1Обвинителството уште анализира дали ќе отвори предмет за финансирањето на прославата за независноста
Дали „Tesla“ конечно ќе го претстави „Roadster“? Пристигнува нов датум придружен со мистериозна порака
2Дали „Tesla“ конечно ќе го претстави „Roadster“? Пристигнува нов датум придружен со мистериозна порака
ФудбалРеал Мадрид ја губи трката по Родри, капитенот на Шпанија на чекор од БарселонаПресврт околу трансферот на капитенот на светскиот шампион Шпанија, Родри.Најдобриот фудбалер од 23 Мундијал, ја избира Барселона. Иако со недели се поврзуваше со Реал Мадрид, капитенот на шпанската репрезентација, Родри, е пред трансфер во Барселона. Родри го направи клучен чекор кон трансфер во Барселона. Според „Марка“, фудбалерот синоќа ја известил управата на каталонскиот клуб дека сака да му се приклучи на тимот на Ханси Флик. Оваа одлука практично ја исклучи секоја можност за премин во Реал Мадрид, пренесува „Марка“. Барселона сега може да започне со подготовките за трансферот. Клубот ја обезбеди согласноста на играчот за започнување преговори со Манчестер Сити. Сепак, договорот нема да биде едноставен, бидејќи се очекува отштетата да изнесува најмалку 50 милиони евра – сума што клубот неофицијално ја потврди.Клубот неофицијално ја потврди веста. Барселона испрати понуда за Родри Родри е сè поблиску до трансфер од Манчестер Сити во Барселона. Фабрицио Романо известува дека преговорите се официјално започнати, а понудата на Барселона надминува 45 милиони евра.Тагови: Родри Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОбвинителството уште анализира дали ќе отвори предмет за финансирањето на прославата за независностаЈавното обвинителство го анализира случајот со финансирањето и организацијата на прославата за 35 години независност. Државниот обвинител Ненад Савески, вели дека независно од тоа што и антикорупционерите разгледуваат евентуален судир на интереси во дел од организацијата, доколку се утврдат основи за кривично-правно постапување, обвинителството ќе реагира. -Слушнав дека Антикорупциската комисија има отворен предмет, но нивната постапка не е врзана со нашата. Секако, секоја ситуација, вклучително и оваа, обвинителството ја анализира и ја цени од кривично правен аспект. Доколку најде основи, ќе постапи,- изјави – Ненад Савески – Јавен обвинител на РМ. Предметот во Антикорупциска според информациите се однесува на Николче Мицевски, кој бил дел од комисијата што ја оценувала понудата за програмата, а потоа учествувал и во самата програма како изведувач. Оттаму појаснуваат дека предмет за трошењето на финансискте средства немаат, но велат дека ги следат реакции во јавност околу трошењето на народните пари. -Предмет за анализа на трошењето на финансиските средства на конкретната прослава немаме отворено. Туку имаме отворено предмет за испитување на судир на интереси за наводите дека едно лице што се спомнуваше дека бил член на Комисијата и истовремено учествувал како изведувач во рамките на прославата. ДКСК ги следи реакциите на јавноста и барањето за транспарентност на народните пари,- изјава - Бесник Џемаиљи – Заменик претседател на ДКС. Од опозициската СДСМ и денеска побараа Јавното обвинителство да отвори предмет и да го испита трошењето на 5,5 милиони евра за прославата. Партијата бара обвинителството да го следи текот на парите и да ги обезбеди договорите, анексите, фактурите и податоците за исплатите, но и да утврди кој ги носел одлуките и кој имал корист од нив. -Граѓаните ја платија сметката на Мицкоски и имаат право да знаат каде завршил секој денар. Затоа Јавното обвинителство мора веднаш да отвори предмет. Мора да го следи текот на парите, да ги обезбеди сите документи, фактури, договори, исплати. Мора да утврди како биле носени одлуките, кој ги носел и кој имал корист од нив. Каде е одлуката на Собранието на акционери на Државна лотарија, која согласно законот мора да постои? Кој орган го одобрил трошењето на над 300 милиони денари? Кој гласал за неа и врз основа на кој закон?- изјави – Маја Серафимовска – Борозан – СДСМ. Прославата за 35 години независност, според податоците што ги соопшти Владата, чинела околу 340 милиони денари, односно 5,5 милиони евра. Премиерот Мицкоски претходно тврдеше дека за прославата и настапот на Дејвид Гета граѓаните и буџетот не потрошиле ниту еден денар. Од Владата потоа појаснија дека 300 милиони денари биле обезбедени од нераспределената добивка на Државна лотарија за 2024 година, а околу 40 милиони денари од донации на компании. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСпецијализираниот суд Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
МакедонијаПроштална средба на претседателот на Собранието со амбасадорот на КазахстанПретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Африм Гаши, оствари проштална средба со амбасадорот на Република Казахстан во Република Македонија, Н.Е. г. Садбалди Буршаков.На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност за ангажманот на амбасадорот Буршаков во унапредувањето на пријателските односи меѓу двете земји, при што беше истакнат напредокот постигнат во билатералната, економската и парламентарната соработка. Беше поздравено успешното заокружување на преговорите за трите значајни договори од правната сфера – за заемна правна помош во кривични предмети, трансфер на осудени лица и екстрадиција. Како значаен чекор во продлабочувањето на економската соработка беше издвоено и потпишувањето на Протоколот за првата сесија на Заедничката комисија за трговија и економска соработка, како и Меморандумот за разбирање за економска соработка. Претседателот Гаши посочи дека постои простор за натамошно јакнење на парламентарните односи, особено преку Пратеничката група за соработка со Казахстан и редовниот контакт меѓу двата парламента. Тој го поздрави и отворањето на резидентната Амбасада на Казахстан во Скопје, оценувајќи го како важен исчекор во односите меѓу двете земји. Амбасадорот Буршаков се заблагодари за досегашната соработка и поддршката во текот на неговиот мандат во Македонија. Тој сподели позитивни впечатоци од своето дипломатско искуство во земјата и истакна дека со задоволство ќе ги памети контактите и пријателските односи воспоставени во текот на неговиот мандат. Воедно, изрази уверување дека соработката и пријателските односи меѓу Казахстан и Македонија ќе продолжат да се продлабочуваат. На крајот, претседателот Гаши му упати најдобри желби на амбасадорот Буршаков за успех во идните професионални ангажмани, со уверување дека досегашната добра соработка ќе продолжи и во иднина.Тагови: Африм Гаши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФон Дер Лајен: Нови патокази за Западен Балкан, без отстапки од вредноститеСостојбата на Европската унија е најсилна но и најнесигурна досега, посочи претседателката на Европската Комисија - Урусла фон дер Лајен во нејзиниот годишен говор денеска во Стразбур. Без да се осврне подетално на процесот на проширување, Фон Дер Лајен најави дека наскоро ќе бидат објавени патокази за најуспешните земји кандидатки, кои како што нагласи ќе мора да ги почитуваат основните вредности на Унијата. Фон Дер Лајен и во оваа прилика не ја одмина глорификацијата на осудениот за воени злосторства – Ратко Младиќ, која ја посочи како недозволива. -Наскоро ќе предложиме патокази за кандидатите што постигнале најголем напредок. Овој процес ќе продолжи да се базира на заслуги и драги пратеници, повторувам, почитување на нашите вредности, што не е предмет на преговарање. Бев ужасната од сликите од погребот на Ратко Младиќ во Белград,- -Урсула Фон Дер Лајен, претседателка на Европска комисија. -Проширувањето на Унијата со полноправни членки, а можеби и со придружни членки, е во наш стратешки интерес. Не може да има скратени патишта, но не смееме да го изгубиме моментумот во овој процес, -Томас Бирн, ирско претседателство со советот на ЕУ. Европската Унија и официјално ја покани Канада да стане нејзината прва придружна членка. Овој сојуз за иднината, како што го опиша Урсула фон дер Лајен, ќе значи здружување на европските и канадски сили во клучни и стратешки области како индустријата, технологијата и одбраната. -Сакаме да ги подигнеме односите со Канада на највисоко можно ниво. Затоа би сакала да соработувам со вас (премиер Карни) за да ја отвориме вратата за Канада да биде првата придружна членка на Европската Унија,- -Урсула Фон Дер Лајен, претседателка на Европска комисија. ЕУ ќе создаде свој Совет за безбедност и сопствен механизам налик на Натовскиот член 4 односно протокол за итна безбедност, нагласи претседателката на Европската Комисија, во чиј говор преовладуваа темите од одбраната и безбедноста на Унијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter