Реал со пресврт во финишот го победи Спортинг - Канал 5

Реал со пресврт во финишот го победи Спортинг

Со двата гола во завршните минути од натпреварот актуелниот европски првак Реал Мадрид го победи Спортинг Лисабон со 2:1, во натпревар од 1.коло на групната фаза во Лигата на шампионите.

Реал со пресврт во финишот го победи Спортинг
На средбата одиграна синоќа во Мадрид, иако гостите од Португалија имаа предност од 47.минута по голот на Бруно Цезар, сепак „кралевите“ во завршницата направија комплетен резултатски пресврт. Кристијано Роналдо со гол од слободен удар во 89.минура израмни на 1:1, а во четвртата минута од судиското дополнување Алваро Мората му донесе победа на Реал.

Резултати од синоќешните натпревари во Лигата на шампиони:

Група Ц: Манчестер Сити – Борусија Менхенгладбах 4:0.

Група Е: Баер Леверкузен – ЦСКА Москва 2:2, Тотенхем – Монако 1:2.

Група Ф: Легија – Борусија Дортмунд 0:6, Реал Мадрид – Спортинг Лисабон 2:1.

Група Г: Клуб Бриж – Лестер 0:3, Порто – ФК Копенхаген 1:1.

Група Х: Јувентус – Севилја 0:0, Лион – Динамо Загреб 3:0. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дел од Чаир попладнево без струја, имало пожар на бандера

Дел од жителите на Чаир, поранешен Центар 1, во близина на хотел Континентал попладнево останаа без електрична енергија.

Дел од Чаир попладнево без струја, имало пожар на бандера

Според информации добиени од граѓани кои се обратиле до Контакт-центарот, станува збор за дефект на електродистрибутивната мрежа, за кој е поднесена пријава поради пожар на електричен столб, бандера.

Засега нема информации колку домаќинства се засегнати, дали пожарот настанал поради обиди за диви приклучувања и кога се очекува нормализирање на снабдувањето со електрична енергија.

Од ЕВН најавија официјални информации во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Влажниот бран ќе се задржи уште два дена, најмногу врнежи во вторник

До вторник според Управата за хидрометеоролошки работи ќе продолжи врнежливото време. 

УХМР: Влажниот бран ќе се задржи уште два дена, најмногу врнежи во вторник

Веќе од средината на идната недела ќе настапи постепена стабилизација.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем пожар на плац на автобуската компанија во близина на селото Тркање, кочанско

Голем пожар избувна утрово на плац со гаражи и автобуси во близина на селото Тркање, предизвикувајќи сериозна материјална штета. 

Голем пожар на плац на автобуската компанија  во близина на селото Тркање, кочанско

Огнената стихија избувнала околу 9 часот во објектот на компанијата, кој се наоѓа во месноста Цацков Бунар, во непосредна близина на бензинска пумпа .

Со брза интервенција на протипожарните единици од Кочани и Виница пожарот е изгаснат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер