ФудбалРеал Мадрид одреди цена за РодригоРеал Мадрид разгледува опции за продажба на напаѓачот Родриго за време на летниот преоден рок, објави „Релево“.Според изданието, мадридскиот клуб е подготвен да слушне понуди кои ќе почнуваат од 100 милиони евра. Манчестер Сити и Арсенал се заинтересирани за 24-годишниот Бразилец. Пред потенцијалното заминување, Родриго сака да разговара со Чаби Алонсо, кој би можел да застане на чело на Реал, за да разбере каква би била неговата улога во тимот. Договорот на Родриго истекува во летото 2028 година. Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 100 милиони евра. Оваа сезона има 13 гола и 10 асистенции во 50 натпревари.Тагови: Реал Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНови американски напади врз ИранАмериканската војска објави дека утрово започнала нов бран напади врз Иран.Нападите започнале во среда во 6 часот наутро по источно време. „Целта на нападот е дополнително да се ослабат воените капацитети што иранските сили ги користат за напад врз трговски бродови во Ормускиот теснец“, објави Централната команда на САД на платформата „X“. At 6 a.m. ET today, U.S. Central Command forces began launching a wave of strikes against Iran. The strikes are designed to further degrade military capabilities Iranian forces have used to attack commercial shipping in the Strait of Hormuz. — U.S. Central Command (@CENTCOM) July 15, 2026 За потсетување, американската војска утрово објави дека започнала нов бран напади врз Иран. Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нападите биле насочени кон десетици воени цели во близина на Ормускиот теснец и иранските крајбрежни области, објаснувајќи дека целта е дополнително да се ослабат воените капацитети што Иран ги користи за напад врз трговски бродови. Иранската државна новинска агенција Фарс, повикувајќи се на војската, објави дека 13 американски ракети погодиле касарна на копнените сили во градот Бампур во јужен Иран во текот на ноќта. Според извештајот, седум ирански воени лица биле убиени, а неколку други биле повредени. Иранската војска соопшти дека ќе одговори „решително“ на нападот. Портпаролот на иранската влада изјави дека повеќе од 30 лица се убиени во американските напади во текот на изминатите неколку дена. Американската војска го напаѓа Иран четири ноќи по ред и шест од последните осум ноќи.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаДве кумановки измамиле 19 лица и во нивно име земале брзи кредити, поднесена кривична пријаваПолициски службеници од СВР Куманово денеска (15.07.2026) ги лишија од слобода А.С.Д. (22) и М.В. (34), двете од Куманово, и против нив СВР Куманово поднесе кривична пријава .Полициски службеници од СВР Куманово денеска (15.07.2026) ги лишија од слобода А.С.Д. (22) и М.В. (34), двете од Куманово, и против нив СВР Куманово поднесе кривична пријава и тоа, против А.С.Д. поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „измама“ по чл.247 ст.4 од КЗ и „злоупотреба на лични податоци“ по чл. 149 ст.1 од КЗ и против М.В. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ по чл.24 од КЗ. Првопријавената А.С.Д., со директна умисла и однапред создаден план, со намера за себе и за второпријавената М.В. да прибави противправна имотна корист, во период од јануари до јули 2026 година во вкупно 19 наврати, со лажно прикажување и свесно прикривање на вистинските факти, довела и одржувала во заблуда 19 лица, така што без нивна согласност и овластувања, злоупотребувајќи и користејќи ги нивните лични податоци, во нивно име аплицирала за брзи потрошувачки кредити, а по одобрувањето и исплатата на парите, тие биле противправно присвојувани од страна на А.С.Д. и М.В.. Второпријавената М.В., постапувајќи по претходен договор, и помогнала на А.С.Д. во извршувањето на кривичното дело преку преземање на дејствија што овозможиле реализација на измамата. При тоа, се стекнале со противправна имотна корист од 10.820.000 денари, соопшти МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИстекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08Седница за опозициски прашања во Собранието08:38Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
МакедонијаРасчистено убиството на лекарот Трповски, уапсени сопружници од Скопје, соопшти ОбвинителствотоПо повеќе од две години истрага, Основното јавно обвинителство Скопје и Министерството за внатрешни работи го расчистија убиството на Ацо Трповски, извршено во март 2024 година. Уапсени се сопружници од Скопје, при што 65-годишен маж е осомничен за убиство, а неговата 59-годишна сопруга за помагање при извршување на кривичното дело. Според обвинителството, злосторството се случило на 21 март 2024 година на паркинг во населбата Автокоманда. Осомничената претходно договорила средба со трповски и влегла во неговиот автомобил. Набргу потоа пристигнал нејзиниот сопруг, кој, според сомнежите, по кратка расправија го нападнал трповски со нож, нанесувајќи му девет убодни рани во градите и телото, од кои починал. Автомобилот заедно со телото потоа го одвезле на паркингот кај поликлиниката железара. Обвинителството и за двајцата сопружници бара притвор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook