Димитриевски: Отчетот и резултатите кои што Движење ЗНАМ во изминатиот период ги презентира се потврдени и во Извештајот од ЕК!
2Димитриевски: Отчетот и резултатите кои што Движење ЗНАМ во изминатиот период ги презентира се потврдени и во Извештајот од ЕК!
МакедонијаРегионален дијалог за образовни политики: Темелни реформи за поквалитетно образованиеДржавите од Западен Балкан полесно можат да напредуваат кога заедно и гласно размислуваат за тоа што му е потребно на образованието во секоја од земјите. Ние сме слични народи, со блиски обичаи, култури и традиции, а тоа значи и слични образовни системи и предизвици. Токму затоа, полесно ги согледуваме заедничките проблеми и побрзо можеме да најдеме решенија што со мали прилагодувања се применливи во нашите земји. Ова го нагласи министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на отворањето на Регионалниот дијалог за политики за квалитетно образование, што се одржува во Скопје, организиран од Регионалната канцеларија на УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија во соработка со ОЕЦД и Европската комисија. „Во Македонија веќе 16 месеци работи нова Влада која со голем ентузијазам започна нова реформска агенда во образованието. Претходно видовме многу обиди, но малку континуитет. Министрите се менуваа пребрзо, со просечен мандат од година и пол, секој со свои приоритети и идеи. Овој пат, со принципиелноста и решителноста на оваа Влада, уверена сум дека вложениот труд ќе даде резултати на среден рок“, посочи Јаневска. Дијалогот е можност за експерти од Регионот, врз основа на меѓународните истражувања колку научиле учениците и како работат наставниците, да разменат добри практики и да обликуваат практични решенија за подобрување на резултатите од учењето. „Секако, не сме задоволни од резултатите на ПИСА тестирањата. Тоа не значи дека нашите ученици немаат знаење, туку дека мораме подобро да ги подготвиме за начинот на кој се тестираат нивните компетенции“, рече Јаневска, додавајќи дека со конкретните чекори за промени што ќе донесат подобри резултати, опфатени се сите сегменти на образовниот систем. Во основното и средното образование се менуваат наставните програми, се изготвуваат современи учебници, се инвестира во модерна опрема, особено во областа на природните науки. Посебно внимание се посветува на стручното образование, веќе се формирани 7 од 8 регионални центри за стручно образование и обука, од кои 4 се целосно опремени и функционални. Јаневска укажа дека за само 16 месеци во образовната инфраструктура се вложени рекордни 64 милиони евра. Платите на наставниците се зголемени за 12%, а преку професионален и кариерен развој тие можат да напредуваат, што носи и поголем личен доход. „Инклузијата е еден од нашите најважни приоритети. Значително е зголемен бројот на асистивен кадар во училиштата, а формирани се и државни основни и средни училишта со ресурсни центри. Работиме и на оптимизација на училишната мрежа и воведување едносменско работење, за учениците да поминуваат повеќе време таму каде што најмногу учат и растат - во училниците“, појасни министерката Јаневска. Со цел реформата да има континуитет, Јаневска ја образложи иницијативата за усвојување на Национална декларација за образованието, како собраниски документ што ќе биде патоказ и гаранција дека без разлика на политичките промени, развојот на образованието нема да трпи застој ниту отстапки.Тагови: МОН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
ЕвропаФранција размислува за создавање стратешки резерви на жито Француската влада разгледува можност за формирање стратешки резерви на жито поради растечката меѓународна нестабилност и потребата од поголема сигурност во снабдувањето со храна. Министерката за земјоделство Ани Женвард побарала до крајот на месецот да ѝ бидат доставени конкретни предлози. Франција имала стратешки резерви на храна по Втората светска војна, но системот бил укинат во 1950-тите години. Сега властите повторно ја разгледуваат оваа можност. Според РТЛ, во земјата има околу 4.500 силоси за жито, чии капацитети би биле доволни за покривање на основната потрошувачка во период од еден месец во случај на воен судир. Сепак, нивните сопственици немаат ограничувања за извоз на житото, објектите не се оградени ниту обезбедени, а нивните адреси се јавно достапни. „Денес стратешки резерви се создаваат низ цела Европа, во секоја европска држава освен Франција. Тоа е чисто лудило“, изјави за РТЛ Ерик Тироен, претседател на Здружението на производители на жито АГПБ. Тој оцени дека безбедноста на снабдувањето со храна е исклучително важна и дека резервите се неопходни.Тагови: жито Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДимитриевски: Отчетот и резултатите кои што Движење ЗНАМ во изминатиот период ги презентира се потврдени и во Извештајот од ЕК!Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија продолжува со средбите со граѓаните низ државата, на кои се презентираат резултатите од изминатите две години работа и придонесот на избраните и именувани функционери од редовите на Движењето. Во рамки на панел-дискусијата под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“, која се одржа во Крива Паланка, се обратија претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, министерот за јавна администрација и генерален секретар на Движењето, Горан Минчев, потпретседателката на Собранието и потпретседателка на ЗНАМ, Весна Бендевска, како и директорот на Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација и член на Извршниот одбор на Движењето, Злате Мехмедовиќ. Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, истакна дека резултатите од работата на функционерите на Движењето се видливи преку конкретните законски и институционални промени, кои сега се нотирани и потврдени и во Извештајот на Европската комисија за 2026 година. „Во изминатите две години ЗНАМ презеде одговорност за суштински промени во два значајни ресори, во Министерството за правда и во Министерството за јавна администрација. За таа работа, за конкретните резултати и промените што ги спроведуваме во институциите, даваме отчет пред граѓаните низ целата држава. Денес, тие резултати се нотирани и во Извештајот на Европската комисија за 2026 година. Тоа е важна потврда дека она за што зборуваме и за што преземаме одговорност, не се само ветувања и политички пораки, туку конкретна работа препознаена и од нашите европски партнери“ истакна Димитриевски. Тој посочи дека Извештајот на Европската комисија нотира конкретни поместувања во правосудството, особено во донесувањето на новите закони за Судскиот совет и Советот на јавните обвинители, како и новиот Закон за парничната постапка. Во јавната администрација, Европската комисија нотира умерен напредок, зајакнување на институционалните капацитети за координација и следење на управувањето со човечките ресурси, донесувањето на новите системски закони за административните службеници и вработените во јавниот сектор, Законот за високите раководители, како и воспоставувањето на Академијата за јавна администрација. Во однос на европската интеграција, Димитриевски порача дека членството во Европската Унија останува стратешка цел, но дека е потребно поголема вклученост на европските партнери во дијалогот меѓу Македонија и Бугарија. „Членството во Европската Унија останува наша стратешка цел и ние сме подготвени да продолжиме по тој пат, но очекуваме и Европската Унија да преземе поактивна и посуштинска улога во процесот. Потребна е поголема вклученост на европските партнери во дијалогот меѓу Македонија и Бугарија, со јасна заложба за надминување на отворените прашања и спречување на нови билатерални блокади и условувања. Нашиот став е принципиелен и непроменет, уставните измени треба да имаат одложено дејство и да стапат во сила по полноправното членство на Македонија во Европската Унија. Бугари во устав без гаранции нема да се случат. Тоа се нашите црвени линии и од нив нема да отстапиме.“ истакна Димитриевски. Движење ЗНАМ ќе продолжи да работи со истата определба со која ја презеде одговорноста пред граѓаните, да ги менува работите, да ги зајакнува институциите и да ги исполнува преземените обврски. Отчетноста не е само осврт на сработеното, туку и обврска за она што следува, бидејќи довербата на граѓаните се оправдува со дела, а не со зборови. Центар за комуникации и аналитикаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПретседателот на Парагвај е уапсен и отстранет од функцијата поради финансиска кризаСантијаго Пења, претседателот на Парагвај, беше отстранет од функцијата и уапсен, само неколку дена по пропаѓањето на голема банка во јужноамериканската нација, што остави милиони луѓе без пристап до нивните заштеди.Пења е под кривична истрага поради неговата врска со банката Уено и неговото справување со кризата. Тој беше приведен и затворен во својот дом во Асунсион, главниот град, во петокот, неколку часа откако властите издадоа налози за апсење за него и поранешниот претседател на Централната банка, Карлос Карваљо, под обвинение за злоупотреба на нивните позиции. Потпретседателот на Пења, Педро Алијана, положи заклетва како привремен претседател додека Парагвај не одржи избори во 2028 година. Зборувајќи пред пратениците во петокот вечерта откако го облече претседателскиот појас, Алијана вети дека ќе биде „цврст“ кон оние кои „се обидуваат да им ја одземат иднината“ на Парагвајците. Имплозијата на Уено би можела да го поткопа угледот на Парагвај како економски исклучок во регион оптоварен со долгови, висока инфлација и бавен раст.Тагови: Парагвај претседателот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook