Реал: По 23 години си заминува Дани Карвахал, симбол на клубот - Канал 5

Реал: По 23 години си заминува Дани Карвахал, симбол на клубот

Капитенот на Реал Мадрид, Дани Карвахал (34), го напушта клубот на крајот од сезоната.

Реал: По 23 години си заминува Дани Карвахал, симбол на клубот

По 23 години, од кои 13 во првиот тим, клубот и играчот се согласија да ја прекинат соработката, затворајќи едно од најуспешните поглавја во историјата на мадридските гиганти, објави ФК Реал Мадрид.

Во официјалното соопштение, Реал Мадрид изразува благодарност и восхит кон, како што велат, една од најголемите легенди на клубот и светскиот фудбал. Карвахал е еден од само петте играчи во историјата на фудбалот кои освоиле шест европски шампионски титули, а бил дел од тимот што го одбележал еден од најбрилијантните периоди во историјата на клубот.

Кариера испишана со трофеи

Карвахал се приклучи на Реал Мадрид во 2002 година и го носеше дресот на клубот 23 сезони - десет во младинската академија и тринаесет во првиот тим. Во тој период, тој освои 27 титули: шест Европски купови, шест Светски клупски првенства, пет Европски суперкупови, четири титули во Ла Лига, две Купови на кралот и четири Шпански суперкупови.

Тој освои еден трофеј помалку од рекордерот на клубот, Лука Модриќ. Откако Модриќ го напушти Реал минатата година, се очекуваше Карвахал да го надмине по бројот на трофеи. По уште една неуспешна сезона за Реал и веројатното заминување на Карвахал, Модриќ останува рекордер.

На индивидуално ниво, Карвахал беше вклучен во идеалната единаесетка на светот според FIFPro и FIFA The Best за 2024 година. Тој беше прогласен и за играч на натпреварот во финалето на Лигата на шампионите во 2024 година, во кое постигна гол. Одигра вкупно 450 натпревари за првиот тим, постигнувајќи 14 гола и асистирајќи за 65. Играше 51 пат со шпанската репрезентација, освојувајќи го Европското првенство во 2024 година и Лигата на нации во 2023 година.

Перез: „Карвахал е симбол на Реал“

Претседателот на клубот, Флорентино Перез, исто така, се збогува со капитенот, кој ја нагласи важноста на Карвахал за клубот. „Дани Карвахал е легенда и симбол на Реал Мадрид и неговата младинска академија. Неговата слика покрај нашиот сакан и незаборавен Алфредо Ди Стефан на поставувањето камен-темелник на градот Реал Мадрид засекогаш ќе остане во срцата на сите Мадридисти и во историјата на нашиот клуб. Карвахал отсекогаш ги отелотворувал вредностите на Реал Мадрид. Ова е и секогаш ќе биде негов дом“, рече Перез.

Збогум пред навивачите

Реал Мадрид им посака на Дани Карвахал и неговото семејство се најдобро во новото поглавје од нивните животи. Церемонијата на збогување ќе се одржи оваа сабота на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, пред последниот натпревар од лигата во сезоната против Атлетик Билбао.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Хаос поради нозете на Џеј Ло

Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез покажа дека дури и на 57-годишна возраст може да се пофали со завидна фигура, а нејзиното последно телевизиско појавување повторно привлече внимание поради нејзиниот изглед.

Фото: Хаос поради нозете на Џеј Ло

Извајаните нозе на „жешката“ латиноамериканка Џеј Ло предизвикаа хаос, напорните тренинзи вродија со плод.

Латино дивата Џенифер Лопез гостуваше во емисијата „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“, каде што се појави во краток фустан што ги истакна нејзините затегнати и мускулести нозе.

За оваа пригода, таа одбра впечатлив мини-фустан во маслинеста боја, чиј крој дополнително ја нагласи фигурата по која таа е препознатлива со години.

Токму мини-должината ги стави нејзините извајани нозе во центарот на вниманието, особено додека таа седеше на каучот во студиото.

Стајлингот го заокружи со чевли со шпиц во кафеава нијанса, златни алки, часовник, прстени и обетки.

Косата ја зачешла наназад и ја врза во високо опавче, додека очите ги истакна со шминка, а усните ги остави во неутрални тонови.

Сепак, фотографиите од студиото брзо привлекоа внимание, а нејзиниот избор на облека уште еднаш покажа дека пејачката радо избира парчиња што ја истакнуваат нејзината фигура и дека не се плаши од кратки и провокативни кроеви.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ретко кој го забележа шеширот покрај бујното деколтет!

Од шеширот едвај се гледа, но градите сепак „штрчат“, дали знае некој која е оваа убавица?

Фото: Ретко кој го забележа шеширот покрај бујното деколтет!

Раперката Карди Б не пропушти прилика повторно да ги покаже своите прекрасни бујни облини – но и својот префинет вкус за мода и модни трендови.

Синоќа во Лос Анџелес се одржа 17-тото доделување на наградите „Гувернерс“ (Governors Awards), настан на кој присуствуваа бројни ѕвезди.

Американската раперка Карди Би не ја пропушти можноста да заблеска на овој настан, воодушевувајќи ги сите присутни со своето модно издание.

За хуманитарниот настан, таа му ја довери довербата на модниот дизајнер Тамара Ралф и облече нејзин фустан од висока мода. Како што може да се види, белиот фустан, кој е кроен со нагласен струк, ја истакна нејзината витка фигура, но истовремено ги нагласи и нејзините бујни гради.

Интересен беше и делот на стомакот – златниот елемент во стил на корсет, кој на целата креација ѝ даде нота на модерен гламур.

Сепак, главниот акцент во стајлингот беше преголемата шапка, која совршено се вклопи во оваа комбинација и го претвори целокупниот изглед на раперот во уметничко доживување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБА инвестира милијарди во европската кошарка !

Најсилното светско кошаркарско првенство, НБА планира да инвестира милијарди долари во создавањето на нова европска кошаркарска лига, во која сака да ги вклучи најголемите фудбалски клубови од Стариот континент.

НБА инвестира милијарди во европската кошарка !

НБА не се откажува од идејата за започнување ново кошаркарско натпреварување на Стариот континент, а амбициите на американската организација стануваат сè поголеми.

Според информациите на британскиот „Скај њуз“ (Sky News), планот е да се формира огромен инвестициски фонд кој би располагал со милијарди долари. Средствата првенствено би биле наменети за изградба на модерни спортски сали, развој на инфраструктурата и привлекување на големи европски клубови.

Целта на НБА е да создаде натпреварување кое ќе ги обедини најпознатите спортски брендови во Европа и ќе стане сериозен конкурент на Евролигата.

Посебно внимание привлекува списокот на клубови што американската организација сака да ги вклучи во проектот. Меѓу нив се Реал Мадрид, Барселона, Милан и Пари Сен Жермен. Идејата е овие фудбалски гиганти да добијат свои кошаркарски франшизи и да ја искористат својата постоечка популарност за развој на нов спортски производ.

НБА особено смета на британскиот пазар, па Лондон и Манчестер веќе се споменуваат како потенцијални градови домаќини за нови тимови. Ова би му дало дополнителна комерцијална вредност на европскиот проект и би ја отворило вратата кон пазар каде што кошарката сè уште ја нема популарноста што ја ужива фудбалот.

Сепак, реализацијата на еден ваков голем потфат нема да биде едноставна. Дел од потенцијалните инвеститори се загрижени поради огромните трошоци за започнување на натпреварувањето, но и поради неизвесноста во однос на неговата долгорочна профитабилност.

Инаку, НБА претходно се обиде да најде заеднички јазик со Евролигата, но договор меѓу двете страни не беше постигнат. По неуспешните преговори, американската организација продолжи да ја развива идејата за посебно европско натпреварување, со поддршка од ФИБА.

Доколку планот се реализира, европската клупска кошарка би можела да влезе во сосема нова ера, со огромни финансиски вложувања и доаѓање на некои од најголемите спортски имиња.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер