Речиси 8.000 мигранти влегле во Словенија до средината на март - Канал 5

Речиси 8.000 мигранти влегле во Словенија до средината на март

Предлогот за формирање нови центри за азил во Словенија ќе го разгледува Комисијата за внатрешни работи при словенечкиот Парламент.

Речиси 8.000 мигранти влегле во Словенија до средината на март

Канцеларијата за згрижување и интеграција на мигранти веќе подолго време бара нови локации за центарот за азил во време кога е во пораст бројот на илегални мигранти кои ја минуваат границата во Словенија.

Поради пренатрупаноста на центарот за азиланти во Љубљана, Владата одлучи да ги изолира центрите за азил во Брежице и Средич на Драва, што предизвика незадоволство.

Истовремено, се предупредува дека и годинава се зголемува бројот на неовластени гранични премини меѓу Словенија и Хрватска.

До средината на март, полицијата обработила повеќе од 7.900 странци кои илегално ја преминале границата. Во центарот за азиланти во Љубљана немаат доволно сместувачки капацитети. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голема акција за чистење на булеварот „Борис Трајковски“: Собрани 3 тона отпад

Во координирана заедничка акција со ЈП „Паркови и зеленило“ и ЈП „Комунална хигиена“, екипи на Општина Кисела Вода денес спроведоа темелно чистење и уредување на булеварот „Борис Трајковски“. 

Голема акција за чистење на булеварот „Борис Трајковски“: Собрани 3 тона отпад

Активноста се реализираше преку Секторот за месна самоуправа при Општина Кисела Вода, при што се расчистуваше потегот од крстосницата со улицата „Народни херои“ сè до влезот во населбата Драчево.

За ефикасно и брзо завршување на работата, на терен заеднички интервенираа 40 сезонски работници од Општина Кисела Вода, 30 работници од ЈП „Комунална хигиена“ и 20 работници од ЈП „Паркови и зеленило“. Со цел детално расчистување на зеленилото, пешачките патеки и коловозот, ангажираните екипи работеа со повеќе тримери, телескопски пили и дувалки, додека за подигнување на сметот Општината користеше три свои камиони.

Во текот на акцијата од овој потег беа собрани и транспортирани вкупно 3 тона отпад. Ваквите акции, кои имаат за цел одржување на јавната хигиена и заштита на животната средина, ќе продолжат и во наредниот период.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познати десетте најплатени кошаркари од Евролигата

На порталот „Eurohoops“ се појави листата на најплатените кошаркари во Евролигата, а на првото место се наоѓа , плејмејкерот на Хапоел Т. А, Србинот, Василије Мициќ. 

Познати десетте најплатени кошаркари од Евролигата

Во дресот на Хапоел Тел Авив, Мициќ заработува 5,6 милиони долари годишно!

Тој во моментов е најскапиот играч во Евролигата.

Следните тројца кошаркари на листата на најплатени играат за Панатинаикос.

Кендрик Нан заработува 5,3 милиони долари годишно и е втор на листата, трет е Гершон Јабуселе со 5 милиони, а четврт е Најџел Хејс-Дејвис, за кого ПАО издвојува 4,5 милиони долари по сезона.

На петтата позиција е Саша Везенков од Олимпијакос со 4,2 милиони долари, а потоа на листата следи уште еден играч на Панатинаикос – францускиот репрезентативец Силвен Франсиско, кој заработува 4 милиони долари годишно.

Седми е Елајџа Брајант. Соиграчот на Василије Мициќ од Хапоел добива 3,6 милиони долари по сезона, а осми е Џанан Муса од Дубаи, кој е платен 3,5 милиони долари годишно.

Со плата од 3,2 милиони долари годишно, оваа позиција ја делат Никола Милутинов и Еван Фурние од Олимпијакос, Матијас Лесор од Панатинаикос и Томас Вокап од Дубаи (кој за малку не заврши во Олимпијакос).

Шејн Ларкин испадна од листата на топ 10 играчи бидејќи во Фенербахче заработува околу 3 милиони долари годишно; истото важи и за Мајк Џејмс, кој го замени дресот на Монако со оној на Ефес.

Жан Монтеро од Олимпијакос исто така заработува 3 милиони долари годишно, додека ситуацијата со Валтер Таварес и Јонас Валанчиунас е интересна бидејќи и двајцата заработуваат помалку од 3 милиони долари годишно, а сепак важат за најдобри центри во Евролигата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Пуштен во употреба кружниот тек на Северен Булевар

Пуштен во употреба кружниот тек на Северен Булевар во Кавадарци.

Јанчев: Пуштен во употреба кружниот тек на Северен Булевар

Денеска во Кавадарци беше пуштен во употреба новиот кружен тек во непосредна близина на објектот на Лидл, со што се унапредува сообраќајната поврзаност и се овозможува побезбедно и полесно движење во овој дел од градот.

Инфраструктурниот проект е реализиран како резултат на соработката меѓу Општина Кавадарци и Лидл, со поддршка и ангажман на локални компании.

На настанот свои изјави за медиумите дадоа градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, и Гоце Гаврилов директор за недвижнини од Лидл, кои ја истакнаа важноста на партнерството меѓу локалната самоуправа и приватниот сектор, како и значењето на проектот за подобрување на инфраструктурата и условите за граѓаните. Со реализацијата на овој проект, Кавадарци добива уште едно современо инфраструктурно решение, а успешната соработка претставува пример за заедничко вложување во развојот на градот.

Кавадарци продолжува да се развива – со нови инвестиции, подобра инфраструктура и партнерства во интерес на граѓаните.- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер