Реал Мадрид за прв пат ќе одржи фудбалски камп во Македонија - Канал 5

Реал Мадрид за прв пат ќе одржи фудбалски камп во Македонија

Фондацијата Реал Мадрид Кампус Експирианс доаѓа во Македонија со проект за фудбалска едукација на момчиња и девојчиња на возраст од 7 до 17 години.

Реал Мадрид за прв пат ќе одржи фудбалски камп во Македонија
Кампот ќе се одржи на лето на терените кај комплексот на ФФМ и ќе има едукативен и рекреативен карактер со цел промоција на спортскиот живот и социјален развој.

Поддршка на овој проект даде и Агенцијата за млади и спорт.

- Ние како Влада и Агенција за млади и ги поддржуваме младинските категории спортисти. Се надевам дека овој камп ќе им помогне на македонските млади спортисти и дек аод него во иднина ќе произлезат и репрезентативците кои ќе ги бранат боите на Македонија, рече Дарко Каевски, директор на АМС.

Фондација на Реал Мадрид е присутна на пет континенти со повеќе од на 5 континенти со повеќе од 3.500 учесници.

Со македонските млади фудбалери ќе работат тренери од Шпанија, на секои 20 деца по еден тренер, а на крајот учесниците ќе добијат сертификат за учество.

Директорот на Фондацијата на Реал Мадрид, Хоакин Сагес Блеса очекува кампот да предизвика голем интерес кај македонските млади фудбалери и се надева дека ќе стане традиционален.

- Десет години го водиме кампот и многу сме горди што првпат сме во Македонија. Голема благодарност до Владата и Фудбалската федерација на Македонија кои ни даваат голема поддршка да го реализираме проектот. Ние сакаме да им овозможиме на дечињата и момчињата, од една страна фудбал, а од друга страна вредности како лидерство, тимска работа, автоконтрола и почит кон останатите, изјави Блеса на денешната прес-конференција.

Кампот на Реал Мадрид во Скопје ќе се одржи од 11-15 јуни. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Комисијата за избори и именувања ќе ги интервјуира тројцата кандидати за член на Судскиот совет

Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе спроведе интервју на кандидатите кои ги исполнуваат условите по одлуката за објавување на јавен оглас за избор на член на Судскиот совет на Македонија.

Комисијата за избори и именувања ќе ги интервјуира тројцата кандидати за член на Судскиот совет

Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе спроведе интервју на кандидатите кои ги исполнуваат условите по одлуката за објавување на јавен оглас за избор на член на Судскиот совет на Македонија што го избира македонското собрание.

На огласот биле пријавени четворица кандидати, а тројца ги исполнувале условите по проверката на нивните документи. Интервјуа ќе бидат спроведени со Емилија Алексовска, адвокат од Куманово, Џоко Диков, адвокат од Струмица и Фадил Џелили, адвокат од Гостивар.

Претходниот оглас за избор на член на Судскиот совет што го избира собранието беше поништен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Шпагети болоњезе

Во среда (07.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Бојана Михајловиќ.

„Гответе со Дракче“ - Шпагети болоњезе

Состојки за денешниот рецепт:

300 гр. шпагети

250 гр. мелено месо

1 главица кромид

1 ќесичка Болоњезе сос

малку магдонос

масло

сол и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Илинден започна со реконструкција на улици во Илинден и Мршевци

Општина Илинден продолжува со интензивна реализација на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на патната мрежа и создавање побезбедни услови за сообраќај. 

Општина Илинден започна со реконструкција на улици во Илинден и Мршевци

Во рамки на Програмата за реконструкција, рехабилитација и санација на локални улици и патишта, започнаа градежни активности за реконструкција на две улици во населените места Илинден и Мршевци.

Со предвидените активности е опфатена улица „4“ во населеното место Мршевци, во должина од околу 200 метри, како и крак на улица „8“ во населеното место Илинден, во должина од околу 130 метри, при што на улицата „8“ претходно е изведена фекална канализациска мрежа, со што се создадени услови за целосно уредување на патната инфраструктура на оваа локација.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во почетокот на градежните активности, при што ја истакна важноста на овие инфраструктурни зафати за локалното население. Тој посочи дека реконструкцијата на улиците ќе овозможи поквалитетно и побезбедно одвивање на сообраќајот, подобра пристапност и унапредување на секојдневните услови за живот на жителите.

Општина Илинден останува посветена на континуирано модернизирање на локалната инфраструктура, согласно утврдените приоритети и потребите на граѓаните, при што и во наредниот период ќе продолжат инвестициите во реконструкција и санација на локалните улици и патишта, со цел рамномерен инфраструктурен развој и подобрување на квалитетот на живот во сите населени места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер