Редок примерок на Уставот на САД ќе се продава на аукција, проценет е на 15 милиони долари - Канал 5

Редок примерок на Уставот на САД ќе се продава на аукција, проценет е на 15 милиони долари

Многу редок оригинален примерок од Уставот на САД, ратификуван на 17 септември 1787 година во Филаделфија, наскоро ќе биде понуден на аукција во Њујорк за сума проценета на 15 до 20 милиони долари, објави аукциската куќа „Сотби“.

Редок примерок на Уставот на САД ќе се продава на аукција, проценет е на 15 милиони долари

Тоа е едно од 11-те познати први печатени изданија на тој документ, кои ќе бидат понудени за продажба кон средината на ноември во Њујорк.

До неделата, Сотби изложува приватна колекција документи поврзани со американскиот устав од револуционерниот период, од 1776 до 1789 година, вклучувајќи ја и познатата Уставна повелба потпишана во Филаделфија од „татковците основачи“ на Соединетите држави, вклучувајќи ги и Џорџ Вашингтон, Бенџамин Френклин и Џејмс Медисон.

Селби Кифер, историчар и експерт за древни списи во Сотби, посочува дека ова е „екстремно ретка печатена копија“ на американскиот Устав, бидејќи „од околу 500 печатени примероци, останале само 11 “.

Примерокот што ќе се понуди за продажба е во сопственост на американската колекционерка Дороти Тапер Голдман, која ќе ги донира сите приходи во добротворна организација во нејзино име со цел да ја промовира демократијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Битола, пронајдено оружје, лишено едно лице

На 11.09.2026 во 17:30 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Р.Д. (67) од Битола.

Претрес во Битола, пронајдено оружје, лишено едно лице

При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Битола, биле пронајдени и одземени три пушки и три пиштоли.

По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше за милионите од прославата на НАТО фестот, името и ОБСЕ самитот кои завршија во Дубаи и на луксузни јахти

Разликата е евидентна денес имаме целосна транспарентност и отчетност.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше за милионите од прославата на НАТО фестот, името и ОБСЕ самитот кои завршија во Дубаи и на луксузни јахти

За разлика од СДС и нивниот начин на владеење Владата на ВМРО-ДПМНЕ е целосно транспарентна. Разликата е евидентна.

СДС молчеше за тоа каде завршиле парите од организација на НАТО фестот, прославата за промена на името и ОБСЕ самитот а народот тоа многу јасно може да го види во луксузните јахти на Заев и Филипче, висококатниците во Дубаи и скапите турбо Фолк забави со Харис.

За разлика од нив, парите од прославата за независноста се транспарентно објавени и доколку од СДС сеуште имаат неразјаснати прашања одговорот може да го пронајдат во едночасовната прес-конференција на Владата.

СДС се против се што е добро за граѓаните и државата. СДС е против прослава за независност, против напредок и развој. СДС е најголемата антимакедонска партија и токму затоа се на дното а рејтингот секојдневно им се топи.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Изградбата на когенеративната централа во Чаир ќе донесе поевтино парно и намалување на загадувањето во Скопје

Владата е рамноправен партнер на домашните компании кои инвестираат во зелена транзиција на државата и придонесуваат кон енергетската независност.

Николоски: Изградбата на когенеративната централа во Чаир ќе донесе поевтино парно и намалување на загадувањето во Скопје

Ова го истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на отворањето на новите капацитети за производство на електрична и топлинска енергија на компанијата Теса Енерџи во Скопје.

Ова е многу значајно затоа што домашни компании покажуваат дека можат да бидат во чекор со најголемите светски трендови. Би сакал да му честитам на инвеститорот Ајри Шеј кој навистина направи еден храбар чекор да покаже како може да се инвестира со домашен капитал. Се надевам дека нема да застане тука и дека ќе има и нови инвестиции и дека ќе гледаме и нови постројки, а ние како Министерство за транспорт ќе продолжиме да ги поддржуваме овие инвестиции и во најбрз можен период да ги завршуваме сите административни процедури, како и можност да имаме уште повеќе вакви инвестиции, затоа што зелената транзиција е она што ѝ е потребно на државата. Секако, оваа инвестиција ќе придонесе и да се намали загадувањето во рамки на градот Скопје, што паралелно со останатите проекти коишто ги правиме за градот Скопје — како што е воведувањето на градски воз, како што е набавката на нови електрични автобуси — секако дека многу ќе придонесе во намалувањето на загадувањето” – истакна Николоски.

Тој додаде дека оваа е една од многу инвестиции кои се промовирани овие денови и кои придонесуваат за економски развој на државата.

“Имаме след од неколку дена на инвестиции коишто се инвестиции на 21-от век — дали се работи за ветерен парк, дали се работи за практично нов аеродром или се работи за оваа когенеративна централа. И додека едни се против дата-центри и да останеме или да се вратиме во 19-тиот век, ние храбро грабиме во 21-от век, и Владата предводена од премиерот Мицкоски има јасна визија каде треба да движи државата, а тоа е во насоката којашто ја гледаме и денес”- додаде заменик претседателот на Владата, Николоски.

Министерство за транспорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер