Речиси една третина од Британците планираат да потрошат помалку за празниците од лани - Канал 5

Речиси една третина од Британците планираат да потрошат помалку за празниците од лани

Скоро една третина од Британците планираат да потрошат помалку за овогодинешните празници отколку во 2022 година, открива истражувањето на „Deloitte“, што ги одразува последиците од кризата со трошоците за живот.

Речиси една третина од Британците планираат да потрошат помалку за празниците од лани

Според истражувањето на „Deloitte“, уделот на граѓаните кои ќе потрошат помалку овој Божиќ се совпаѓа со резултатот од истражувањето на „PwC“, забележува „Reuters“.

„Deloitte“, исто така, откри дека повеќе испитаници планираат да потрошат повеќе во периодот од октомври до декември од минатата година, наведувајќи дека нивниот удел се зголемил од 19 на 26 проценти, делумно затоа што приоритет ќе им биде заштедата на трошоците за одмор.

Многу граѓани ќе ги распределат своите трошоци во текот на целиот квартал, при што 32 отсто изјавиле дека ќе купат најмногу подароци во ноември, искористувајќи го максимумот од промоциите на црниот петок и кибер понеделник.

„Викендот за продажба на црниот петок и кибер понеделникот се клучни за трговците на мало и очекуваме севкупните трошоци повторно да се зголемат оваа година бидејќи потрошувачите сакаат да извлечат максимум од понудената продажба“, рече Оливер Вернон-Харкур од „Deloitte“.

Половина од испитаниците годинава планираат да купат подароци во продавниците, нешто повеќе од лани. Трошоците во Британија годинава останаа на минатогодишното ниво, и покрај високата инфлација и другите притисоци врз трошоците за живот.

Во септемврои сепак продажбата подзапрела, според податоците за малопродажбата објавени на почетокот на месецот, бидејќи топлото време ѝ наштети на продажбата на есенска облека, трикотажа и палта.

Најголемиот британски трговец на мало Теско, од друга страна, опстојува на оптимистичките прогнози за божиќниот период, а „Sainsbury's и Marks & Spencer“ планираат да ангажираат повеќе привремени работници за празничната сезона од минатата година, забележува „Reuters“.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Откриен денот на свадбата на Кристијано и Георгина

Откриено кога се жени светската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо: Местото на свадбата има посебно значење за него.

Откриен денот на свадбата на Кристијано и Георгина

Најплатениот светски фудбалер Кристијано Роналдо и неговата долгогодишна свршеница Георгина Родригез треба да стапат во брак следниот викенд, пренесува „Сан“ (The Sun).

Според таблоидот „Сан“, Кристијано Роналдо и Георгина Родригез ќе го кажат судбоносното „да“ следниот викенд.

Повикувајќи се на португалски извори, парот одлучи да ја организира свадбата од соништата на островот Мадеира, поточно во Фуншал – градот каде што славниот Роналдо ја започнал својата фудбалска кариера.

Според локалните медиуми, катедралата во главниот град на островот е веќе резервирана за следната сабота, а свечената церемонија е закажана за 15:00 часот. По црковниот дел, големата прослава треба да продолжи во луксузниот хотел „Савој Палас“.

Роналдо и Георгина инаку се во врска од 2016 година, а се свршија во август минатата година.

Гласините за претстојната свадба дополнително ги поттикна самата Георгина, откако објави интересна фотографија на Инстаграм.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Артета за Винисиус: Арсенал ќе биде многу амбициозен

Предводникот на англискиот фудбалски шампион Арсенал, Микел Артета се осврна на шпекулациите во медиумите за интересот на „топџиите“ за Винисиус Жуниор, изјавувајќи дека клубот ќе биде „многу амбициозен“ на трансфер-пазарот. 

Артета за Винисиус: Арсенал ќе биде многу амбициозен

Според Goal.com, Арсенал внимателно ја следи ситуацијата со договорот на бразилскиот напаѓач во Реал Мадрид, бидејќи клубот бара засилување од светска класа за својот напад.

Менаџерот на Арсенал беше воздржан кога беше прашан за евентуалното ангажирање на ѕвездата на Реал Мадрид, но испрати јасна порака во врска со намерите на клубот.

По убедливата победа од 4:1 во подготвителниот натпревар против Џирона, Артета нагласи дека лондонскиот тим е подготвен да заземе одлучен пристап во потрагата по нови играчи.

Кога беше директно прашан за ангажирањето на бразилското крило, тој внимателно ги бираше зборовите, но јасно ги изнесе своите цели.

„Активни сме и се обидуваме да го подобриме и развиеме тимот. Тоа е јасно. Очекуваме одредени случувања во наредните недели бидејќи сакаме да напредуваме, исто како и сите други“, рече Артета. „Тоа е очигледно и на пазарот и преку потезите што ги прават нашите ривали – нема само да стоиме и да гледаме. Имаме големи амбиции за она што сакаме да го постигнеме.“ „Разликите се минимални.

Сакаме да бидеме подобри, а нивото на конкуренција ќе расте, па затоа мораме да ја зголемиме конкуренцијата во самиот тим. Мораме да утврдиме што ни недостасува за да стекнеме поголема предност. Тоа е нашиот начин на размислување“, додаде тој.

Оптимизмот на Арсенал произлегува од застојот во преговорите меѓу Винисиус и раководството на Реал Мадрид.

Шпанскиот клуб би можел да биде принуден да го продаде играчот доколку наскоро не се постигне договор, бидејќи постои ризик тој да си замине како слободен играч следното лето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новата љубов на Никол Кидман?

Мегапопуларната актерка, холивудската ѕвезда Никол Кидман има ново момче ? „Уловена“ во „Ферари“ со американски инвеститор.

Новата љубов на Никол Кидман?

Никол Кидман беше фотографирана со инвеститорот Мајкл Рајнштајн, што поттикна шпекулации дека можеби се во врска. Вечерта на 30 јули, 54 годишниот Рајнштајн ја пречека 5 години повозрасната Никол на аеродромот во Лос Анџелес, откако таа пристигна од Њујорк. На фотографиите што се појавија во медиумите, Кидман е прикажана како седи на совозачкото седиште во неговото црно „Ферари“. Таа носеше сиво сако и бела кошула.

Кидман и Рајнштајн првпат беа фотографирани заедно на почетокот на јули во Портофино, Италија. „Пејџ сикс“ (Page Six) тогаш објави фотографии на кои се гледа како тие се дружат на хотелски балкон.

Актерката носеше сатенски топ и здолниште во боја на слонова коска, додека Рајнштајн беше облечен во темноплава поло-маица и шорцеви. „Дејли мејл“ (Daily Mail) исто така ги фотографираше во хотелот „Белмонд Сплендидо“, каде што уживаа во коктели „Аперол шприц“ покрај базенот.

Мајкл Рајнштајн е американски бизнисмен и инвеститор, како и основач и претседател на инвестициската компанија „Реџент“ (Regent), со седиште во Беверли Хилс.

Компанијата инвестира во бизниси од различни сектори, вклучувајќи ги модата, медиумите, технологијата и малопродажбата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер