Реакцијата на маж додека се вози на „возот на смртта“ е хит, има 64 милиони прегледи (ВИДЕО) - Канал 5

Реакцијата на маж додека се вози на „возот на смртта“ е хит, има 64 милиони прегледи (ВИДЕО)

Тиктокерот познат како The Straight Face Guy (човекот со здрвено лице) стана хит на социјалните мрежи кога почна да се снима како се вози на возот на смртта.

Реакцијата на маж додека се вози на „возот на смртта“ е хит, има 64 милиони прегледи (ВИДЕО)

Тиктокерот ги посетува забавните паркови низ Америка и потоа ја снима неговата реакција додека се вози. Додека луѓето до него викаат од возбуда, тој задржува сериозен израз на лицето, како ништо да не се случува.

Првото видео што го снимил во возот на смртта собрало речиси 64 милиони прегледи и 8 милиони лајкови, а потоа и многу други кои подеднакво добро ја забавуваат екипата на социјалните мрежи.

@thatstraightfaceguy World’s Steepest and Fastest So Terrifying 😐 #tiktoktravel #buschgardenstampabay ♬ original sound - ThatStraightFaceGuy😐

Половина милион луѓе го следат на TikTok, а поради неговата популарност, забавните паркови почнаа да му испраќаат понуди за соработка.

@thatstraightfaceguy Mining With The Dwarfs So Much Work😐 #howto #waltdisneyworld ♬ original sound - ThatStraightFaceGuy😐

„Овој тип е генијалец“, „Изгледа дека добро се забавуваш“, „Ова е мојата реакција на сѐ во животот“ и „Дечкото не ни трепнува“, се само дел од коментарите на тиктокерите.

@thatstraightfaceguy Keeping A Straight Face On A Daily 😐 #maquillaje #dollywoodthemepark #fyp #thewomacksisters ♬ Daily - The Womack Sisters

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Што промени светската музичка ѕвезда,  Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа  вака супер на 57 години.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело.

Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање.

Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога.

Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена.

Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Најпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. 

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот.

На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално.

https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed

„Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото.

Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

Еврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви.

Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција.

Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер