Реформа или пуч- што ќе донесе “битката’ на Бихачка меѓу раководството и платформата? - Канал 5

Реформа или пуч- што ќе донесе “битката’ на Бихачка меѓу раководството и платформата?

Пуч или реформа?

Реформа или пуч- што ќе донесе “битката’ на Бихачка меѓу раководството и платформата?

Што ќе донесе острата битка која се разгоре на „Бихаќка“ меѓу актуелното раководство предводено од Венко Филипче и поранешните функционери на СДСМ кои се дел од Платформата во 12 и 5. За дел од аналитичарите иако ваквите поделби не се несвојствени за партија во опозиција, сепак не придонесуваат во намерата за создавање поширок опозициски фронт кој ќе и парира на власта.

-Секако дека е тоа непријатна ситуација за опозицијата бидејќи фрагментирањето на гласот нема да помогне во создавањето на поширок опозициски фронт. Иако треба да се признае дека тие движења се сосема нормални во партија која е во опозиција, ние сме го следале тоа и кај ВМРО-ДПМНЕ се сеќавате таму имаше повеќе сателитски партии, ВМРО – Народна, ВМРО-Вистинска итн. Во оваа ситуација интересното е што првпат имаме задпартиска соработка, односно првпат Левица се вклучува во таа дебата што може да значи некаква различна динамика, но сепак се уште е тоа далеку од обединет опозициски фронт, имајќи го предвид антагонизмот помеѓу новата платформа и СДСМ тешко дека може во моментов да се состави, изјави Петар Арсовски.

Петар Арсовски смета дека учеството на Левица во дебатата на платформата не значи и заеднички политички настап со поранешните кадри на СДСМ, но доколку тоа се случи во иднина оваа Платформа може да стане опозиција на опозицијата.

-Не сум сигурен дека ако ја прашате Левица тие ќе ви кажат дека се приклучуваат на платформата, мислам дека се работи за две независни политички структури кои разговараат на некакви теми во моментот. Не гледаме политичка стратегија или некаков заеднички политички настап, но доколку тоа се случи во иднина тие секако ќе станат опозиција на опозицијата и потоа ќе видиме вистински расплет на динамиката помеѓу таквата евентуална платформа и СДСМ, бидејќи сепак во моментов СДСМ е стожер на опозициското расположение, изјави Арсовски.

Лидерот на СДСМ Филипче вчера изјави дека нема да отстапи пред барањата на платформата за негова оставка и промени во раководството, нарекувајќи ги „пучисти“ и „шемаџии“ кои според него одработуваат за власта за да ја фрагментираат СДСМ.

Од Платформата „Разговори за иднината во 12 и 5“, пак, тврдењата на Филипче ги оценија како очајни манипулации и најавија дека планот за консолидација и структурни промени на СДСМ, ќе му го достават на Филипче деновиве, а од него очекуваат да ги прифати за доброто на партијата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русија со напад над Харков и Киев, повредени се 22 лица

Најмалку 22 лица, меѓу кои и осум деца се повредени во напад со руски дронови врз Харков.

Русија со напад над Харков и Киев, повредени се 22 лица

Во нападот бил погоден станбен објект во населбата Салтивски, при што биле уништени два ката од зградата. Пријавен е напад и во Киев кадешто дрон погодил бензинска пумпа, соопштуваат тамошните градски власти.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на социјалните мрежи напиша дека нападот во Харков бил брутален, во главниот град пак две лица го загинале, а од објекти биле погодени и згради и комуникациска инфраструктура.

Официјална Москва соопшти дека Украина ја плаќала цената за сопствените напади врз Русија во последните месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Може ли ривалството на теренот да остане без поделби на трибините?

Освен за поврзување, спортот во земјава неретко е причина и за разидување.

Може ли ривалството на теренот да остане без поделби на трибините?

ФФМ, навивачите, полицијата и фудбалските клубовите седнаа на една маса за помирни трибини на натпреварите и во борба против навредливите скандирања, најчесто во меѓуетнички контекст. Организаторот на настанот, министерот за односи помеѓу заедниците – Агон Ферати вели дека клубовите имаат добри односи меѓусебе, но тоа не се одразува помеѓу навивачите, и дека државата мора да работи сериозно во оваа насока за да се создаде спортско, а не меѓуетничко ривалство.

-Целта беше да ги здружиме сите претставници на клубовите, на некои од навивачките групи, на МВР и на другите спортски работници, за да разговараме отворено и конструктивно како да се организираме како фудбалски клубови или спортски клубови, во смисла на придонесување на покоректно навивање и да се елиминираат некои од навредите или некои од пораките кои имаат меѓуетничка омраза или партиска позадина, тоа е битно за нас како држава. Да биде позадина само спортскиот натпревар, без разлика на верска,етничка припадност или други разлики кои ги имаме во општеството. - Агон Ферати – Министер за односи меѓу заедниците.

Спортот е силна појава која многу бргу може да предизвика хаос во општеството, особено на етнички план, но е и алатка која сето тоа може да го сведе на минимум и да доведе до заедништво – вели професорот Иван Анастасовски, според кого највнимателни тука треба да бидат политичарите и да не ја злоупотребуваат ранливоста на општеството. Тој смета дека ваквите превентивни акции на државата се добри, но и репресивните мора да се спроведуваат, каде според законот би следувале соодветни казни. Анастасовски оценува, младите од различни етникуми во земјава се странци едни кон други, а тоа мора да се промени..

-Ние имаме еден образовен процес каде што младите од разни етнички групи, особено Македонци и Албанци не се заедно во образовниот процес, и вие таму не можете да го наметнете во програмите образовни тој сегмент на толерантност и почит едни према други. Затоа тоа мора да се прави преку одредени проекти, вон наставни активности кои ќе придонесуваат младите да се зближуваат едни со други, а не да се разединуваат како што досега е случајот,- Иван Анастасовски – Универзитетски професор.

Во последниве 2 години бројни недолични настани го одбележаа македонскиот спорт.. Меѓу последните се, во мај годинава на финалниот фудбалски наптревар од Купот на Македонија навивачите на Шкендија ја исвиркуваа химната, а имаше националистички скандирања, а три месеци подоцна, во август Тиквеш беа казнети од ФФМ оти на натпреварот со Шкендија – Арачиново скандирале националистички и фрлале предмети по теренот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

50 илјади случаи на фемицид годишно во светот, според податоците на ООН, експертите со препораки за превенцијата

Над 50.000 жени или девојки годишно се свирепо убиени од партнерите или од други членови на семејството, покажуваат податоците на Обединетите нации. 

50 илјади случаи на фемицид годишно во светот, според податоците на ООН, експертите со препораки за превенцијата

Експертите од надвор предупредуват и дека законските решенија се само на хартија, а за вистинска превенција на фемицид, велат потребно е државата да издвојува повеќе пари.

– Законите не се доволни за спасување на животи, потребни ни се финансиски средства за услугите и владите и собранијата имаат критична улога и тоа треба да биде приоритет при планирање на буџетот. Исто така, треба да имаме судии коишто ќе бидат обучени да ги препознаат предупредувачките знаци и да прават проценка на ризик. Но, исто така потребни ни се и повеќе инвестиции во мерките за превенција како што е образованието и кревање на свеста. Лара Скарпита, виша советничка за родови прашања, секретартијат на ОБСЕ.

Покрај на државно ниво, шефот на мисијата на ОБСЕ во земјава, амбасадорот Килијан Вал, истакна и дека во рамки на југоисточна европа постои меѓусекторско работно тело кое работи на детектирање на случаи на фемицид, но и на подобрување на одговорот на институциите кога еден случај и навистина ќе биде откриен.

– До денеска 92 случаи беа разгледани и 43 од нив се класифицирани како фемицид или обид за фемицид. Во моментот се разгледуваат јазовите и можностите да се дадат предлози за менување на политиките за зајакнување на напорите за превенцијата и зајакнување на одговорот на институциите ,- изјави Амбасадор Килиан Вал, шеф на мисијата на ОБСЕ во Скопје.

За фемицидот да биде навреме детектиран пак, клучна е соработката меѓу надлежните институции.

– Обвинителството, судството, социјалните и здравствените служби, независните институции и граѓанското општество можат да располагаат со различни информации за насилството што претходело на убиството. Нивното поврзување овозможува да се препознаат предупредувачките знаци – да се утврди каде институционалниот одговор не бил соодветен и така научените лекции од поедичени случаи да се преточат во подобра превенција. изјави Весна Бендевска, потпретседателка на Собрание.

Во текот на минатата година во Македонија биле регистрирани 6 случаи на фемицид, еден повеќе во однос на 2024 година кога биле убиени шест жени. По случајот со убиството на 31-годишната Росица Коцева од Велес од страна на нејзиниот пертнер минатата година и законските измени кои потоа следуваа, фемицидот во домашното законодавство сега е дефиниран како посебно кривично дело.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер