ФормулаРед Бул има намера да го задржи Перез во 2025 година и да го врати Албон во 2026 годинаВозачот на Ред Бул, Серхио Перез, очигледно ќе го задржи местото во тимот, но само една сезона, пренесува „It.motorsport.com.“Шампионот во Формула 1 размислува за едногодишен договор со Чеко. Потоа, Ред Бул е подготвен да му даде втора шанса на Алекс Албон, но тој е под договор со Вилијамс до крајот на сезоната 2025 година. Раскинувањето на договорот би било финансиски тешко, ако не и невозможно за Ред Бул. Италијанските медиуми наведуваат веројатно сценарио: Ред Бул ќе го задржи Перез следната година, а Албон ќе му стане тимски колега на Макс Верстапен во 2026 година. Алекс веќе играше за Ред Бул во 2019-2020 година, по што беше заменет со Серхио. Се известува дека Чеко во сегашната форма ги исполнува задачите што му беа доделени на стартот од сезоната. Шансите на Мексиканецот да ја одработи својата петта сезона со Ред Бул доколку го задржи ова ниво до крајот на мај се многу големи. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
ЗабаваФото: Сопругата на Синиша Михајловиќ, Аријана се соблече во бикини Сопругата на легендарниот фудбалер, Синиша Михајловиќ, убавата Аријана се соблече во бикини и ги покажа своите облини. Аријана Михајловиќ, сопругата на починатата светска фудбалска легенда Синиша Михајловиќ, зачекори во шестата деценија од животот, но според нејзиниот изглед, никој не би помислил дека убавата Италијанка има толку години. Иако е мајка на пет деца, таа има фигура на која ѝ завидуваат и двојно помлади припаднички на понежниот пол. Сега им одржа лекција на многу помлади дами со најновите фотографии од јахта. Аријана позираше во издание за на плажа кое малку остави на имагинацијата. Атрактивната бринета ги истакна своите облини, а нејзиното разголено издание не помина незабележано. Како Италијанка, Аријана се води од животна филозофија што не признава строги ограничувања: „Аријана е Италијанка која сака да јаде, ужива во животот и не признава никакви ограничувања“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЏорџ Клуни и неговите деца биле евакуирани од својот дом поради пожарПознатиот актер, холивудската ѕвезда Џорџ Клуни бил принуден да го напушти домот со сопругата Амал и близнаците.Франција со денови се бори со разорни пожари што беснеат долж јужниот брег, поради што беше неопходна евакуација на стотици илјади луѓе, меѓу кои и Џорџ и Амал Клуни. Тие побегнаа од пожарот заедно со своите деветгодишни близнаци, Александар и Ела, од Брижол во регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег. Претставник на семејството на Џорџ Клуни потврди дека тие преку писмо го известиле градоначалникот на Брижол, Дидие, за евакуацијата. – Драг Дидие, во овој момент немаме претстава дали нашиот прекрасен дом ќе ги преживее овие страшни моменти – наведоа тие во писмото. Тие изјавија дека се надеваат оти сите нивни сограѓани се безбедни и нагласија дека се поврзани со локалната заедница. Џорџ Клуни, кој заедно со своето семејство доби француско државјанство кон крајот на 2025 година, оваа година се најде на листата на 500-те најбогати луѓе во Франција, благодарение на својата актерска кариера, но пред сè на своите деловни потфати. – Амал и јас сакаме да кажеме дека, без оглед на тоа што ќе се случи со нашето село, ќе останеме дел од оваа заедница и ќе учествуваме во нејзината обнова. Ги сакаме Брижол и нашите пријатели што живеат таму – напишаа тие.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
АвтомобилизамОткриено кои половни автомобили се продаваат најбрзо!?Според најновиот извештај на „Индиката“ (Indicata) – компанија специјализирана за анализа на пазарот на возила – побарувачката за половни автомобили стари меѓу три и четири години моментално ја надминува понудата. Оваа категорија учествува со речиси 26 проценти во вкупната продажба на половни автомобили, но претставува само 22 проценти од вкупната понуда, што потврдува дека купувачите првенствено бараат возила кои нудат добар баланс меѓу цената, староста и модерните карактеристики. Дин Мерит, менаџер за стратегија за малопродажба во „Indicata“, истакна дека возилата стари од три до четири години претставуваат идеален компромис меѓу вредноста и квалитетот, бидејќи нудат модерни безбедносни системи и технологии по значително пониска цена од речиси новите автомобили. Иако продажбата на половни електрични возила постепено расте, автомобилите на бензин продолжуваат да доминираат на пазарот, учествувајќи со околу 43 отсто од вкупната продажба, благодарение на стабилната побарувачка и довербата на купувачите во однос на долгорочните трошоци за експлоатација. Аналитичарите забележуваат дека понудата на половни автомобили на бензин ќе продолжи да опаѓа како што се зголемува бројот на електрифицирани модели на пазарот, но нивните цени засега остануваат стабилни токму поради постојаната побарувачка, пренесува „BodyShopMag“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter