ФудбалРеал се договори да купи фудбалер за врска, вреден 130 милиони евра Летниот преоден рок за следната сезона се уште не започнал, а Реал Мадрид веќе е на прагот да договори голема зделка за 2025 година.Според пишувањата на шпанските медиуми, Флоријан Вирц треба да дојде во Мадрид во текот на летото следната година, откако Реал ги договорил условите за соработка со него, а тој се уште има договор со Баер каде моментално е играч. Прво, договорот го направија Вирц и Баер. Германскиот репрезентативец, 21-годишен играч кој игра на позицијата офанзивен играч за врска, му вети на клубот дека ќе остане член и следната сезона. Тогаш Вирц и Реал почнале преговори и сѐ било договорено. Она што сега се очекува е договор меѓу клубовите. Трансфермаркт го проценува Вирц на 130 милиони евра, а Марка пишува дека за негово доведување ќе бидат потребни уште 20 милиони. Виртц е под договор со германскиот шампион до летото 2027 година. Минатата сезона одигра 49 натпревари за тимот со 18 гола и 20 асистенции. За Германија игра од 2021 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДел од Чаир попладнево без струја, имало пожар на бандераДел од жителите на Чаир, поранешен Центар 1, во близина на хотел Континентал попладнево останаа без електрична енергија.Според информации добиени од граѓани кои се обратиле до Контакт-центарот, станува збор за дефект на електродистрибутивната мрежа, за кој е поднесена пријава поради пожар на електричен столб, бандера. Засега нема информации колку домаќинства се засегнати, дали пожарот настанал поради обиди за диви приклучувања и кога се очекува нормализирање на снабдувањето со електрична енергија. Од ЕВН најавија официјални информации во текот на денот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУХМР: Влажниот бран ќе се задржи уште два дена, најмногу врнежи во вторник До вторник според Управата за хидрометеоролошки работи ќе продолжи врнежливото време. Веќе од средината на идната недела ќе настапи постепена стабилизација. Тагови: врнежи од дожд УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГолем пожар на плац на автобуската компанија во близина на селото Тркање, кочанскоГолем пожар избувна утрово на плац со гаражи и автобуси во близина на селото Тркање, предизвикувајќи сериозна материјална штета. Огнената стихија избувнала околу 9 часот во објектот на компанијата, кој се наоѓа во месноста Цацков Бунар, во непосредна близина на бензинска пумпа . Со брза интервенција на протипожарните единици од Кочани и Виница пожарот е изгаснат. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВтор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48