Ребалансот на буџетот денеска на владина седница, ќе има зголемување на буџетскиот дефицит - Канал 5

Ребалансот на буџетот денеска на владина седница, ќе има зголемување на буџетскиот дефицит

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска најави дека е планирано ребалансот на буџетот денеска да се разгледува на владина седница.

Ребалансот на буџетот денеска на владина седница, ќе има зголемување на буџетскиот дефицит

Од она што можеше да го сподели со медиумите, рече дека ќе има корекција на буџетскиот дефицит, односно негово зголемување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Комунална хигиена-Скопје -Продолжува бесплатното одлагање кабаст отпад во центарот за селекција во Карпош

ЈП Комунална хигиена-Скопје ги информира жителите на градот Скопје дека Претпријатието продолжува да им ја нуди можноста својот кабаст отпад, во којшто спаѓаат стариот мебел, електронските и електричните апарати....

ЈП Комунална хигиена-Скопје -Продолжува бесплатното одлагање кабаст отпад во центарот за селекција во Карпош

ЈП Комунална хигиена-Скопје ги информира жителите на градот Скопје дека Претпријатието продолжува да им ја нуди можноста својот кабаст отпад, во којшто спаѓаат стариот мебел, електронските и електричните апарати, без плаќање паричен надоместок да го одложат во Центарот за селекција на отпадот во Карпош, секој ден во неделата, во терминот од 07 до 19 часот.

Доколку граѓаните имаат потреба ЈП Комунална хигиена-Скопје со специјални комунални возила да го преземе и транспортира кабастиот отпад од нивните домови, оваа услуга можат да ја закажат од понеделник до петок, во периодот од 07 до 15 часот, на следните телефонски броеви: 0800 222 33 и 3216644.

Уште еднаш би сакале да потсетиме дека секое одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини претставува прекршување на Законот за јавна чистота и подлежи на санкции, а ваквото несовесно однесување може да резултира со исклучително штетни последици за животната околина и јавното здравје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Најголема жртва на блокадата на СДС, Левица и ДУИ е македонската дијаспора

Најголема штета од блокирањето на Изборниот законик од страна на СДС, Левица и ДУИ нема да претрпи ВМРО-ДПМНЕ, туку македонските граѓани кои живеат надвор од државата.

Манасиевски: Најголема жртва на блокадата на СДС, Левица и ДУИ е македонската дијаспора

Со месеци се бараше заедничко решение, но наместо процесот да заврши со политички консензус, СДС, Левица и ДУИ избраа да го блокираат законот и да ги стават сопствените партиски интереси пред интересите на десетици илјади македонски иселеници.

ВМРО-ДПМНЕ јасно порача дека ќе ги прифати сите барања на опозицијата, иако тие барања не се суштински, само дијаспората да може да гласа по електронски пат или по пошта.

Македонската дијаспора заслужува еднакво право на учество во изборните процеси. Затоа ги повикуваме СДС, Левица и ДУИ да престанат со блокадите и да покажат одговорност, за конечно да се донесе Изборниот законик во интерес на сите македонски граѓани, без разлика на тоа каде живеат.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Александар Секулиќ нов тренер на Барселона

Селекторот на Словенија, Александар Секулиќ е назначен за нов тренер на шпанскиот гигант Барселона.

Александар Секулиќ  нов тренер на Барселона

Секулиќ дефинитовно одлично го валоризираше и наплати успехот со Дубаи во АБА-лигата .

Словенечкиот тренер Александар Секулиќ е новиот тренер на Барселона, пренесува „Еурохупс“.

Покрај него, во опција беа и Јанис Сферопулос и Паоло Галбијати, но раководството на каталонскиот гигант се одлучи за тренерот кој му ја донесе титулата во АБА-лигата на Дубаи.

Секулиќ го замени Јурица Големац на клупата на Дубаи и успеа да го победи Партизан во финалето на регионалното натпреварување, што предизвика интерес кај неколку евролигашки клубови.

За кошаркарските фанови овој ангажман е интересен и поради фактот што Чави Пасквал и Секулиќ ќе си ги замената клупите, бидејќи Чави Пасквал ќе биде претставен како нов тренер на Дубаи.

Тој доброволно ја напушти Барселона и, иако се шпекулираше за внатрешни конфликти во клубот, тој го негираше тоа и нагласи дека заминува од други причини.

Во текот на својата кариера, Секулиќ инаку, ги предводел екипите на Геоплин Слован, Триглав Крањ, Крка, Приморска, Нимбурк, Локомотива Кубањ, Зенит и Дубаи.

Од 2020 година, тој е и селектор на словенечката репрезентација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер