Реакција од ВМРО - ДПМНЕ на ставови на Венко Филипче - Канал 5

Реакција од ВМРО - ДПМНЕ на ставови на Венко Филипче

На средбите со граѓаните Филипче да им каже како ја стекнал златната виза за Дубаи и дали тој стои зад случајот Онкологија тежок 35 милиони евра

Реакција од ВМРО - ДПМНЕ на ставови на Венко Филипче

Кога Филипче одржува маалски средби, добро е да ги погледне граѓаните во очи и да им каже, како за седум години власт СДС ја остави државата на раб на банкрот.

Како за седум години СДС систематски ја ограбуваше и уништуваше државата и безмилосно го осиромашуваше народот.

Седум години СДС ја задолжуваше државата, а со парите не се реализираа капитални и инфраструктурни проекти кои би ја вратиле инвестицијата, би ја развиле економијата и би го подобриле животот на граѓаните.

Парите со кои СДС ја задолжуваше државата завршуваа во приватни џебови на партиската елита на СДС, која сега инвестира во милионски бизниси во странство.

Филипче, исто така, гледајќи граѓаните во очи, може да им одговори дали со украдените од граѓаните пари се стекнал со златна виза за Дубаи?

Нека им одговори дали тој стои зад последниот судски случај за Онкологија, за проневера на 2,2 милијарди денари или 35 милиони евра, каде на болните од рак наместо лек им се давало физиолошки раствор, а онколошката терапија се продаваа на црниот пазар во Косово.

Што се однесува за договорот со Обединетото Кралство, тоа претставува стратешко партнерство кој ќе овозможи инвестициски циклус во Македонија.

Со рамка од 6 милијарди евра ќе се инвестира во изградба на брза пруга за патнички и товарен сообраќај, што е инвестиција која ќе ги поврати вложените средства и која значително ќе раздвижи економијата.

Ќе се подобруваат состојбите во здравството и образованието со изградба и реконструкција на болници, медицински факултет и студентски дом.

Исто така, се разгледува и можноста, преку ова партнерство да се изградат и хидроелектраните Чебрен и Галиште, кои ќе го стабилизираат производството на електрична енергија и ќе придонесат за зачувување на животната средина и намалување на загадувањето.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Пентагон повлекува 2.000 припадници на Националната гарда од Лос Анџелес

 Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, нареди повлекување на половина од 4.000 припадници на Националната гарда, кои беа распоредени во Лос Анџелес за да го заштитат федералниот имот и персоналот за време на серијата протести .

Пентагон повлекува 2.000 припадници на Националната гарда од Лос Анџелес

Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, нареди повлекување на половина од 4.000 припадници на Националната гарда, кои беа распоредени во Лос Анџелес за да го заштитат федералниот имот и персоналот за време на серијата протести минатиот месец, соопшти вчера Пентагон.

Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, изјави дека одлуката е донесена поради успешноста на мисијата.

- Благодарение на нашите војници кои се одзваа на повикот, беззаконието во Лос Анџелес се намалува, рече Парнел во изјава. „Поради тоа, министерот нареди ослободување од мисијата на 2.000 припадници на калифорниската Национална гарда“, додаде тој.

Претседателот на САД Доналд Трамп ја распореди Националната гарда на Калифорнија во Лос Анџелес во јуни, спротивно на желбите на демократскиот гувернер Гавин Њусом, со цел да ги спречи протестите предизвикани од имиграциските рации на работни места извршени од агенти на Службата за имиграција и царина (ИЦЕ). Покрај тоа, на улиците на градот беа испратени и околу 700 маринци.

И покрај правните предизвици, американскиот апелациски суд му дозволи на Трамп да ја задржи контролата врз Националната гарда на Калифорнија.

Но, неговата одлука за испраќање трупи во Лос Анџелес поттикна национална дебата за користењето на војската на американско тло и ги заостри политичките тензии во вториот најнаселен град во земјата. Пентагон го оправда распоредувањето, велејќи дека заштитата на агентите на ИЦЕ им овозможува да ја вршат својата работа.

По повлекувањето на дел од воените сили од Лос Анџелес, 2000 припадници на Националната гарда ќе останат во градот, заедно со околу 700 маринци. Трупите во Лос Анџелес имаат овластување да приведуваат лица кои претставуваат закана за федералниот персонал или имот, но само додека не бидат уапсени од полицијата. Воените службеници немаат овластување сами да спроведуваат апсења.

Трамп изјави дека ќе депортира милиони луѓе од земјата и спроведе рации на работни места, вклучувајќи и фарми кои претходно беа поштедени од такви мерки во неговиот прв мандат. Администрацијата се соочи со десетици тужби низ земјата кои ја оспоруваат нејзината тактика.

Трамп сè повеќе се потпира на војската во неговите имиграциски акции. Освен испраќањето трупи во Лос Анџелес, илјадници активни војници беа распоредени на границата со Мексико, а Пентагон воспостави воени зони во пограничниот регион.

Трамп: Наскоро ќе бидат испратени царински писма до помалите земји

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска изјави дека наскоро ќе бидат испратени писма со кои помалите земји ќе се информираат за новите американски царински стапки.

Трамп: Наскоро ќе бидат испратени царински писма до помалите земји

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска изјави дека наскоро ќе бидат испратени писма со кои помалите земји ќе се информираат за новите американски царински стапки, додавајќи дека неговата администрација веројатно ќе воведе царини од „малку повеќе од 10 проценти“ на овие земји.

Трамп, разговарајќи со новинарите по пристигнувањето од настан во Питсбург, рече дека е многу задоволен од „едноставните договори“ што веќе се објавени за воспоставување општи царини за повеќе од 20 земји, јавија британските медиуми.

-Наскоро ќе објавиме писмо каде што ќе зборуваме за многу земји што се значително помали. Веројатно ќе ставиме една царина на сите нив... Веројатно малку над 10 проценти, рече тој.

Австриска вечер на „Охридско лето“ со Гудачкиот квинтет на Тиролскиот симфониски оркестар од Инсбрук

Музичката програма на „Охридско лето“ продолжува во вечерашниот концерт на Гудачкиот квинтет на Тиролскиот симфониски оркестар од Инсбрук.

Австриска вечер на „Охридско лето“ со Гудачкиот квинтет на Тиролскиот симфониски оркестар од Инсбрук

Музичката програма на „Охридско лето“ продолжува во вечерашниот концерт на Гудачкиот квинтет на Тиролскиот симфониски оркестар од Инсбрук во состав Сузан Мерт-Томази на виолина, Андреј Јаблоков на виолина, Елеонора де Пои на виола, Леонардо Сесена на виолончело и Драган Трајковски на контрабас.

Тиролскиот симфониски оркестар го сочинуваат виолинистите Сузане Мерт-Томази која е член на оркестарот од 1998 година и често ја остварува функцијата на трет концерт-мајстор на оркестарот и членува во Тиролскиот ансамбл за нова музика, нејзиниот колега од групата втори виолини Андреј Јаблоков од Братислава кој е член на оркестарот од 2012 година. Покрај нив, движечка сила на квинтетот е Драган Трајковски, контрабасист со потекло од Македонија кој е водач на групата контрабаси на ТСОИ повеќе од 15 години, како и двајца нови членови на ТСОИ- водачот на групата виоли Елеонора де Пои и соло виолончелистот Леонардо Сесена. Де Пои има настапувано како оркестарски музичар во театрите во Фиренца, во „Ла Фениче“, како и во оркестарот на Националната академија „Санта Чечилија“, додека пак Сесена бил член на оркестарот на Миланската „Ла Скала“, како и заменик-водач на групата виолончела на Лондонската филхармонија.

На програмата на вечерашниот концерт во „Света Софија“ се дела на Гулда, Дворжак и Трајовски-Фис.

притисни ентер