МВР ги остранува хаварисаните и запленити возила кои со години се трупаа во дворовите на полициските станици
1МВР ги остранува хаварисаните и запленити возила кои со години се трупаа во дворовите на полициските станици
МакедонијаРедици на бензиските пумпи - дизелот поскапува за 14,5 денари по литар, бензините за 5 денариКонфликтот на Блискиот Исток ги вивна цените на горивата во Македонија.Регулаторна одлучи – дизелот од полноќ поскапува за 14 и пол денари, бензините за пет. На бензиските пумпи експресно се формираа долги колони возила за да наполнат горива по старите цени. Игор Манасиевски е пред една од бензиските пумпи. Владата на утрешната седница ќе одлучува дали и какви мерки ќе преземе. Што се очекува да произлезе како одговор? Целосниот извештај погледнете го во видеото. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМВР ги остранува хаварисаните и запленити возила кои со години се трупаа во дворовите на полициските станици Сите овие запленети возила кои ја нарушуваа репрезентативноста на полициските станици и ги затрупуваа нивните дворови, конечно се отстрануваат.Секое од возилата во себе носи приказна, со едно се превезувале мигранти и било дел од филмска брканица, со друго се краделе дрва, некои се и поради безобѕирно возење, а за она што се случувало со дел од нив, најголем сведок и денеска остануваат дупките од куршуми. Сите овие запленети возила кои ја нарушуваа репрезентативноста на полициските станици и ги затрупуваа нивните дворови, конечно се отстрануваат далеку од очите на службениците и граѓаните на кои им пречеа секојдневно. -Ова возило кое било дел од огнена пресметка во ПС Арачиново било околу половина година, а во моментов ќе се транспортира во посебно место во Орман, кое што е дел од МВР Кога екипата на Канал 5 пристигна во полициската станица во Арачиново, акцијата веќе беше во тек. Четири шлеп – возила на МВР ги товареа возилата едно по едно, извлекувајќи ги од обраснатата трева. Поголемиот дел од нив беа полни со оси, отежнувајќи им ја работата на службениците. Најпоразителен беше изгледот на ПС во Автокоманда, кој со толку возила на поприлично широкиот двор, наликуваше на отпад за автомобили. Дел од нив, немајќи каде, беа паркирани и надвор од оградата – па оваа полициска станица, а граѓаните во околината конечно „продишија“. -Полициската станица во Автокоманда повторно си го доби назад својот простор, ова место кое беше пренатрупано со автомобили и изгледаше како отпад за автомобили, веќе целото е испразнето, а автомобилите се однесени на друго посебно место.. Полициските станици и граѓаните, наместо ѓубришта, мора да добијат пристоен простор, порача министерот Панче Тошковски, кој најави чистка набргу во секоја станица во земјава. -Полициските станици беа малтене ѓубришта. Грда слика беше она кое го имавме до вчера, сите станици беа пренатрупани со возила,сега се исчистени и функционални. Сметам дека една ваква акција требаше многу порано да биде направена, но за жал еден децениски проблем кој бил присутен во рамките на сите станици, го расчистивме Скопје првично, продолжуваме понатаму со останатите СВР, ќе бидат расчистени сите полициски станици кои ги имаме во Македонија со цел да имаме еден репрезентативен објект којшто ќе биде и те како пофункционален - Панче Тошковски: Министер за внатрешни работи Возилата веќе месец и половина и секојдневно се отстрануваат од своите долгогодишни „паркинзи“. Од почетокот на јули, службите на МВР отстраниле 400тини возила и 150 мотоцикли. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести73-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
МакедонијаСтевен е под контрола пожарот што им се закануваше на струмичките села Водоча и БаницаГолемиот пожар што избувна денеска напладне меѓу струмичките села Баница и Водоча, во непосредна близина на Струмица, е ставен под контрола.Племенот стигнал и до првите куќи од градот, но со помош и на пожарникари од соседните места, бил навреме стопиран. За последните информации на терен пред малку информираа директорот на ДЗС Стојанче Анеглов и градоначлникот на струмица Петар Јанков. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија73-годишен маж е петтата жртва од западнонилска трескаПо 22 дена борба со вирусот на нилска треска, 73 годишен скопјанец почина на клиниката за инфективни болести. Тој е петтата жртва од нилска треска. Во моментот хоспитализирани се 21 пациент, кај 18 е потврдена инфекцијата на вирусот и невроинвазвина форма, а додека тројца се сметаат за сомнителни, потврдуваат од клиниката за инфективни болести. На клиниката најмладиот пациент има 24 години, помладите пациенти имаат полесна клиничка слики, возраста и целокупната здравствена состојба има големо влијанине каков тек ќе има инфекцијата, објаснува доктор Цана. Според него 80 проценти од потенцијалните инфицирани пациенти се асимптоматски или со лесна клиничка слика и не бараат болничко лекување. Нилската треска ги полни и инфективните болници во Европа. Во Италија има 311, Грција 157. Голем број европски земји кои немале случаи на нилска треска или биле во мал број оваа година се на мапата на нилската треска. Случаи на нилска треска има и во Германија, Франција, Австрија и Холандија. Во Македонија има вкупно 43 случаи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter