Водата во струмичките села Рич, Попчево, Белотино и Вељуса се забранува за пиење и подготовка на храна
2Водата во струмичките села Рич, Попчево, Белотино и Вељуса се забранува за пиење и подготовка на храна
3 Евтина намирница која вреди да се внесе во исхраната – Одличен извор на влакна и протеини, а помага и во снижувањето на холестеролот
ЖивотРечиси ништо не остана од рибар при напад од смртоносни риби (Вознемирувачко видео) Мажот кој исчезнал на почетокот на оваа година е пронајден мртов, а неговите останки се пронајдени покрај брегот на реката Амазон.Даир Раш (46) исчезна откако превезувал говеда со брод во бразилската држава Коста Маркес Рондија на новогодишната ноќ. Како што се испоставило, смртоносно јато пирани го нападнале рибарот, а неговите останки биле пронајдени покрај брегот, пренесува Метро. Единственото нешто што наводно му останало недопрено е прамен коса и кожа на рацете, додека му биле изедени органите и мускулите. Инспекторите во моментов работат на овој случај, но според првите информации се работи за пирани, бидејќи каснувањата на телото на рибарот се совпаѓаат со каснувањата на оваа риба. Во септември минатата година, еден човек починал откако паднал во реката Амазон кога жив го изедоа пираните. Исто така, во 2021 година, 13-годишно девојче го загуби прстот на ногата откако било нападнато од пирани во аргентинска река.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
Шоу бизФото: Ен Хатавеј во елегантен труднички стајлингХоливудската ѕвезда, актерката Ен Хатавеј во елегантен труднички стајлинг, а еден детаљ вреден 8.000 долари го привлече вниманието.Ен Хатавеј покажа уште еден труднички стајлинг кој остава без здив, и покрај сите критики што ја следат за време на оваа бременост. Бремената Ен Хатавеј носеше чанта Bvlgari од 8.000 долари додека шеташе низ Њујорк и го покажуваше најновиот стил за бременост по патот. Актерката зрачеше со гламур во тиркизен велур ансамбл украсен со цветни детали, во комбинација со елегантни црни чевли со потпетици. Ен, која е глобален амбасадор на италијанската модна куќа, носеше блескава чанта Serpentine Duo Top Handle, украсена со гравирани шари, објавува „Дејли меил“. Ѕвездата од „Ѓаволот носи Прада“, која ја објави својата бременост уште во јуни, изгледаше блескаво за време на излегувањето. Ен е во брак со својот сопруг Адам Шулман од 2012 година и тие веќе имаат двајца синови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветОткриени плановите на Пентагон: Се разгледува повлекување на 25.000 американски војници од ЕвропаПентагон размислува за значително намалување на американското воено присуство во Европа, што би можело да опфати повлекување на десетици илјади војници.Пентагон размислува за значително намалување на американското воено присуство во Европа, што би можело да опфати повлекување на десетици илјади војници, како и на одредени авиони, бродови и друга воена опрема, објави „Ен-Би-Си Њуз“ (NBC News), повикувајќи се на американски и европски претставници запознаени со разговорите. Според опциите што моментално се разгледуваат, од Европа би можеле да бидат повлечени околу 25.000 американски војници, што претставува речиси една третина од вкупните американски сили распоредени на континентот. Сепак, некои сценарија одат значително подалеку, предвидувајќи намалување од дури 40.000 припадници на војската. Соединетите Држави моментално имаат околу 80.000 војници во Европа. Доколку администрацијата на претседателот Доналд Трамп усвои една од порадикалните опции, тоа би претставувало едно од најголемите намалувања на американското воено присуство на европско тло од крајот на Студената војна. Изгледите за толку значително повлекување предизвикаа загриженост кај европските сојузници, како и кај некои американски законодавци од двете партии. Критичарите на ваквиот потег предупредуваат дека драстичното намалување на американските капацитети би можело да ја ослаби способноста на НАТО да ја одврати Русија, особено додека трае војната во Украина. Германија, Италија и Шпанија – каде што се стационирани значителен дел од американските сили и воената инфраструктура – се посочуваат како земји што би можеле најмногу да бидат погодени од евентуално намалување. Разгледувањето на можноста за повлекување е дел од пошироката ревизија на американското воено присуство во Европа, иницирана од Пентагон во јуни. Се очекува генералот Алексус Гринкевич, командант на американските сили во Европа и Врховен сојузнички командант на НАТО, да му претстави првична анализа на можните опции на секретарот за одбрана Пит Хегсет. Според опциите што моментално се разгледуваат, од Европа би можеле да се повлечат околу 25.000 американски војници, што претставува речиси една третина од вкупните американски сили распоредени на континентот. Сепак, некои сценарија одат значително подалеку, предвидувајќи намалување од дури 40.000 припадници на војската. Соединетите Држави моментално имаат околу 80.000 војници во Европа. Доколку администрацијата на претседателот Доналд Трамп усвои една од порадикалните опции, тоа би претставувало едно од најголемите намалувања на американското воено присуство на европско тло од крајот на Студената војна.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисАрина Сабаленка казнета поради своето однесување во финалето на УС ОпенВтората светска тенисерка Арина Сабаленка ќе мора да плати 7.500 долари поради своето однесување за време и по финалето на Грен слемот во Њујорк, Ју Ес Опен против Елена Рибакина. Белоруската тенисерка претрпе болен пораз во Њујорк, каде што ја пропушти можноста да ја освои третата последователна титула на УС Опен. Рибакина победи со 6-4, 5-7, 6-2, а Сабаленка тешко се справуваше со емоциите по натпреварот. Sabalenka needs a lesson in class. The millions of girls who admire her derseve better than this response to a loss. Tennis is a sport of elegance and grace. Celebrate Rybakinas first major win. Or at least endure it. This is an embarrassment. Just wait to break all your rackets in the clubhouse like a normal person. — Jon Kalis (@jonkalis) September 13, 2026 Во текот на првиот сет, откако загуби поен, Сабаленка луто ја удри топчето кон трибините, поради што доби казна за неспортско однесување. Подоцна во мечот, таа повторно во гнев го удри топчето кон задниот дел од теренот, за малку погодувајќи еден снимател. По последниот поен уследи вистински излив на гнев. Додека седеше на клупата, Сабаленка неколкупати силно го удри рекетот од земја, а потоа вербално го нападна снимателот што ѝ пријде по завршувањето на мечот. Организаторите на УС Опен ѝ изрекоа парична казна од вкупно 7.500 долари на Сабаленка поради прекршување на правилата за однесување. Казната ќе биде одбиена од нејзината заработка на турнирот. Сабаленка пристигна во Њујорк како двократна бранителка на титулата и имаше можност да стане само третата тенисерка во „Опен ерата“ што освоила три последователни титули на УС Опен. https://t.co/6fJsdiSDir — News Aryna Sabalenka (@Sabanewsss) September 12, 2026 Сепак, Рибакина победи во три сета и го освои својот прв трофеј на овој турнир. Поразот имаше уште една последица за Сабаленка. Со оваа победа, Рибакина го презеде првото место на ВТА-листата, ставајќи крај на 99-неделното владеење на Сабаленка на врвот.Тагови: Арина Сабаленка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29