ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба и не сакаат државата да се развива
2ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба и не сакаат државата да се развива
ФудбалРеал Мадрид е највредниот фудбалски клуб во светотШпанскиот гигант Реал Мадрид се врати на врвот - четврта година по ред е прогласен за највреден фудбалски клуб во светот, објави „Форбс“.Клубот од Мадрид е проценет на 6,75 милијарди долари, што е зголемување од два проценти во однос на минатата година. Реал оствари рекордни 1,13 милијарди долари приходи во сезоната 2023/24, станувајќи првиот фудбалски клуб во историјата што ја надмина границата од 1 милијарда долари приходи во една сезона. „Лос Бланкос“ се приклучуваат на елитната група спортски тимови со десетцифрени годишни приходи, претходно надминати само од тимот на НФЛ Далас. Манчестер Јунајтед се најде на второто место, а клубот од Островот е проценет на 6,6 милијарди долари. И покрај послабите резултати, клубот оствари 834 милиони долари приходи минатата сезона. Барселона го држи третото место со вредност од 5,65 милијарди долари. Ливерпул и Манчестер Сити следат, додека Баерн Минхен се најде на шестото место, а ПСЖ на седмото. Меѓу десетте највредни клубови во Европа се и: Арсенал, Тотенхем и Челси. Првиот клуб под линијата на десет најдобри е Јувентус, кој е и највреден клуб во Серија „А“, Милан е на 14-то место, а овогодинешниот финалист на Лигата на шампионите - Интер, е само на 17-та позиција. Според Форбс, вкупната вредност на 30-те најдобри фудбалски клубови денес надминува 72 милијарди долари, што е во просек 2,4 милијарди по клуб./MИАТагови: Реал Мадрид Форбс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПет повредени во сообраќајка на магистралниот пат Охрид-РесенМинистерсвото за внатрешни работи соопшти дека вчера во 17:30 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на охридското село Опеница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу две возила. Министерсвото за внатрешни работи соопшти дека вчера во 17:30 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на охридското село Опеница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сузуки витара“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.Р.(67) од Велика Британија и патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Х.Б.(28) од битолското село Буково. Притоа, со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, се здобиле Д.С. и И.З., сопатници во возилото „опел“ додека кај М.Ј.Р (возач на возилото „сузуки витара)“ и А.С. и А.С., сопатнички во возилото „опел“, во Општата болница во Охрид, биле констатирани телесни повреди. По насоки на јавен обвинител, увид на местото на незгодата изврши екипа на СВР Охрид, стои во билтенот на МВР. Тагови: сообраќајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба и не сакаат државата да се развиваОние кои и ги направија најголемите предавства, кои го сменија името, потпишаа бланко документ за бугарските барања и ги распродаваа националните интереси, Венко Филипче и СДС, велат Македонија не е на продажба.Која иронија од оние кои додека го менуваа името ги убедуваа граѓаните дека со тоа Македонија ќе стане членка на ЕУ и така ќе ја омажеле во богата фамилија, а сега се против секој развој државата, а добивме само слика од авион. Тоа се луѓето како Филипче и Зоран Заев кои дебело профитираа од промената на името и распродажбата на националните интереси, па сега имаат за златни визи и милионски инвестиции во високо катница, станови во Дубаи, додека државата се пљачкаше, а граѓаните осиромашуваа. Тоа се тие Филипче и Заев кои ветуваа бесплатно европско здравство, а граѓаните добија руинирано здравство, само со провизии за вакцини, проценти за модуларните болници, наместени тендери и набавки. Тоа се истите луѓе, кои ликуваат неуспех и застој на Македонија, со фирми во Бугарија, јахти во Грција, акции во индиски авиокомпании. Додека владата се бори за инвестиција плус која ќе донесе развој на економијата, високата технолошка индустрија, рударството, повеќе работни места, СДС и Филипче се против. Тие не сакаат во Македонија да се градат рудници и дата центри, зошто тие признаваат само марихуана економија со лиценци за медицински канабис само за блиските до струмичкиот клан. Двојните стандарди на Филипче и СДС на кои му смета Дејвид Гета, но нема ништо против на приватна журка со Заев во Дубаи да му пее Харис Џиновиќ, нема да им поминат. Тоа граѓаните го гледаат и затоа засекогаш ќе останат вечна минорна опозиција, пред исчезнување. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИран поставува седум услови за САД: „Во интерес на Вашингтон е да ги прифати овие услови“Иран му достави на САД седум услови за почеток на какви било преговори, соопшти Мохсен Резаеи, секретар на иранскиот Врховен совет за национална безбедност. Целосната листа на услови сè уште не е објавена. „Техеран му пренесе на Вашингтон седум услови за почеток на какви било преговори. Пораката на Техеран е јасна и недвосмислена: доколку Вашингтон сака да излезе од ќорсокакот што самиот го создаде и да избегне уште подлабоко да заглави во него, нема друг избор освен да ги прифати правата и условите на Иран“, напиша Резаеи на платформата „Икс“ (X). Неколку часа претходно, во интервју за „Ал Џезира“, Резаеи ги откри трите барања што Иран ги поставува за завршување на војната: прекин на војната на сите фронтови, одмрзнување на иранските средства и укинување на американската поморска блокада. „Нашите услови се: прекин на војната на сите фронтови, одмрзнување на нашите средства и прекин на поморската блокада“, рече Резаеи. Тој не ги откри преостанатите четири услови. Според него, Катар, како посредник, веќе ги пренел барањата на Иран до Вашингтон, а Техеран сега го очекува одговорот на актуелниот американски претседател Доналд Трамп. „Остануваме во контакт со посредникот Катар, кој ги пренесе нашите услови до Вашингтон со цел да се стави крај на војната. Го очекуваме одговорот на претседателот Трамп“, изјави Резаеи. Истовремено, еден ирански функционер предупреди дека Техеран е подготвен да го продолжи конфликтот доколку преговорите пропаднат. „Во интерес на Вашингтон е да ги прифати овие услови. Заканите на Трамп нема да донесат никаков резултат. Подготвени сме за одлучувачка војна“, изјави Резаеи за Ал Џезира.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook