Регионален протест на транспортерите: Камионите ќе останат на граничните премини - Канал 5

Регионален протест на транспортерите: Камионите ќе останат на граничните премини

Македонските, српските, црногорските и босанските транспортери в понеделник ќе ги паркираат своите камиони на граничните премини. 

Регионален протест на транспортерите: Камионите ќе останат на граничните премини

Преку протестот, кој според најавите првично ќе трае 7 дена, трансортерите велат ќе го искажат својот револт поради неизнаоѓање решение од ЕУ за новиот електронски систем за влез и излез во земјите од шенген зоната со кој се органичува престојот на камионџиите.

Од македонската асоцијација Макам транс оценуваат дека во најкус можен рок треба да се најде решение на проблемот, бидјеќи најавениот седум дневен протест според нив нема да биде толку голем проблем колку што ќе биде по 10 апирл, кога голем број на возачи нема да можат да возат поради надминување на дозволениот број денови на престој, со што штета ќе трпи целата економија.

„Значи не зборуваме за штета која ќе настане сега – тоа ќе биде минорна штета за оние денови кои ќе блокираме, меѓутоа штетата настанува по 10 април огромна. Она што сега се вози да кажам за 1 500 – 2000 евра, кога ќе дојде оној период кога ќе нема доволно возила за да дојде некој Германец, белгиец и слично цената ќе се зголеми да речеме на 4 000 евра, значи ќе имаме проблем со инфлација. Зголемување на центие, намален дотур на репроматеријали , намален дотур на стока за широка потрошувачка....“ - Биљана Муратовска – Макам Транс .

За проблемот со кој се соочуваат транспортерите алармираат подолг временски период, а денекса од логистичкиот конзорциум на Босна и Херцеговина кој ги претставува професионалните превозници, објавија дека се евидентирани 100 случаи на присилно враќање на професионални возиачи од земјите ЕУ кои го надминале прагот на дозволени денови на престој, а уште 100 се во процедура. Меѓу нив, иако не кажа точна бројка Муратовска вели има и македонски возачи.

„Прво ги затовараат на 12 или 24 саати, потоа ако утврдат дека имаат надминато над 90 дена возилото го паркираат на некој паркинг плац рачунајте дека тоа возило носи стока која што некогаш има и огромна вредност што значи останува необезбедено и може да се случи и да се украде таа стока... потоа со полициска придружба ги депортираат со авион затоа што немаат веќе денови. Како може да донесат регулатива каде се измаат авио, бродски преоовз.... “- Биљана Муратовска – Макам Транс .

Од македонската Влада и Министерството за транспорт, во неколку наврати повторија дека ги поддржуваат протестите на транспортните работници, но и дека како Влада барале одложување на заострените контроли на границите, но не наишле на разбирање од Унијата за овој проблем кој сериозно се заканува не само на македонската, туку и на регионалната економија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДКСК отвори предмет за ревизорските наоди за злоупотреби на државни пари во ИЈЗ

Државната комисија за спречување на корупцијата по сопствена иницијатива отвори предмет во врска со наодите содржани во ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија, а кои се однесуваат на Институтот за јавно здравје.

ДКСК отвори предмет за ревизорските наоди за злоупотреби на државни пари во ИЈЗ

Државната комисија за спречување на корупцијата денес, на колегиум, постапувајќи согласно своите надлежности утврдени со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, по сопствена иницијатива отвори предмет во врска со наодите содржани во ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија, а кои се однесуваат на Институтот за јавно здравје.

Предметот е отворен поради потребата од проверка на наводите изнесени во јавноста и медиумите, како и согледување на евентуални ризици од корупција, судир на интереси, злоупотреба на службена положба или други неправилности во работењето, во рамките на надлежностите на ДКСК.

ДКСК ќе ги преземе сите потребни дејствија за прибирање и анализа на релевантната документација и информации од надлежните институции, со цел утврдување на фактичката состојба.

За понатамошниот тек на постапувањето, јавноста ќе биде навремено информирана.

Државна комисија за спречување на корупцијата

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Малото градско Рено чини 4.900 евра- електричното Твизи го собира секаде(ФОТО)

Гужвите, скапото гориво и вечната потрага по паркинг ги тераат многу возачи да размислуваат за алтернативи на класичните автомобили.

Малото градско Рено чини 4.900 евра- електричното Твизи го собира секаде(ФОТО)

Ако барате возило кое е направено за градско возење, тешко ќе најдете нешто помало и попрактично од Renault Twizy.

Овој електричен двосед привлекува внимание со својот необичен изглед, но неговата најголема предност е во секојдневната употреба. Поради своите компактни димензии, може да се паркира речиси насекаде, дури и на места каде што повеќето автомобили би имале потешкотии да најдат простор.

Идеален за град и пократки растојанија

Рено Твизи достигнува максимална брзина од 85 км/ч, што го прави погоден не само за градско возење, туку и за пократки приградски рути. Може да помине до 70 километри со едно полнење, а батеријата е заменета пред три години.

Полнењето е едноставно и не бара посебна инфраструктура. Батеријата може да се полни за приближно два и пол часа со помош на домашен Schuko приклучок, а може да се полни и на градски станици за полнење од тип 2.

Опремен за секојдневно возење

Копијата што се продава е правилно сервисирана и е во многу добра состојба. Опремена е со греење на седиштето и шофершајбната, дополнителни зимски стакла за дожд и Bluetooth звучници. Со почетна цена од 4.900 евра, нуди сè што ви е потребно за практично и економично возење во град.

Возилото доаѓа и со дополнително купени зимски стакла за дожд, како и Bluetooth звучници. Twizy има и мал простор за багаж, а дополнителното задно седиште овозможува превоз на уште едно лице.

Голема предност - бесплатен паркинг

Една од најголемите предности на ова електрично возило е ниската цена на користење. Благодарение на категоријата мопед, можно е бесплатно да се паркира во градот, што може да донесе значителни заштеди за возачите кои го користат автомобилот секој ден.

Додадете на тоа минимални трошоци за електрична енергија и лесно паркирање, и јасно е зошто Twizy е интересен избор за оние кои го поминуваат поголемиот дел од времето во урбани средини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русија со реакција на првата заедничка војна вежба на Србија и НАТО

Русија денеска го обвини НАТО дека се обвива околу Србија „како удав“, посочувајќи ја заедничката воена вежба што се одржува таму како обид за потчинување на земјата. 

Русија со реакција на првата заедничка војна вежба на Србија и НАТО

Москва тврди дека Алијансата сака да ја преземе контролата врз Балканот и да ја одвои Србија од Русија.

Воена вежба во Србија

Станува збор за годишната вежба „Платински волк“, која започна на 1 јуни со поддршка на Европската команда на САД. Според Србија, целта на вежбата е размена на најдобри практики и „подобрување на способностите и меѓусебното разбирање“ на земјите учеснички, вклучувајќи осум членки на НАТО.

Коментирајќи ја вежбата, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, употреби живописна споредба. „Како боа констрикторите, тие ја опкружуваат Србија со спирали на нивната љубов“, изјави Захарова за новинарите.

Контекст на врската

Русија и Србија традиционално негуваат блиски односи, кои имаат и историска димензија. Во 1999 година, за време на војната во Косово, Србија беше цел на бомбардирањето на НАТО, што е сè уште важен дел од колективната меморија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер