3 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите
ФудбалРеал им ги зголеми платите на Белингем и ВинисиусФудбалерите на Реал Мадрид, Џуд Белингем и Винисиус Јуниор добија зголемување на платата, објави денеска весникот „Л’Екип“.Според истиот извор, Белингем и Винисиус сега добиваат иста плата како и француската фудбалска ѕвезда Килијан Мбапе. Одлуката да им ги зголеми платите на двајцата играчи раководството на шпанскиот клуб ја донесе со цел да нема тензија во соблекувалната. Белингем, Винисиус и Мбапе сега имаат иста плата, и заработуваат 15 милиони евра годишно./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРепортажа на Канал 5: Скопјани ја заменија градската жештина со свежината на боровата ладовинаДел од Скопјани кои не заминаа на некои од туристичките дестинации, ги затекнавме како големиот празник Илинден со своето семејтво и со пријателите го прославуваат со излет во природа, во ладовина за да избегаат од во овие летни горештини.Дел од Скопјани кои не заминаа на некои од туристичките дестинации, ги затекнавме како големиот празник Илинден со своето семејтво и со пријателите го прославуваат со излет во природа, во ладовина за да избегаат од во овие летни горештини и од жешкиот градски асфалт. На само десетина километри од Скопје во близина на Ѓорче Петров, крстот кај село Кучково е едно од тие излетнички места популарни за жителите кои гравитираат во овој дел на метрополата. За посетителите кои иако беа во помал број од вообиченото и задскриени во длабоките борово ладовини на околу 700 метри надморска висина, ова место нуди разладување и можност за прошетка по патеките за време на топлите летни денови и уживање во дружбата со пријателите за прослава на големиот празник . Она што беше очигледно е дека сите ги почитуваат препораките и воопшто не планирале да прават скара заради опасноста од пожари па си понеле од дома готова храна и салати, но исто така разочарува отпадот које е расфлран на секаде наоколу иако контејнери има сосема доволно за да не се нагрдува сликата на ова убаво излетничко место со прекрасен поглед на Скопје. И додека официјалните чествувања на Илинден се одржуваат на повеќе локации низ државата, за многумина празникот е и можност да се избега од секојдневието. Крстот во Кучково е само едно од излетничките места каде што празничниот ден се одбележа во мирна атмосфера, со дружење, рекреација и прекрасен поглед кој не потсетува дека на само неколку минути оддалечена од градот имаме прекрасна природа за уживање. Тагови: Кучково Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПрослава на Илинден во Крушево и Скопје – ова се поракитеСлободата не ни беше подарена од некој друг, туку сами се ослободивме со нашата 120 илјади бројна народна ослободителна војска.Во придружба на собраниска, владина, делегација на борци на народно ослободителната борба, членови на семејството на Методија Андонов Ченто, како и претсавници од дипламтскиот кор во земјава, шефицата на државата Гордана Сиљановска Давкова, денешниот празник го одбележа со полагање свежо цвеќе пред споменикот на претседателот на крушевската република Никола Карев и споменикот АСНОМ.. Оттаму се упатија кон споменикот на првиот претседател на президиумот на АСНОМ Методија Андонов Ченто.. Слободата не ни беше подарена од некој друг – сами се ослободивме и никому не му должиме за тешко изборената држава – порача шефицата надржавата Гордана Сиљановска Давкова на одбележувањето на 123 години од Илинденското Востание и 82 години од првото заседание на АСНОМ . Во говорот, од пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто, осврнувајќи се на животниот пат и идеалите на Ченто претседателката порача дека нашиот пат останува проевроски ориентиран исто како и Чентовиот, и оцени дека со блокадата на евроинтеграциите не губи само Македонија туку губат сите дури и оние што ја блокираат. „Слободата не ни беше подарена од некој друг, туку сами се ослободивме со нашата 120 илјади бројна народна ослободителна војска. Значи никому не му должиме за тешко изборената држава. Токму затоа никој нема право да ја ревидира нашата национална историја оти секој народ па и македонскиот има право на своја историја. Нашиот пат е проевропски ориентиран, како и Чентовиот. Знаеме дека секоја земја кандидат прави компромиси врзани за адаптирање на односите и процесите на акито или решавање на различни спорови. Но нашето искуство има уникатен предзнак, како постојана и незавршена низа од барања со коишто се оспорува и се нарушува нашето суверено право на самоопределување. Но, факт е дека не само ние, со блокадата на нашата евроинтеграција, туку и оние што нè блокираат – губат. Губиме сите. “-- Гордана Сиљановска Давкова – претседателка на Р. Македонија. Илинденците не ни оставиле само историја туку и завет за оваа наша слободна Македонија – порача од Мечкин Камен потпретседателот на Собранието, Антонио Милошовски кој ја предводеше собраниската делегација во Крушево по повод 2 август. Милошовски вели не бараме ништо што му припаѓа на друг, но никој не треба да бара и од нас да се откажаме од она што сме македонци. „Илинден не учи и на нешто друго што ни е потребно повеќе од било кога и да е дека има миго кога она што не обединува мора да биде многу поголемо од она што не дели – може да имаме различни политички стаовви за закони да имаме различни погледи за патот по кој се движиме и тоа не е слобст тоа е дел од демократијата. Но постојат работи што мора да стојат над нашите поделби Македонија е првата работа. “- Антонио Милошоски – потпретседател на Собрание. Во Крушево освен собраниската делегација, присутен беше и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и лидерот на СДСМ Венко Филиче, кои порачаа дека должност на државата е да се продолжи патот на Илинденците... „2 август е доказ на борбата на македонскиот народ за своја држава. Денес Македонија ја градиме како европска модерна држава, како никогаш преходно гради 6 автопати, гради железница на коридор 8 а за брзо ќе почне и на коридор 10... “- Алкесандар Николоски – вицепремиер и мин.за транспорт. Честитки за единство, државност и почит кон илинденските завети упати од целиот политички и државен врв во земјава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Македонија Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалитеВо духот на илинденските идеали за истрајност, борба за слобода и патриотски непокор, Македонија денеска одбележува едни од најголемите и најзначајни настани за својата државност.Во духот на илинденските идеали за истрајност, борба за слобода и патриотски непокор, Македонија денеска одбележува едни од најголемите и најзначајни настани за својата државност – 123 години од Илинденското востание и Крушевската република и 82 години од првото заседание на АСНОМ Во меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце, со положување на свежо цвеќе од бројни домашни и странски делегации како и музичка изведби на традиционални македонски песни од Националниот џез оркестар, се одбележа Илинден – Денот на Републиката. Пред присутните во Пелинце се обрати премиерот Христијан Мицкоски, кој порача дека битката на оваа генерација е последната надеж за иднината на државата против која, како што рече, се сторени многу неправди и во име на која се донесени погрешни историски одлуки. -Денес татковината знам дека не е земјата и државата за која сонуваа илинденците и асномците, но нашата битка е токму да ја вратиме таквата татковина. // Не паѓајте во замката на талогот кој тие го создаваат. Ве молам внимавајте и не му верувајте на тој талог од неуспеси, цинизам и мразење на сè што е успешно. Нашата генерација има обврска да се избори за нешто што е подеднакво важно — да ја зачува душата, да ја врати вербата во институциите, да го врати достоинството на чесниот човек и повторно да ја направи надежта најсилна движечка сила на нашето општество. Затоа што денес не се води само политичка битка. Не се води само економска битка. Не се води само битка за нови инвестиции, повисоки плати, подобри училишта, модерни болници или нови патишта, иако сето тоа е неопходно и ќе продолжиме да го правиме со уште поголема решителност,- - Христијан Мицкоски, претседател на влада. Илинден во Пелинце го одбележаа и голем број на граѓани, за кои, како што рекоа пред камерата на Канал 5 - празнувањето на овој голем македонски празник е дел од семејната традиција. Инаку, меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце иако симбол на независноста и борбата на македонскиот народ за самоопределување, е изграден на 8 километри од местото каде што всушност е одржано првото заседание на АСНОМ – Манастирот Прохор Пчински на територијата на денешна Србија, поради тогашниот отпор да се дозволи чествувањето на Илинден во манастирот на македонските делегации. Откогаш, Македонија овој значен празник го одбележува тука, на Пелинце. Тагови: АСНОМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35