Речиси 100 поплаки стигнале на адреса на министерот – најмногу се жалат за чекање со часови на термин - Канал 5

Речиси 100 поплаки стигнале на адреса на министерот – најмногу се жалат за чекање со часови на термин

Во здравствениот систем „не се знае, кој пие, кој плаќа“, бидејќи првиот човек на здравството Азир Алиу тврди дека најверојатно има повеќе доктори како оној од Струга што немал ни лиценца, пет години земал плата, а не клател ни врата.

Речиси 100 поплаки стигнале на адреса на министерот – најмногу се жалат за чекање со часови на термин

Во здравствениот систем „не се знае, кој пие, кој плаќа“, бидејќи првиот човек на здравството Азир Алиу тврди дека најверојатно има повеќе доктори како оној од Струга што немал ни лиценца, пет години земал плата, а не клател ни врата, бидејќи не доаѓал на работа во болницата. Ова може да се случува во повеќе градови низ Македонија, бидејќи системот не ни овозможува прецизни бројки за тоа кој, каде и како лекува, кажа Алиу, подвлекувајќи дека во тек е функционална анализа која ќе ги даде одговорите и ќе биде база за идните реформи.

-Се уште не знам точна бројка на лекари. Во таков систем, во кој што не се знае точна бројка на доктори, можеби има уште повеќе од еден доктор кој што се јавува, за жал, во Струга. Најверојатно имаме, претпоставка е, ама ако еден ви се јавува, претпоставката е дека можеби имате и во други градови. Можеби додека сега ние зборуваме, тие си функционираат. За жал, системот не дава точни резултати, не ги следи процесите бидејќи не знаеме колку одредена процедура трае и како таа завршува. Затоа, таа функкционална анализа што ја правиме ќе ни каже, и колку луѓе ќе треба да имаме во здравствениот систем, каква инфраструктура треба да има, а и колку време треба да трае одредена процедура, изјави Азир Алиу.

На хаотично фукционирање на клиниките се жалат и граѓаните на он-лајн алатката „пријави нерегуларности“ што функционира повеќе од десетина дена. Досега 90 пациенти пријавиле проблем, а Алиу вели дека од досега проверените 60 само за две имало индиции за постапување. За случајот со мито, лекар не барал пари за услуга, туку, за мито станало збор преку посредник, пријател.

Утврдено е дека не е од институциите, туку е од пријател кој што злоупотребил процес. Значи, тоа не е до нас.

-90 пријави. Пристигнати и регистрирани, а најмногу од нив се од Скопје. Најчести се поплаките за доцнења. Доцнење на резултати и доцнења на прегледи и ангажмани на докторите во јавниот и приватниот сектор. Најважно е што пријавите и претставките не остамуваат во фиока и секоја се разгледува од посебна работна група,- изјави Азир Алиу.

Министерот Алиу е оптимист за подобрување на состојбите, најави барања за измени на 12 закони, а кажа и дека се надева дека сите оние здравствени работници кои со години работат со договор на дело, ќе добијат решение во неговиот мандат.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Сексуалното образование“ во средните училишта останува, но предметот ќе се вика „Здравје и заштита на здравјето“

По бројните реакции во јавноста за предметот сексуалното образование, министерката Весна Јаневска денеска со ново објаснување за измените во наставната програма. 

„Сексуалното образование“ во средните училишта останува, но предметот ќе се вика „Здравје и заштита на здравјето“

Предметот останува, но под ново име – „Здравје и заштита на здравјето“. Според Јаневска, целта е да се зачуваат важните содржини за учениците, а истовремено да се одговори на загриженоста на дел од јавноста.

„Ние имавме предмет кој се викаше сексуално образование кој дел од јавноста реагираше...Како министер за образование и наука сум должна транспарентно да работам и да ги слушнам граѓаните кои гласале за партијата така и за мене...Откако ги слушнавме реакциите на дел од граѓанството решивме дека би можеле во одреден дел да ги намалиме нивните стравови, предрасуди што е порив за такво нешто а да го зачуваме предметот кој сега се вика „Здравје и заштита на здравјето“,-– Весна Јаневска, министерка за образование и наука.

И покрај промените во наставната програма, министерката уверува дека ниту една содржина што е важна за правилниот развој и едукацијата на учениците не е изоставена. Дополнително посочува дека наставниците веќе ја завршиле обуката за реализација на овој изборен предмет.

„Не исфрливме ништо од програмата што им е потребно на децата! Во програмата има се што им е потребно, на таа возраст со којашто може да се заштитат, но и човечки,хумано и недискриминирачки да постапуваат кон сите во својата околина и во релациитее кои ги градат,, /,,Значи се што е неопходно има во програмата, дополнително наставниците ја поминаа обуката,обуката е завршена“-– Весна Јаневска, министерка за образование и наука.

Измените во наставната програма предизвикаа реакции и кај стручната јавност. Пред два дена од Институтот за родови студии при Филозофскиот факултет побара дополнителна ревизија и враќање на поимот „род“ и термините поврзани со него. Од ХЕРА, пак, предупредуваат дека со промените се ослабуваат важни содржини за сексуалното и репродуктивното здравје на младите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нема нови случаи на заболени со морбили во Македонија

Денеска нема нови случаи со морбили сипаниците, засега се прават анкетите и дадени се препораките на оние кои биле во контакт со оние кои имале ситни сипаници, соопшти министерот за здравство Клековски. 

Нема нови случаи на заболени со морбили во Македонија

Она што е важно да се имунизираат децата, и да разберат родителите дека морбилите се опасни сипаници и единствена заштита е вакцината МРП. Досега беа потврдени пет случаи со морбили, од кој еден странски државајнин. Според последните под

Продолжува големиот интерес за примање на вакцината против грип. Досега се вакцинирани над десет илјади граѓани, и се очекува со новата пратка на вакцина да се вакцинираат граѓаните.

Според последните податоци во период децата кои се родени од 2021 година до 2024 година се под 60% вакцинирани.

На пример во општина Ѓорче Петров од родени 1.800 деца за три години, 980 не се вакцинирани со МРП, а се на возраст на деца кои одат во градинка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Се преземаат сите подготовски, се работи на носечките проекти меѓу нив и на Универзална сала

Повеќе нема никакви дилеми дека е доведена во прашање титулата на Скопје како Европска претсолнина на културата за 2028 година.

Ѓорѓиевски: Се преземаат сите подготовски, се работи на носечките проекти меѓу нив и на Универзална сала

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вели дека се преземаат сите потребни активности и дека сега се работи на носечките проекти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер