Реал М. или Ливерпул, битка за трофејот во Лигата на шампионите - Канал 5

Реал М. или Ливерпул, битка за трофејот во Лигата на шампионите

Последниот натпревар во Лигата на шампионите за сезоната 2021/2022 вечерва во Париз ќе го одиграат гигантите на светскиот фудбал англискиот премиер лигаш Ливерпул и најтрофејниот клуб во Европа, шпанскиот великан Реал Мадрид.

Реал М. или Ливерпул, битка за трофејот во Лигата на шампионите

Четите на Јирген Клоп и Карло Анчелоти вечерва на стадионот „Сент Дени“ во Париз ќе одлучат кој е новиот европски клупски фудбалски шампион.

Реал вечерва ќе атакува на 14-та шампионска титула, а Ливерпул тргнува по седмиот пехар во елитата, со што клубот од „Енфилд“ би се израмнил со Милан на второто место на вечната листа на освојувачи на Лигата на шампионите

Со освојување на најценетиот трофеј во светскиот клупски фудбал Ливерпул и Реал би ја крнусале успешната сезона .

Кралевите од Мадрид веќе ја освои титулата во Примера, а Ливерпул стигна до пехарите во два купа во Англија и до вицешампионската позиција во Премиер Лигата.

За црвените од Енфилд вечерашното финале во Париз ќе биде шанса за реванш за загубениот трофеј од Киев пред 4 сезони.

Двата тима го освоија трофејот во Лигата на шампионите во последните четири сезони. Реал го крена трофејот во 2018 година со победата токму над Ливерпул на финалето во Киев, а една година подоцна тимот на Јирген Клоп ја освои титулата во Мадрид, со триумф над премиерлигашот Тотенхем.

Дали Ливерпул ќе може да се одмазди ќе зависи и од ситуацијата со повредите на неколкуклучни фудбалери.

Најдобриот стрелец Мохамед Салах и бедемот пред голот Ван Дајк во претходните недели се мачеа со повреди, а Фабињо и Тиаго тргнаа кон Париз, иако нивниот настап во финалето е неизвесен.

Реал, пак нема поголеми проблеми со повреди,, само Алаба се жалеше на повреда претходните денови, но Анџелоти верува дека Австриецот ќе игра во финалето.

За Анчелоти за кого дуелот во Париз ќе биде пето финале во Лигата на шампионите во кариерата самото учество во финалната средба на Сент дени е успех.

- Влезот во финалето е голем успех за нас, многу сме блиску до извлекување на максимумот од оваа сезона.Смирени сме, повозрасните им помагаат на младите со поголема самодоверба и возбуда да го дочекаат натпреварот во кој треба да ги покажеме сите наши квалитети. Тоа ќе биде интензивен предизвик, истакна предводникот на Реал , Анчелоти на пресконференцијата во Париз.

Инаку, Реал на патот до финалето имаше сензационални пресврти против ПСЖ, Челзи и Манчестер Сити.

За Јирген Клоп стратегот на Ливерпул Реал е благ фаворит во вечерашшното фиале.

- Ако го погледнете начинот на кој Реал Мадрид стигна до финалето, би рекол дека тие се фаворити . Но, сакам да бидам целосно свој во оваа игра - ако сме на врвот на нашата игра, тешко е да се игра со нас. Мојата главна грижа е да бидеме свои и да имаме самодоверба, изјави Клоп.

Битката за најпосакуваниот трофеј во Париз стартува во 21 час.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Никол Кидман за тешкиот момент по Оскарот: „Бев неверојатно осамена“

Освојувањето на Оскар е врв на кариерите на многу актери, но Никол Кидман ја поврзува својата прва победа и со чувство на голема осаменост.

Никол Кидман за тешкиот момент по Оскарот: „Бев неверојатно осамена“

Таа го освои Оскарот во 2003 година за улогата на Вирџинија Вулф во филмот „Часовите“, откако беше номинирана за прв пат претходната година за „Мулен Руж!“. Иако постигна еден од своите најголеми професионални успеси во тоа време, таа се чувствуваше сосема поинаку приватно.

Кидман се присети на тој период за време на гостувањето со Сандра Булок во подкастот „Терапус“ на Џејк Шејн. Зборувајќи за вечерта на доделувањето на наградите, таа рече дека по сè, останала со чувството дека нема партнер со кого да го сподели тој момент. „Бев неверојатно осамена“, се присети таа. „Го достигнав врвот на мојот успех, се вратив дома и бев сосема сама. Неверојатен сплет на околности“, додаде таа.

Големиот успех беше проследен со чувство на осаменост

Иако нејзините родители беа покрај неа, Кидман се сеќава дека се прашала: „Каде е мојот партнер, некој со кого да го споделам ова?“ Во времето на освојувањето на Оскарот, таа веќе беше разведена од Том Круз. „Тоа беше еден од оние длабоки моменти кога си помислив: „Треба да си го средам животот“, рече таа.

Актерката објасни дека благодарноста за наградата не може да го избрише чувството на осаменост. „Ја држам таа златна статуетка и си мислам: „Ова е тоа, ова е најголемата награда во нашата индустрија“. Бев толку благодарна и толку осамена во исто време.“ Таа додаде дека целото искуство било чудно за неа и дека во тој момент само сакала некој да ја прегрне и да ја врати во реалноста.

Неколку месеци по доделувањето на наградата, Кидман започнала врска со Лени Кравиц, со кого исто така била верена, но нивната врска завршила. Во 2005 година, таа го запознала Кит Урбан, а се венчале една година подоцна и добиле две ќерки, Сандеј и Фејт. Двојката се разделила во 2025 година, а нивниот развод бил финализиран на почетокот на 2026 година.

YouTube video

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп ги поврзува нападите од 11 септември со војната во Иран: „Немаме избор, мора да победиме“

Доналд Трамп вети во Вашингтон дека САД никогаш нема да ги заборават терористичките напади од 11 септември 2001 година и дека денес продолжуваат да се борат во име на 2.977 лица кои загинаа.

Трамп ги поврзува нападите од 11 септември со војната во Иран: „Немаме избор, мора да победиме“

„Денес ја обновуваме светата заклетва што првпат ја дадовме во нивно име пред четврт век. Никогаш нема да заборавиме. Затоа се бориме денес“, рече американскиот претседател во говорот во Пентагон. „Немаме избор. Само победата е можна“, тврдеше тој.

Министерството за одбрана на САД, кое се наоѓа во близина на Вашингтон, исто така беше цел на џихадистите на Ал Каеда на 11 септември: киднапиран авион се урна во зградата, при што загинаа 184 лица.

Трамп ги поврза нападите од 11 септември со војната против Иран

За време на комеморацијата, Трамп ја поврза борбата против Ал Каеда, предводена од неговиот републикански претходник Џорџ В. Буш по нападите, со војната што ја води со Израел против Иран веќе седум месеци.

„Денес, им оддаваме почит на сите припадници на војската на Соединетите Американски Држави кои служеле во „војната против теророт“. (...) И им оддаваме почит на воениот и одбранбениот персонал кои работат токму сега за да се осигураат дека водечкиот државен спонзор на тероризмот во светот, Исламската Република Иран, никогаш нема да добие нуклеарно оружје“, рече тој.

Зборувајќи на комеморацијата, министерот за одбрана Пит Хегсет се согласи: „Нашите воини се борат против исламската теократија која посакува да бидеме мртви речиси половина век“.

За време на републиканската конвенција во среда и четврток, пред среднорочните избори, Доналд Трамп и неговиот потпретседател, Џ. Д. Венс, остро ги нападнаа своите демократски противници, обвинувајќи ги за договарање со сторителите на нападите.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Моди го повикува Путин да ја прекине војната во Украина

Индискиот премиер Нарендра Моди го повика рускиот претседател Владимир Путин да одржи разговори за прекин на војната во Украина, додека двајцата лидери се сретнаа во Њу Делхи пред самитот на БРИКС.

Моди го повикува Путин да ја прекине војната во Украина

Моди го повикува Путин да ја прекине војната во Украина

Дијалогот и дипломатијата се вистинскиот начин за решавање на конфликтот, му рекол Моди на Путин, според соопштението од индиското Министерство за надворешни работи.

Индија е подготвена да ги поддржи мировните напори, рече Моди.

Билатералните разговори се одржаа пред дводневниот самит на БРИКС што започнува во сабота.

Војната во Украина е на дневен ред, а формулацијата на индиското Министерство за надворешни работи се однесува на конфликтите „во регионот на Црното Море“.

Индија е голем купувач на руска нафта и жито. Таа е погодена од тешкотии во превозот во Црното Море предизвикани од руските и украинските напади, а индиските морнари беа жртви на напади со беспилотни летала.

Самит во Њу Делхи

Њу Делхи, кој одржува блиски врски и со западните партнери и со Москва, има во голема мера прагматичен пристап кон конфликтот откако започна руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Сепак, Моди ја засили својата реторика на состанокот во Киргистан кон крајот на август, повикувајќи го Путин пред камера да ги прекине борбите. „Треба да преминеме од бесконечна војна кон крај“, рече Моди, а Путин одговори дека Русија е на тој пат.

Не е познато колку директен бил Моди на состанокот во Њу Делхи. Во индиското соопштение се вели дека Моди и Путин се согласиле да го зајакнат посебното стратешко партнерство меѓу двете земји. БРИКС е акроним формиран од иницијалите на имињата на првите пет членки: Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка.

Организацијата е создадена како противтежа на Западот и оттогаш се прошири за да ги вклучи Иран, Египет, Етиопија, Обединетите Арапски Емирати и Индонезија. Фокусот на самитот во Њу Делхи ќе биде на трговијата, технологијата и регионалните конфликти. Кинескиот претседател Си Џинпинг е меѓу лидерите што учествуваат на состанокот.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер