Серафимовски до студентите: Бидете генерацијата што преку дигитализацијата ќе ја поврзе земјоделската традиција со иднината
Протест на аеродромот во Приштина- приврзаниците на ОВК ја пречекаа Урсула фон дер Лајен: Денес Тачи, утре Зеленски (ВИДЕО)
1Серафимовски до студентите: Бидете генерацијата што преку дигитализацијата ќе ја поврзе земјоделската традиција со иднината
2Протест на аеродромот во Приштина- приврзаниците на ОВК ја пречекаа Урсула фон дер Лајен: Денес Тачи, утре Зеленски (ВИДЕО)
3Епилог од разбиената криминална група во Прилеп: Пронајдени околу 130 илјади евра готовина, запленети луксузни масерати и ленд ровери
Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
2 Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
3Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
3„Вознемирувачки за гледање“: Фановите на Адријана Лима загрижени за нејзиниот изглед, тврдат дека претерала со слабеењето
ЗдравјеРегионален форум за превенција на рак на грлото на матката во СкопјеРакот на грлото на матката е втор најсмртоносен рак кај жените во репродуктивна возраст во Источна Европа и Централна Азија.Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) во соработка со Министерството за здравство на Република Македонија денеска го организира 5. Годишен форум на Регионалната алијанса за превенција на рак на грлото на матката во Источна Европа и Централна Азија. Според организаторите, на Регионалниот форум ќе присуствуваат повеќе од 100 претставници од регионот, вклучувајќи претставници од влади, институции за јавно здравје, академскиот сектор, граѓанското општество и приватниот сектор. Како што информираат организаторите, на форумот воведни обраќања ќе имаат Флоренс Бауер, регионална директорка на УНФПА за Источна Европа и Централна Азија, Азир Алиу, министер за здравство, Рита Колумбија, постојана координаторка на ОН во Македонија, Марија Канелопулу од Делегација на ЕУ во Македонија, Валентина Преволник Рупел, министерка за здравство од Република Словенија. Ракот на грлото на матката е втор најсмртоносен рак кај жените во репродуктивна возраст во Источна Европа и Централна Азија. -Деведесет проценти од случаите може да се спречат со вакцинација против ХПВ, вирусот што ги предизвикува повеќето видови на рак на грлото на матката, со добро организирани скрининг прегледи и третман на предканцерозни состојби. Околу 32000 жени се дијагностицираat со рак на грлото на матката во регионот секоја година, а 16000 умираат. Ракот на грлото на матката е причина за голем емоционален, социјален и финансиски товар за жените, нивните семејства и националните здравствени системи, посочуваат од УНФПА. Од Фондот за население на Обединетите нации информираат дека во Северна Македонија, 50 до 60 жени умираат а околу 170 се дијагностицираат секоја година. Нагласуваат дека значителен напредок во регионот кон елиминирање на ракот на грлото на матката како јавен здравствен проблем е постигнат во последните години со поддршка на Регионалната алијанса. Целта е, како што посочуваат, да се достигнат таргетите поставени од Светската здравствена организација (СЗО) односно 90 проценти од девојчињата да се вакцинираат до 15-годишна возраст, 70 проценти од жените да бидат прегледани и 90 проценти од заболените жени да добијат третман. -Вакцината против ХПВ е вклучена во националните календари за имунизација во 14 од 17 земји во регионот. Стапките на покриеност со вакцинација се во пораст и веќе ја надминаа целта од 90 проценти во две земји (Туркменистан и Узбекистан). Некои земји ја воведоа вакцината и за девојчињата и за момчињата. Повеќето земји имаат национални упатства за скрининг на рак на грлото на матката (15 од 18 земји и ентитети), посочуваат од УНФПА. Регионалната алијанса е формирана од страна на Регионалната канцеларија на УНФПА за Источна Европа и Централна Азија во 2021 година. Таа е регионално координативно тело што обединува креатори на политики, медицински експерти, компании од приватниот сектор и меѓународни организации за соработка, споделување на знаење и спроведување на Регионалната стратегија на УНФПА за елиминирање на ракот на грлото на матката како јавен здравствен проблем во регионот во согласност со Глобалната стратегија за забрзување на елиминацијата на ракот на грлото на матката како јавен здравствен проблем.Тагови: рак Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
МакедонијаСерафимовски до студентите: Бидете генерацијата што преку дигитализацијата ќе ја поврзе земјоделската традиција со иднинатаНовата генерација агрономи, инженери и истражувачи има знаење и потенцијал да ја предводи дигитализацијата на македонското земјоделство и да ги поврзе традицијата во производството, науката и технологијата на иднината.Новата генерација агрономи, инженери и истражувачи има знаење и потенцијал да ја предводи дигитализацијата на македонското земјоделство и да ги поврзе традицијата во производството, науката и технологијата на иднината, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски на првиот академски час на Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. „Дваесет години од мојот професионален живот поминав во високото образование. Затоа денес не доаѓам само како министер, туку и како човек кој добро го познава академскиот свет и верува во неговата моќ да создава знаење и да го менува општеството“, истакна министерот Серафимовски. Во своето обраќање тој се осврна на климатските промени, зачувувањето на почвата и водата, безбедноста на храната, недостигот од работна сила и потребата од поголема продуктивност. Министерот Серафимовски нагласи дека одговорите на овие предизвици се во поврзувањето на традиционалното знаење со научните истражувања, иновациите и современите технологии. „Современото земјоделство веќе вклучува сателитски податоци, дигитални карти, сензори, дронови, автоматизирани системи, прецизно наводнување и вештачка интелигенција. Земјоделецот на иднината ќе ја познава земјата, но ќе знае да управува и со податоци. Технологијата нема да го замени човекот, туку ќе му помогне да носи подобри, побрзи и попрецизни одлуки“, порача министерот Серафимовски. Тој посочи дека соработката меѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Факултетот за земјоделски науки и храна ќе се развива како суштинско партнерство преку кое научните сознанија ќе се вградуваат во земјоделските политики и ќе стигнуваат до производителите и компаниите. „Земјоделството е храната на нашите трпези, почвата и водата, животот во селата, животната средина и сигурноста на државата. Затоа не ја чекајте иднината, бидете проактивни и со љубопитен дух создавајте ја преку знаење, наука, технологија, труд и одговорност. Наша обврска е да создадеме услови вашите идеи да се реализираат овде, во нашата татковина“, порача пред студентите министерот Серафимовски, соопштуваат од МЗШВ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПротест на аеродромот во Приштина- приврзаниците на ОВК ја пречекаа Урсула фон дер Лајен: Денес Тачи, утре Зеленски (ВИДЕО)Пред најавеното пристигнување на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, група Албанци се собраа на аеродромот во Приштина во знак на протест против осудата на поранешните лидери на таканаречената ОВК за воени злосторства.Демонстрантите го блокираа главниот излез од аеродромот, каде што се очекува да помине претседателката на Европската комисија, но таа помина низ излезот за Липљан, објавува „Коха“. Како што е објавено, толпата носеше транспаренти во поддршка на Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Кадри Весели и Реџеп Селими, кои беа осудени на вкупно 81 година затвор за воени злосторства од страна на Специјализираните комори во Хаг. На транспарентите пишуваше „Не во мое име“, „ЕУ, нè предаде“ и „Денес Тачи, утре Зеленски“. Фон дер Лајен се сретна во Приштина со вршителот на должноста претседател, Албуљен Хаџиу, а беше најавена и средба со премиерот, Албин Курти. Фон дер Лајен пристигна во Приштина од Тирана, каде што се сретна со претседателот Бајрам Бегај и премиерот Еди Рама.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЕпилог од разбиената криминална група во Прилеп: Пронајдени околу 130 илјади евра готовина, запленети луксузни масерати и ленд ровериНе само во Македонија, членовите на организираната криминална група која вчера беше разбиена во Прилеп, имале нелегални активности и во Грција на Халкидики, а еден од нив бил и бегалец од куќен притвор во Шпанија.Министерот за внатрешни работи Тошковски во гостување на Радио Лидер откри дека повеке од една година работеле на овој случај кој резултира со над 20 кривични пријави, меѓу кои и полицајци кои и помагале во криминалните дејствија на групата. Најави дека и понатаму ќе се истражуваат активностите и документите кои се поврзуваат со оваа група која се поврзува со наркотици. пронајдени се околу 130 илјади евра готовина, запленети се десетина возила, меѓу кои и луксузни автомобили масерати и ленд ровери, а постојат сомнежи и за фалсификување на документи и перење пари.. целата шема функционирала над 15 години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45