СДСМ: За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш
Трамп потврди дека ФБИ истражува афера поврзана со извршниот директор на технолошкиот гигант „Нвидиа“, Јенсен Хуанг
1СДСМ: За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш
2Трамп потврди дека ФБИ истражува афера поврзана со извршниот директор на технолошкиот гигант „Нвидиа“, Јенсен Хуанг
Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
2Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
ФормулаРед Бул со нови проблеми, мора да го менува болидот во Остин Ред Бул потврдија дека ќе мора да направат корекции на нивниот болид пред Американското ГП во Остин, бидејќи тоа од нив беше побарано од ФИА. Ова е само продолжение на проблемите со кои се соочува тимот во вториот дел од сезоната, чиј прв возач е Макс Верстапен, трикратен последователен светски шампион и актуелен лидер во шампионатот. Ривалските тимови ја предупредија ФИА дека Ред Бул има уред во кокпитот со кој може да ја прилагоди висината на подот на болидот. Тие веруваа дека тимот може да направи одредени промени во поставеноста помеѓу квалификациите и трката, што не е дозволено. -Точно е дека го имаме тој уред, но не може да се користи за време на трката. Ја информиравме ФИА за ова и ни беше кажано дека можеме да го развиеме, велат од Ред Бул. Светската автомобилска федерација (ФИА) има друга верзија на приказната. -Не сакаме некој да биде фаворизиран. Не се дозволени какви било промени помеѓу квалификациите и трката. Правилата важат за сите тимови, порачаа оттаму. Макс Верстапен, асот на Ред Бул, смета дека оваа одлука на ниту еден начин не му штети на неговиот тим. -Кога прочитав, мислев дека се работи за друг тим, а потоа сфатив дека се работи за нас. Никогаш не разговаравме за тоа на тимските состаноци, бидејќи тој уред не може да се користи кога болидот е подготвен за трка. Сето ова нема да има никакво влијание врз моето возење, изјави Макс. Свое мислење за целиот случај имаше и неговиот најголем ривал во борбата за титулата, Британецот Ландо Норис. -Едно е да имаш уред, друга работа е колку го користиш, за што ние немаме поим. Можно е такво нешто да ви помогне да стигнете до десетинки во квалификациите, кои можат да одлучат дали ќе бидете на пол-позицијата или на второто место, истакна возачот на Мекларен. Тимовите сакаат болидот да биде понизок во квалификациите и повисок за време на самата трка. Во секој случај, оваа предигра ќе ја направи трката во Остин уште поинтересна. Верстапен е лидер во шампионатот со 52 бода повеќе од Ландо Норис, но Холанѓанецот нема победа од јуни. Остануваат уште шест трки до крајот на оваа сезона, вклучувајќи ја и оваа во Тексас. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднашСега кога Савески преку медиумите доби „зелено светло“ од шефот Мицкоски дека може да почне да работи, нека почне токму од Мицкоски и од гувернерот Трајко Славески.Нека го испита секој можен аспект од влезот на Алта банка во Македонија, сомнителниот капитал, одлуките, кој одобрил и зошто. Нека утврди што разговарале и договарале со Вучиќ. Што договарале со Мацура? Обвинител не смее да чека телефонски повик. Ниту наредба од собраниска говорница или од телевизија. Токму ваквото однесување ја разјадува независноста на правосудството и целосно ја руши довербата кај граѓаните. Потоа следуваат катастрофални оценки во извештајот на Европската комисија. Независно обвинителство не чека, не работи по сигнал од премиерот, не чека туку постапува. Бараме веднаш да се обезбедат и испитаат сметките, трансакциите и целокупната документација на Алта банка. Обвинителството и полицијата да ја известат јавноста за утврдените наоди. Тоа мора да се направи пред какво било преземање. Продажбата којашто ја договара Мицкоски не смее да стане покритие за заташкување на случајот и избегнување одговорност. Савески, отворете истрага за Мицкоски, Славески и за сите инволвирани во носењето на Алта банка, обезбедете ги доказите, испитајте ги трансакциите, повикајте ги инволвираните. Дадовте заклетва на граѓаните, не на оваа мафија. Вистината излегува на виделина. Бандата ќе одговара. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
СветТрамп потврди дека ФБИ истражува афера поврзана со извршниот директор на технолошкиот гигант „Нвидиа“, Јенсен ХуангАмериканскиот претседател Доналд Трамп потврди дека ФБИ истражува афера поврзана со извршниот директор на технолошкиот гигант „Нвидиа“, Јенсен Хуанг, и наводна кинеска шпионка.Трамп откри дека лично разговарал со Хуанг, кој му рекол дека немал сознанија оти жената била шпионка. Американскиот претседател изјави дека му верува.според „Њујорк Тајмс“, американските разузнавачки служби веруваат дека Алис Хуанг, позната и како Хуанг Ле, работела за Пекинг. Весникот објави дека државниот секретар Марко Рубио уште минатата пролет испратил предупредување до високи американски функционери за наводните блиски врски меѓу жената и Хуанг. Алис Хуанг била директорка на сингапурската компанија „Мегаспид“, која имала деловни зделки со „Нвидиа“.Компанијата веќе нарачала независна истрага и тврди дека нема индикации дека се компромитирани нејзините деловни тајни или националната безбедност на САД. Пекинг ги отфрли обвинувањата, оценувајќи ги како неосновани и шпекулативни.аферата се одрази и врз берзата. Акциите на „Нвидиа“ паднаа за повеќе од четири проценти, а пазарната вредност на компанијата се намали за околу 250 милијарди долари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НБАГолден Стејт убедлив против „Њу Орлеанс, „пеликаните“ декласирани со 138-87„Вориорс“ победија со 51 поен разлика! Кошаркарите на „Голден Стејт Вориорс“ утринава ја продолжија својата импресивна победничка серија, совладувајќи ги „Њу Орлеанс Пеликанс“ со убедливи 138:87 . Тимот од Сан Франциско победи со разлика од дури 51 поен, што претставува и најголема победа на кој било НБА-тим сезонава. Инаку, ова е осма победа во низа за „Вориорс“, кои ја започнаа сезоната со три порази, а сега се во одлична форма. Од друга страна, „Пеликанс“ го доживеаја најубедливиот пораз во историјата на франшизата. Стеф Кари беше еден од најзаслужните за новата победа со постигнати 25 поени, иако на теренот помина нешто повеќе од 20 минути. Тој погоди четири тројки од десет обиди, а во текот на натпреварот го престигна Демар Дерозан и се искачи на 16-тото место на вечната листа на стрелци во НБА, со вкупно 26.803 поени. Брандин Подзиемски постигна ист број поени, додека Џексон-Дејвис забележа 23 поени, седум скока и четири асистенции. Чарлс Беси додаде 12 поени и 10 скока, а Деантони Мелтон го заврши натпреварот со 16 поени. Посебно внимание привлече и Џими Батлер, кој поради повреда не можеше да настапи, но се појави во улога на член на стручниот штаб. Облечен како тренер, тој држеше натпис на кој пишуваше: „Додајте му ја топката на Стеф“. Утрово Голден Стејт ја оствари четвртата најголема победа во историјата на франшизата, а последен пат кога славеа со поголема разлика беше во април 2023 година, кога го совладаа Портланд со разлика од 56 поени. „Вориорси“ сега имаат низа од осум победи по ред – втора најдолга серија во историјата на НБА по почеток на сезоната со скор 0-3 или полош.Тагови: НБА Стеф Кари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter