насоки како да постапат и на кој начин ќе им биде извршено тестирање за болеста, информира Драган Балас, раководител на ЦУК Делчево.

Со препораките сите институции на локално ниво потребно е да извршат дезинфекција на работните простории и, доколку работат со странки, да обезбедат средства за дезинфекција на влезовите во институциите;

-Приватните компании кои вршат превоз на своите работници со организиран превоз да вршат честа и редовна дезинфекција на возилата за превоз, да вршат честа и редовна дезинфекција на просториите и да преземат мерки за подигнување на хигиената во работните просториите. Советите на станарите во колективните живеалишта да извршат дезинфекција на влезовите и скалите во зградите. Јавната здравствена установа Здравствен дом „Гоце Делчев" – Делчево да обезбеди возило кое ќе има единствена намена да врши превоз на инфицирани лица или на сомнителни случаи до инфективните клиники согласно со претходна консултација и препорака од Центарот за јавно здравје, дополни Балас.

Како што додадоа од Центарот за управување со кризи Делчево, Единиците на локалните самоуправи во Делчево и М.Каменица имаат препорака да вршат редовна и честа дезинфекција на улиците, тротоарите и урбаната опрема во градовите и населените места, додека такси-компаниите и компаниите кои вршат јавен превоз на подрачјето на општините Делчево и М.Каменица да вршат честа и редовна дезинфекција на возилата.

-Останува и апелот до граѓаните да не се крева паника и да не се врши панично купување залихи од храна, бидејќи маркетите и продавниците вршат редова дополна, а исто така на локалните маркети, продавници, аптеки и банки им е наложено да го ограничат бројот на присутни лица во исто време внатре во објектите со цел да се намали опасноста од можно ширење на оваа болест, да се одржување прописно растојание помеѓу посетителите, и поставување садови со раствор за дезинфекција на обувките на посетителите на влезовите во маркетите, дополнија од ЦУК Делчево.

Секоја институција има задача во наредниот период да назначи лице за координација и наредни состаноци и податоци за тоа лице да се достават до РЦУК – Делчево веднаш по добивањето на заклучоците. /МИА

Мицкоски:ДУИ секогаш, буквално секогаш кога краде највеќе, се прикрива со етнички теми

Кога Ахмети вели дека Македонците немале паметници, тоа значи дека не знае каде да погледне, денес 28 април, најзвучно се говорат имињата на 8 бранители кои ги положија животите 2001 година во Вејце убиени во заседа

ДУИ секогаш, буквално секогаш кога краде највеќе, се прикрива со национални и етнички теми. А денес тие се прикриваат зад завесата Европа. И додека устите им се полни со Европа, а Ковачевски понизно ги слуша и коленичи пред Ахмети, него го слушаме среде Скопје како скандира УЧК, УЧК, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Битола.

„Тие зборови кажани од овој човек извалкан со тежок криминал и крвави раце облечен во одело кое не му ги пере гревовите, се навреда и за Албанците кои ги краде најмногу, и за нас Македонците. И кога Ахмети вели дека Македонците немале паметници, тоа значи дека тој само не знае каде да погледне. А овде Битола раѓала јунаци со храбри срца кои своите животи ги поклонувале пред олтарот на слобода за нашата татковина. И има многу такви, стотици и илјадници, но денес 28 април, најзвучно се говорат имињата на 8те бранители меѓу кои четворица битолчани, македонски херои кои ги положија животите таа 2001 година во Вејце, ѕверски убиени во подла заседа“, кажа Мицкоски.

Мицкоски укажа дека токму тие бараа херои.

„Еве ги нашите. Марјан Божиновски 27 години, Кире Костадиновски 24 години, Бошко Најдовски 25 години, Илче Стојановски 24 години, Роберт Петковски 27 години, Бобан Трајковски 28 години, Миле Јаневски 30 години, Игор Костески 25 години... Слава им. Македонија вечно ќе го памети нивното дело за нашата слобода. И оттука испраќам порака во иднина да се внимава кога се изговараат лесно зборови кои отвораат рани кои не се залечени“, кажа Мицкоски.

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ партнерот ќе го бара во албанската опозиција, во партиите со кои ќе споделуваме исти вредности и принципи, а за ДУИ време е за опозиција и одговорност

ДУИ како политичка партија дојде на власт со приказна за човекови права, а заврши како партија која печали врз човековите права и ги краде и своите и другите. И затоа овие избори е времето кога треба да им се каже толку беше. Време е за опозиција и одговорност, рече Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Битола.

„И една порака до ДУИ. Овие денови сум преплавен со пораки и абери кои ми ги праќаат од Речица. Па како човек секогаш сум бил директен, престанете да ми ги праќате оние емисари и курири по разно разни канали кои велат да сум размислел да направиме коалиција после изборите. Не знам дали знаете или не, но јас не сум ви Ковачевски, ниту неговиот претходник. Со мене такви договори на штета на народот и под маса немало и нема да има“, рече Мицкоски.

Мицкоски укажа дека ВМРО-ДПМНЕ партнерот ќе го бара во опозицијата, во партиите со кои ќе споделуваме исти вредности и принципи.

„Време е ДУИ да биде заменето со партии кои ќе работат за сигурна иднина на сите граѓани и со која заедно ќе се бориме за заедничката иднина“, изјави Мицкоски.

Со Почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Секси боксерка заврши во затвор поради кражба!!

Атрактивната Арабела Дел Брусо е поранешна реалити ѕвезда,  сега боксерка и девојка на американскиот фудбалер Џош Рејнолдс.

Сексапилната Арабела моментално отслужува 20-месечна затворска казна за грабеж на работно место од 52.000 долари, што го направила пред нејзината кариера во боксерскиот ринг.

На атрактивната дама зад решетки не и е лесно, а на новинарите им открила детали од траумата зад решетки и испратила писмо до медиумите.

- Претресите не само што трауматизираат, ме прават да се чувствувам понижено затоа што секој пат морам да се соблечам пред двајца чувари. Едниот стои пред мене, другиот позади. Потоа прво треба да го подигнам градникот и да ги покажам градите, а после тоа едната ми ги соблекува гаќите до колена или целосно, па морам да се наведнам, да го раширам задникот и да ја подигнам едната, а потоа другата нога. Се чувствувам несигурно, се плашам дека другите ќе дознаат кој сум. Деновите ги поминувам со наведната глава, но секој ден е потежок. Изоставив некои работи бидејќи знаев дека вработените во затворот ќе го прочитаат писмото, не сакав да знаат некои работи кои ќе ја загрозат мојата безбедност – напишала меѓудругото Арабела во писмото до медиумите.

Ковачевски: Гласањето ПРОТИВ е краткорочна казна со долгорочни последици за државата

Гласањето ПРОТИВ е краткорочна казна со долгорочни последици за државата, гласањето ЗА значи прогрес и подобра држава.

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на вечерашниот митинг во Крушево, ги повика граѓаните пред да гласаат на 8-ми мај, убаво да размислат дали ќе дадат глас „за“ или глас „против“. Го повикувам сите граѓани да размислат кој заслужува да ја води државата, рече Ковачевски.

„Гласањето ПРОТИВ не ѝ носи добро на Македонија. Само ако гласаме ЗА може да одиме напред и да изградиме подобра држава за нашите деца, држава во која тие ќе сакаат да живеат. Со глас ПРОТИВ можеби ќе казните некого, но во исто време ќе ги казните и сопствените деца. Таа краткорочна казна може да има долгорочни последици за државата. Затоа ве повикувам масовно да гласате ЗА европска иднина. Да гласате ЗА Стево Пендаровски, за претседател и ЗА СДСМ и Коалицијата за европска иднина на парламентарните избори“, порача Ковачевски.

При тоа, Ковачевски им се заблагодари на членовите, симпатизерите и поддржувачите на СДСМ кои останале доследни на социјал-демократската идеја на партијата.

„Многу е поголемо задоволството кога ќе се измачиш во борба со својот политички и идеолошки противник, отколку да ја избереш полесната опција и да се свртиш против своите. Тоа е јалова борба, во која никогаш нема победник, а тој што се борел против своите си оди дома како најголем губитник. Затоа ние избравме да се бориме со идеи, со визија, со конкретни проекти, а не со кавга со довчерашните сојузници и истомисленици“, истакна Ковачевски.

Лидерот на СДСМ порача дека основната цел на програмата на Коалицијата за европска иднина е брзи, ефикасни и успешни преговори со ЕУ затоа што само на тој начин како држава може да обезбедиме повисок животен стандард, поефикасна борба против криминалот и корупцијата, подобро образование и здравство.

Скопје, 28 април 2024

СДСМ

притисни ентер