Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
1Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
КултураРедок сад од династијата Минг продаден за 26 милиони долариСадот е произведен во царските печки на династијата Минг пред повеќе од 500 години, а во вторникот на аукција организирана од Сотби во Хонг Конг продаден е за 26 милиони долари. Со ова, овој предмет стана најскапото парче од кинеското културно наследство некогаш продадено на аукција.Минијатурниот порцелански сад од периодот Ченгху кој се протегал од 1465 до 1487 година е насликан со славеи, кокошки и пилиња и е познат како „пилешки сад“. Се смета за еден од најбараните предмети во кинеската уметност и се споредува со јајцата на Фаберже од царска Русија. „Секој пат кога на пазарот ќе се појави овој сад тој ги редефинира цените на подрачјето на кинеската уметност“, вели заменикот директор на азиската Сотби, Николас Чоу, по продажбата. Последен пат таков сад на аукција се појави во 1999 година и тогаш постигна десетина од денешната цена. Само 16 вакви сада преживеале од периодот Ченгху до денес и повеќето се во музеите, а само неколку се понудени на аукција. Само четири се во рацете на приватни колекционери. Кинеските цареви ги почитувале заради квалитетот, реткоста и легендарната свилена текстура на порцеланот, а тие произведени во царските печки во Јингдеџен се највредни. Купец е кинескиот колекционер Лиу Јикван, а го продале сопственици од Швајцарија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНародната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзорВо врска со одлуката на Народната банка на Србија за одземање на дозволата за работа на АЛТА банка а.д. Белград, Народната банка посочува дека оваа одлука се однесува на работењето на банката во Република Србија.Во врска со одлуката на Народната банка на Србија за одземање на дозволата за работа на АЛТА банка а.д. Белград, Народната банка посочува дека оваа одлука се однесува на работењето на банката во Република Србија и сама по себе не значи автоматско одземање на дозволата за работа на АЛТА банка АД Битола. Домашната банка е самостојно правно лице, основано и регистрирано во Република Македонија, чие работење се оценува согласно домашната законска и регулаторна рамка. Народната банка, како надлежен супервизор ја следи состојбата и постапува во согласност со законските одредби. Народната банка ги следи и сите околности што можат да влијаат врз работењето на домашната банка, вклучително и ризиците што произлегуваат од нејзината сопственичка поврзаност. Во рамките на своите законски надлежности, Народната банка соодветно постапува и соработува со надлежните домашни и странски институции, со почитување на законските правила за доверливост на супервизорските информации. Во однос на стекнувањето квалификувано учество во банка, Народната банка потсетува дека согласност се издава врз основа на сеопфатна постапка, во којашто се ценат законски утврдените критериуми, а врз основа на официјално достапните податоци. Народната банка апелира до јавноста да се потпира на официјални и проверени информации и да не донесува заклучоци врз основа на непотврдени тврдења и шпекулации. Народната банка ќе продолжи внимателно да ја следи состојбата и да постапува независно, професионално и исклучиво во согласност со своите законски надлежности, во интерес на сигурноста на банкарскиот систем и заштитата на депонентите, стои во соопштението од НБРМ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВо Орегон се судрија два хеликоптера, нема преживеаниДва хеликоптера се судриле во воздух на аеродромот Мекминвил во Орегон, а потоа паднале на поле, нема преживеани.Два хеликоптера се судриле во воздух во близина на аеродром во американската сојузна држава Орегон, по што паднале на полето. Во несреќата нема преживеан. Меѓу жртвите има и пилот-ученик од Велика Британија, чиј идентитет властите засега не го откриваат, сè додека не бидат известени членовите на неговото семејство. Во несреќата загинаа и 22-годишната Меди Асбо, инструкторка за летање од Тексас, како и 38-годишниот Тајлер Делан Стурдевант, пилот од Њуберг, Орегон. Според информациите од Канцеларијата на шерифот на округот Јамхил, во еден од хеликоптерите се наоѓале инструктор и британски ученик, додека со другиот управувал Стардевант, кој бил единственото лице во леталото. Во судирот учествувале хеликоптерот „Робинсон R22“ (Robinson R22), во кој имало две лица, и хеликоптерот „Ербас H125“ (Airbus H125), кој, во зависност од конфигурацијата, може да превезува до шест патници. Двете летала се урнале на земјоделско земјиште во близина на аеродромот.Тагови: хеликоптери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканАЛТА банка‘ а.д. Белград: Исплатата на осигурените депозити ќе започне во понеделникОткако Народната банка на Србија ноќеска ѝ ја одзеде дозволата за работа и беше отворена постапка за стечај, Алта банка потврди дека исплатата на осигурените депозити ќе започне во понеделник.„Алта банка“ денес издаде соопштение, откако Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа, во кое ја информира јавноста дека е отворена постапка за стечај. „Ја информираме јавноста дека, во согласност со важечките законски прописи и одлуките на надлежните регулаторни органи, отворена е постапка за стечај над ’АЛТА банка‘ а.д. Белград. Ја користиме оваа прилика да изразиме искрена благодарност до сите наши клиенти, депоненти, деловни партнери и соработници за нивната доверба, поддршка и успешна соработка во текот на годините на работење.“ „Горди сме на резултатите што ги постигнавме заедно, на односите што ги изградивме со нашите клиенти, како и на придонесот што го дадовме за развојот на економијата и финансискиот пазар. Сите надлежни институции и органи за стечај преземаат неопходни чекори за заштита на интересите на депонентите и доверителите, како и за спроведување на понатамошните правни постапки, во согласност со прописите на Република Србија. Навремени и официјални информации за понатамошниот тек на постапката, вклучително и информации за начинот и роковите за остварување на правата на клиентите и доверителите, ќе бидат објавени преку официјалните канали за комуникација. Уште еднаш им благодариме на сите клиенти, вработени, партнери и соработници за довербата и поддршката што ги покажаа низ годините“, се наведува во соопштението на банката. Како одговор на прашањето од N1, Алта банка наведе дека исплатата на осигурените депозити започнува во понеделник, во согласност со процедурите и упатствата на надлежните институции.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter